Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници


Албанија– Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест. Според Институтот за јавно здравје, ако сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се […]

СЗО: Нема потреба да се откажуваат масовни настани поради мајмунските сипаници


Светската здравствена организација (СЗО) не гледа потреба од откажување или одложување на масовни настани ова лето поради невообичаено високиот број случаи на мајмунски сипаници. „Научивме дека масовните собири сами по себе не го засилуваат преносот, важно е однесувањето за време на настаните“, изјавија експерти на СЗО. Сепак, организаторите на околу 800 големи фестивали во Европа […]

Мајмунските сипаници стигнаа и во Хрватска


Маж што претходно престојувал во Италија и во Шпанија, ги донесе мајмунските сипаници во хрватска, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ). Во Хрватска вчера е потврден прв случај на мајмунски сипаници, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ). Според информациите, се работи за маж што престојувал во Италија и Шпанија. Лицето има поблаг облик на мајмунски сипаници и […]

Американскиот ЦДЦ потврди локален пренос на мајмунски сипаници


Постојат докази за локален пренос на мајмунски сипаници, информираше денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести, со извештаи за случаи на патување во странство. Главно, случаи има кај машки лица кои имаат интимни односи со лице од ист пол. Но, заразата е можна и кај женски лица, истакна член на Центарот, Агам Рао. […]

Први случаи на заразени со мајмунски сипаници во Бугарија


Министерството за здравство на Бугарија денеска потврди за први случаи на лица заразени со мајмунски сипаници во таа држава. Станува збор за двајца мажи кои во изминатите две недели биле во Шпанија и Велика Британија. Засега не е познато дека имале контакт со заразени лица. Минатиот месец, водечки советник на Светската здравствена организација рече дека […]

СЗО може да воведе вонредна состојба поради мајмунските сипаници


 Експерти од Светската здравствена организација (СЗО) ќе имаат средба денеска за да проценат дали епидемијата од мајмунските сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, како што беше случај со пандемијата од Ковид-19, јавија британски медиуми. Претходно прогласени се само шест такви вонредни состојби: Ковид-19 (2020), избивање на ебола […]

СЗО ја укинува поделбата на ендемични и не-ендемични земји во случаите со мајмунски сипаници


Светската здравствена организација ја укина, во својата статистика за мајмунски сипаници, поделбата на ендемични и неендемични земји, со цел подобро да го „унифицира“ одговорот на вирусот. Вирусот, кој обично циркулира во Централна и Западна Африка, сега е присутен на неколку континенти. „Ја укинуваме разликата помеѓу ендемични и неендемични земји и ги прикажуваме земјите заедно кога […]

Мајмунски сипаници во Србија донесе маж што се вратил од Германија


Во Србија е регистриран прв импортиран потврден случај на заболување со мајмункси сипаници, пишува Новости. Случајот е дијиагностички препознат и тераписки згрижен. Лабораториска дијагностика е спроведена на Инстирутот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“. територијално надлежниот завод за јавно здрајве изврши епидемиолошко истражување на случајот и спроведени се меркиз а евиденција, тестирање, пријавување и контрола […]

Мајмунски сипаници потврдени кај 1.600 лица


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) има информации дека од почетокот на годинава, мајмунски сипаници се потврдени кај 1.600 лица, а постојат сомнежи за уште 1.500 случаи во 39 земји, соопшти директорот Тедрос Адханом Гебрејесус. Тој прецизираше дека мајмунските сипаници се присутни со години во седум од тие земји, додека останатите 32 држави се погодени сега. Како […]

Следната седмица вонредна средба на СЗО посветена на мајмунските сипаници


Светската здравствена организација свика состанок на 23 јуни на Комитетот за вонредни состојби, на кој треба да се оцени дали ширењето на мајмунски сипаници претставува вонредна состојба за јавното здравје во меѓународен контекст. Највисоко ниво на предупредувања од здравствената агенција на Обединетите нации досега се издадени само за пандемијата на Ковид и за детска парализа. […]

ЕУ купува околу 100.000 вакцини против мајмунски сипаници


Европската Унија денеска ќе потпише договор со непознат производител за околу 100.000 дози вакцини против мајмунски сипаници. Тие треба да бидат доставени до крајот на јуни. Информацијата е потврдена од еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Венецуела, заболениот допатувал во Каракас од Мадрид


Владата на Венецуела соопшти дека е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице што пристигнало во земјата со лет од Мадрид до Каракас. Министерката за здравство Магали Гутиереш во порака на Твитер наведе дека во моментот се истгражуваат контактите што ги имал заболениот. „Тој веднаш беше изолиран, тестиран, и беше позитивен“, се вели во […]

Втор случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден вториот случај на мајмунски сипаници кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата, а мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба. Објаснуваат […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба. […]

Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници


Во Словенија досега се потврдени шест случаи на зараза со мајмунски сипаници и сите пациенти имаат благи симптоми. Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега. На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната […]

Во Косово можное е да се појави првиот случај на мајмунски сипаници


Министерството за здравство на Косово денеска соопшти дека е примен првиот пациент за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, пренесува KoSSev. Во болницата во петокот попладне е примен 69-годишен пациент, роден во Драгаш и неговата состојба е стабилна. Тој е изолиран на Клиниката за инфективни болести и земен е примерок од промените […]

Повеќе од 900 случаи на мајмунски сипаници потврдени во 29 земји


Потврдени се 909 случаи на инфекција со мајмунска сипаница во 29 земји ширум светот, покажуваат податоците на ЦДЦ (Центрите за контрола и превенција на болести). Најголем број заразени има во Велика Британија, каде се пријавени 225 случаи. На второ место по бројот на заразени е Шпанија со 186 случаи, а на трето Португалија – 143 […]

Речиси 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во повеќе од 20 земји


Швајцарија– Речиси 200 нови случаи на мајмунски сипаници се пријавени во повеќе од 20 земји, каде главно нема епидемии на невообичаени болести, но епидемијата е под контрола, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО предложи создавање резерви за еднаква дистрибуција на вакцини и достапни лекови низ целиот свет. Во соопштението се вели дека се уште има […]

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници


Европската унија одлучи да купи вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром. „По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети“, изјави координаторот. Како што е најавено, ЕУ ќе […]

 Девет случаи на мајмунски сипаници во седум американски држави


Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека од вчера идентификувале девет случаи на мајмунски сипаници во седум американски држави. Случаи на мајмунски сипаници се идентификувани во Масачусетс, Флорида, Јута, Вашингтон, Калифорнија, Вирџинија и Њујорк. Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден на 7 мај во Велика Британија кај патник кој […]