Единствената вакцина против мајмунски сипаници одобрена само во САД и во Канада, не и во ЕУ


  Достапни се доволни залихи на вакцината „имванекс“, против мајмунски сипаници за сузбивање на моменталната епидемија, вели производителот на вакцината за ДПА. „Баваријан нордик“ е единствена фирма во светот чија вакцина против мајмунски сипаници има одобрение на регулаторот. Во моментот може да се произведат 30 милиони дози годишно, рече претставникот Ролф Сас Соренсен. Вирусот на […]

Стевановиќ за мајмунските сипаници: Нашиот систем е подготвен, но не патувајте во ризични подрачја


Ги следиме препораките, внимаваме на состојбата, како во земјата, така и надвор. Апелираме до луѓето кои патуваат, да внимаваат, да се заштитат, да држат дистанца. Патувањето во ризичните подрачја не се препорачува и затоа треба да бидеме исклучително одговорни, апелира Милена Стевановиќ, директорка на Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во врска со мајмунските сипаници. Во гостување на Сител […]

Мехмедовиќ: Го подготвуваме здравствениот систем за мајмунски сипаници


Комисијата е загрижена од ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и од појавените случаи надвор од ендемичните басени во централна и западна Африка.  Состојбата внимателно се следи, но не треба да има паника зашто оваа епидемија, од која во светот има стотина случаи, не е идентична и пропорционална со сѐ уште актуелната пандемијата со Ковид-19, […]

Прв случај на мајмунски сипаници во Словенија


Словенија- Словенија го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, со што продолжува најголемото ширење на оваа болест надвор од Африка досега. „Н1 Словенија“ објави дека пациентот не е хоспитализиран на Инфективната клиника во Љубљана, па веројатно станува збор за поблага форма на болеста.   Сајтот објави дека заразениот е маж кој неодамна се вратил од […]

САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници


САД – Здравствените власти во САД се подготвуваат да ги вакцинираат луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, во време кога државата која во моментов има пет веројатни или потврдени случаи на инфекција очекува тој број да се зголеми. – Сакаме да ја максимизираме дистрибуцијата на вакцини на оние за кои знаеме […]

СЗО : Нема потреба од масовна вакцинација во Европа и Северна Америка против мајмунски сипаници


Швајцарија –   Светската здравствена организација не верува дека појавата на мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка бара масовни вакцини. – Засега мерките како што се добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира ширењето, рече Ричард Пибоди, кој го води тимот на СЗО за високи патогени закани во Европа. Пибоди нагласи […]

Мајмунските сипаници се раширија по две рејв-забави во Шпанија и во Белгија


Висок советник на Светската здравствена организација го опиша невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како „случаен настан“ што може да се објасни со ризичното сексуално однесување во два неодамнешни масовни настани во Европа. Во интервју за Светската агенција, д-р Дејвид Хејман, кој го предводеше одделот за итни случаи на СЗО, рече дека водечката […]

Мајмунските сипаници не се шират како корона вирусот


  Треба да внимаваме што се случува во светот на вирусите. Во случајот со мајмунска сипаница, две работи се издвојуваат – дека заразените немаат врска со земјите каде што болеста е ендемична и дека многу од заразените моментално се хомосексуалци. Ова за Бугарското национално радио го објасни вирологот проф.Радостина Александрова. Оваа болест е ретка, се […]

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници


Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со мајмунските сипаници во светот, како и препораките на Светската здравствена организација кои во моментот не предвидуваат ограничување на движење на луѓе и стока во рамки на земјите каде не се регистрирани, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Во среда, посочи тој, е закажан состанок на […]

Состојбата со мајмунските сипаници сè посериозна: Уште една европска земја воведува карантин


Белгија стана првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници, а набргу потоа слична одлука објави и Обединетото Кралство, пренесува „Дејли меил“. „Заразените со вирусот ќе мора да одат во самоизолација три недели“, соопштија белгиските здравствени власти откако беа пријавени три нови случаи во земјата. Сите заразени се поврзани со фестивалот во пристанишниот […]

Лажна тревога во Грција: Британскиот турист има варичела, а не мајмунски сипаници


Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција […]

СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници


 Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека од вирусот на мајмунски сипаници, кој прво беше регистриран во Англија, а потоа се прошири и во другите европски земји, досега се заразени 80 лица. Потврдени се околу 80 случаи на мајмунски сипаници, пријавени во СЗО од 12 земји. Првпат регистриран во Англија на 7 мај, вирусот мајмунски сипаници […]

Клуге загрижен поради можно ширење на мајмунски сипаници


Англија– Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека е загрижен оти ширењето на мајмунските сипаници може да се забрза во регионот бидејќи луѓето се собираат на забави и фестивали во текот на летните месеци. – Додека влегуваме во летната сезона во европскиот регион, со масовни собири, фестивали и забави, загрижен сум дека преносот […]

Нови 11 случаи на мајмунски сипаници во Велика Британија


 Агенцијата за здравство на Велика Британија (УКХСА) идентификуваше 11 нови случаи на зараза со мајмунски сипаници, соопшти министерот за здравство Саџид Џавид. Претходно агенцијата пријави девет случаи од 7 мај. – УКХСА потврди 11 нови случаи на мајмунски сипаници во Обединетото Кралство. Утрово ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме […]

ЕК од блиску ја набљудува појавата на мајмунски сипаници во Европа


Белгија – Европската Комисија од блиску ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со здравствените власти во ЕУ околу појавата на мајмунски сипаници на европскиот континент, јави дописничката на МИА од Брисел. Повеќе земји членки на ЕУ пријавија појава на оваа ретка форма на сипаници, и Европската Комисија одржува редовни средби во рамките на комисијата […]

Што се мајмунските сипаници што се појавија и во Европа?


„Мајмунските сипаници“ се ретка вирусна болест која на луѓето се пренесува од животни која се јавува првенствено во делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми. Болеста е слична со големата сипаница, има поблага клиничка форма, но сепак може да заврши со смртен исход, односно во 3 до 6 отсто од […]

Расте бројот на заболени од мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка


Здравствените власти во Европа и Северна Америка забележаа зголемен број на инфекции со вирусот на мајмунски сипаници од почетокот на мај, што ги зголеми стравувањата дека болеста, која е ендемична во делови од Африка, може да се прошири на други места во светот. Светската здравствена организација (СЗО) побара внимателно да се следат контактите на заразените […]