Колкава е опасноста од ширење на мајмунските сипаници


Мајмунските сипаници не треба да ги загрижуваат граѓаните, бидејќи не се шират лесно како што е случајот со КОВИД-19. Од Комисијата за заразни болести не очекуваат драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници. Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи, кичевец кој одбива да биде тестиран, и мигрант хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кој е негативен на тестот. […]

Кичевчанец со симптоми на мајмунски сипаници избегал од болница


Возрасен маж од Кичево по враќање во Македонија од Австрија побарал медицинска помош и имал симптоми на мајмунски сипаници, по што му било препорачано да прави тест, но тој избегал, објави „Алсат“. Кичевчанецот се пријавил кај матичниот доктор, по што му било кажано да оди на Инфективна клиника во Скопје, но тој не се појавил […]

ФТ: Велика Британија би можела да остане без вакцини против мајмунски сипаници на крајот на месецот


Во рок од две до три недели, Британија ќе остане без вакцини против мајмунски сипаници, бидејќи земјата има само нешто повеќе од 8.300 дози, објави лондонски Фајненшл Тајмс. Испораките на нова серија од 100.000 дози нема да продолжат пред крајот на септември, се вели во публикацијата, цитирајќи писмо од Националната здравствена служба. Минатата недела агенцијата […]

Евидентиран прв случај мајмунски сипаници во Молдавија


Во Молдавија е регистриран првиот случај мајмунски сипаници, соопшти денеска преку социјалните мрежи молдавската министерка за здравство Ала Немеренко. Според неа, болното лице е странец кој службено во Молдавија допатувал од САД. „Лицето побарало лекарска помош во Инфективната болница каде што е хоспитализирано со сомневање за мајмунски сипаници. Евидентираните симптоми се треска, слабост и исфрленост […]

Во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници


Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници. Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми. Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус. – Подготвени сме за наш одговор […]

Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар


На Кипар е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во земјата и станува збор за 40-годишен маж кој патувал во странство, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека случајот е потврден по молекуларен лабораториски преглед во микробиолошката лабораторија на општата болница во Никозија и веднаш биле спроведени соодветните […]

СЗО: Во 78 земји во светот евидентирани над 18 илјади случаи на мајмунски сипаници


 Повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници се пријавени во 78 земји во светот, од кои повеќето во Европа, објави денеска Светската здравствена организација. СЗО во саботата ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за вонредна состојба која предизвикува меѓународна загриженост“. Во денешното соопштението на здравствената организација се наведува дека досега, меѓу евидентираните случаи, во 98 […]

Во Србија потврдени 10 случаи на мајмунски сипаници, осум во Белград


Во Србија досега се регистрирани десет потврдени случаи на мајмунски сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, јави дописникот на МИА од Белград. На територијата на Белград регистрирани се осум случаи на заболени од мајмунски сипаници, а два во Војводина, се наведува на сајтот на Батут. Сите пациенти се мажи на возраст […]

Во Хрватска регистрирани 10 случаи на мајмунски сипаници


Во Хрватска досега се регистрирани десет случаи на заболени од мајмунски сипаници. Сите пациенти се мажи на возраст од 30 до 50 години, а во два случаи е констатирано дека се заразиле во странство, изјави синоќа епидемиологот Горанка Петровиќ. Хрватска ги очекува првите серии вакцини против оваа ретка, заразна болест во следните недели. – Европската […]

ЕМА ја одобри вакцината за мајмунските сипаници


Европската агенција за лекови (ЕМА) објави во петокот дека ја одобрила вакцината против големите сипаници и за примена во превенцијата од мајмунските сипаници, болест којашто забрзано се шири и за којашто Светската здравствена организација (СЗО – WHO) би можела наскоро да објави максимално предупредување. „Комисијата за лекови за хумана примена на ЕМА препорача дека антивирусната […]

СЗО свика комисија за итни случаи за мајмунските сипаници


    Англија –   Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состана вчера за да разговара дали да се прогласат мајмунските сипаници за глобална криза, јави ДПА. Тоа е втор состанок на комисијата во рок од неколку недели. Некои научници нагласија дека впечатливите разлики помеѓу епидемиите во Африка и оние во развиените земји […]

ЕУ обезбеди уште 54.000 вакцини против мајмунски сипаници


Европската комисија обезбеди дополнителни 54.000 дози вакцини против мајмунски сипаници, развиени од биотехнолошката мултинационална компанија „Бавариан Нордик“. Дополнителната набавка следи по првиот договор склучен во јуни, кога Европската унија нарача околу 110.000 дози вакцина против мајмунски сипаници од таа компанија. „Загрижена сум поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во ЕУ“, наведе еврокомесарката за здравство […]

Во БиХ потврден првиот случај на мајмунски сипаници


Првиот случај на зараза со мајмунска сипаница е откриен и во Босна и Херцеговина, соопштија од Клиничкиот центар во Сараево, каде што се направени лабораториски испитувања на маж поради сомневање за оваа болест. Директорката на Клиничкиот центар, Себија Изетбеговиќ за Фактор изјави дека заразениот во вторникот бил примен на Инфективната клиника, а лабораториските тестови потврдиле […]

Француски ХАС препорачува вакцинирање на ризични групи лица против мајмунски сипаници


 Француската национална здравствена управа (HAS) денеска препорача проширување на кампањата за вакцинација против мајмунски сипаници, нагласувајќи дека оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со вирусот преку сексуален контакт треба да ја примат вакцината. Мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и транс лицата кои имаат повеќе сексуални партнери треба да се […]

Во Словачка потврден првиот случај на мајмунски сипаници


Во Словачка денеска е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, соопшти портпаролката на Службата за јавно здравје, Даша Рачкова. Според неа, пациентот е изолиран и хоспитализиран, а сите луѓе кои биле во близок контакт со него неодамна биле информирани за тоа како треба да се однесуваат доколку почнат да ги чувствуваат симптомите на мајмунска сипаница, […]

Во Грција потврдени вкупно 11 случаи на мајмунски сипаници


 Во Грција, зклучно со денеска, се регистрирани вкупно 11 случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно седмичниот извештај Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), останатите четири случаи се по контакт со сомнителен случај кај странски државјанин во земјата, а еден случај не пријавил патување во странство или […]

СЗО загрижен за ширењето на мајмунските сипаници


Швајцарија– Повеќе од 6.000 случаи на мајмунски сипаници се потврдени во 58 земји, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО), која ќе свика нов итен состанок поради ширењето на епидемијата. – Агенцијата на ОН повторно ќе свика состанок на комитетот за да препорача избувнувањето да се прогласи за глобална здравствена вонредна состојба, највисокото ниво на предупредување […]

СЗО: Потврдени повеќе од 5.000 случаи на мајмунски сипаници


Светската здравствена организација (СЗО) досега има регистрирано 5.322 лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за повеќе од 50 отсто во однос на претходниот биланс од 22 јуни и само еден смртен случај, изјави денеска портпаролката на организацијата.  „СЗО продолжува да бара од земјите да посветат посебно внимание на случаите на мајмунски сипаници […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Турција


Во Турција е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска министерот за здравство Фахретин Коџа. Според него, пациентот има 37 години и има нарушен имунолошки систем. Коџа навел дека пациентот е во изолација и дека не се идентификувани други случаи.

ЕУ на земјите членки почна да им испорачува вакцини против мајмунски сипаници


Белгија– Европската комисија денеска соопшти дека до сите земји членки почна да ги доставува заеднички купените вакцини против мајмунски сипаници. Првите 5.300 од 109.090 набавени дози ги добива Шпанија, се наведува во соопштението на ЕК до медиумите. „Првите испораки на вакцини од денеска пристигнуваат во најзагрозените земји како одговор на појавата на мајмунски сипаници“, се […]