Турција: Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди провинцијата Ван


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Ван, на југоистокот на Турција, објави турската агенција за управување со катастрофи (АФАД) на социјалната мрежа X (Твитер).   Во соопштението се наведува дека земјотреси се регистрирани и во областа Тушба, во близина на езерото Ван, пренесува РИА Новости. Турската служба соопшти дека […]

Земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер ја погоди Турција денеска. Земјотресот се случил на западот од земјата во близина на Бурса. За сега нема информации за повредени или за материјална штета. Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтер, а се случил во 12.42 часот по локално време. #Earthquake (#deprem) […]

Земјотрес со јачина од 6,3 степени повторно го погоди западен Авганистан


 Нов силен земјотрес утрово го погоди западниот дел на Авганистан. Минатата недела во земјотресот во таа област загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а многу села беа срамнети со земја. Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени е регистриран на околу 28 километри надвор од Херат, главниот град на истоимената провинција, на длабочина од 10 километри, […]

Земјотрес од 6 степени според Рихтер ја погоди Аргентина


Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди аргентинската провинција Хухуј, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 238 километри. Засега нема информации за жртви, ниту за материјална штета.

Бројот на жртви во земјотресите во Авганистан се искачи на 320, соопштија ОН


Најмалку 320 луѓе загинаа во силните земјотреси што денес го погодија северозападен Авганистан, соопштија Обединетите нации. Два земјотреси со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала погодија област на 25 милји северозападно од градот Херат, а беа проследени со четири големи последователни потреси, објави Геолошкиот институт на САД. Толпи луѓе избегаа од зградите по првиот […]

Најмалку 14 загинати во земјотресот од 6,2 степени во Авганистан


 Во силниот земјотрес што денеска го погоди западниот дел на Авганистан загинаа најмалку 14 луѓе, а 78 се повредени. Првиот земјотрес беше со интензитет од 6,2 степени, додека вториот бил 5,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на 48 километри северозападно од градот Херат, а епицентарот бил во близина на градот Кара Баг. Најмалку илјада […]

Силен земјотрес во Јапонија: издадено предупредување за цунами, па повлечено


апонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер. Официјалните лица веднаш издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше повлечено. Епицентарот на земјотресот бил на островот Торишима, на околу 580 километри јужно од Токио. Нема информации за жртви или материјална штета. 

Земјотрес во Херцеговина, епицентарот кај Груд


Денеска околу 10:30 часот силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Груд. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од осум километри. Земјотресот е регистриран на седум километри од Груд и на 39 километри од Мостар. […]

Земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди југоисточна Турција, а епицентарот бил во областа Гоксун во Кахраманмарас. Земјотресот, кој се случи во 11:22 часот по локално време, е почувствуван и во околните провинции, јавува ТВ Хабер Турк. Како што соопшти турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), епицентарот на земјотресот […]

Земјотреси во централна и во источна Турција


 Неколку земјотреси со јачина од 2,8 до 3,9 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во централна Турција, информира на својата веб-страница Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Последниот земјотрес со јачина од 3,9 степени е регистриран на 117 километри северозападно од Алепо, Сирија во 20 часот и 17 минути по локално време, и на 35 километри […]

Земјотрес од 6 степени во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд


Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Џералдин, во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд. Според првичните податоци, нема жртви или значителна материјална штета. Земјотресот, најсилниот во земјата оваа година, е регистриран утрово во 9:14 часот по локално време (21:14 часот по Гринич) на длабочина од […]

Земјотрес од 5,1 степени во Италија, луѓето исплашени излегоа на улиците на Фиренца


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во северна Италија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Епицентарот на земјотресот бил на 5,9 километри северозападно од Маради во регионот на Тоскана. Исплашени граѓани истрчале на улиците во Фиренца и другите околни градови, пренесува Corriere Fiorentino. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 6 sec […]

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Чиле


Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во близина на северниот брег на Чиле. Епицентарот на земјотресот бил на 121 километар западно од градот Копиапо. Земјотресот се случил на длабочина од 4,9 километри.

Земјотрес од 2,6 степени по Рихтер во епицентралното подрачје Битола-Лерин


 Земјотрес со локална магнитуда од 2.6 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 18.18 часот со епицентар на 115 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин. Земјотресот го регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, која соопшти дека тој бил почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV […]

Бројот на загинати во Мароко се зголеми – над 2.800 луѓе настрадаа


Жителите на деловите на Мароко кои беа уништени од најтешкиот земјотрес во земјата во повеќе од еден век, и ноќеска спиеја на отворено четврта ноќ по ред, додека бројот на загинати се искачи на повеќе од 2.800. Тимовите за потрага од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на мароканските напори за пронаоѓање на преживеани […]

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер ја погоди границата меѓу Чиле и Боливија


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Чиле и Боливија, соопшти германскиот центар за геонауки (ГФЗ). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри, соопшти ГФЗ. Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.

Ниските температури се нов предизвик по земјотресот во Мароко, граѓаните бесни


Новинарот на Ал Џезира, Абдел Мумин Ел Амрани, известувајќи од Маракеш, вели дека многу луѓе сè уште ноќеваат во јавни паркови и плоштади поради оштетените домови. Нов проблем е тоа што температурите почнаа да опаѓаат во вечерните часови. „Ако температурата паднала во Маракеш, можете само да замислите (како е) во планините. Ова е нов предизвик, […]

Земјотрес во Мароко: Бројот на загинати над илјада, уништен историскиот град Маракеш


  Редок, силен земјотрес го погоди Мароко доцна во петокот навечер, при што загинаа стотици луѓе и беа оштетени згради од селата во планините Атлас до историскиот град Маракеш. Бројот на жртвите, според министерството за надворешни работи се искачи на илјада, главно во Маракеш и пет провинции во близина на епицентарот на земјотресот. Уште 329 […]

Силен земјотрес во централниот дел на Чиле


Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на централниот дел на Чиле. Земјотресот бил на мала длабочина од околу 10 километри. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. 

Отворен архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“


По повод 60 години од скопскиот земјотрес, Јуроп хаус го отвора архитектонскиот конкурс насловен „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град. Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места […]