Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, отворени две телефонски линии за информации


Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792. Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со Mpox и оти тие немаат никакви […]

На Инфективна уште го чекаат второто лице со мајмунски сипаници, нема нови случаи


Второто лице со мајмунски сипаници во државава се уште не се пријавило на преглед на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, потврди денеска за МИА, директорот Фадил Цана. Тој рече дека нема регистрирано нов случај на мајмунски сипаници во државава. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, во врска со […]

Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници


Препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица од мајмунски сипаници препорача Комисијата за заразни болести. Оттаму информираа дека дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје. – Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските […]

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници, прв пат во нашата држава


Институт за јавно здравје информира дека денеска за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, информираат дека од клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи […]

Африканска Унија предупреди на опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници


Одделот за здравство на Африканска Унија (АУ) предупреди на ризикот од ширење на епидемијата на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, бидејќи конфликтот во источниот дел од земјата ги принудува заразените пациенти да бегаат. АУ наведува дека повеќе од 400 пациенти избегале од центрите за третман на мајмунски сипаници во Јужен Киву и оти не […]

Прв случај на мајмунски сипаници потврден во Косово


Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК) соопшти дека Лабораторијата за микробиологија го потврди првиот увезен случај на мпокс (поранешно име: мајмунски сипаници). Случајот се однесува на маж (30 години), државјанин на Косово, кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести на УКЦК на 24.12.2024, по враќањето од западноафриканска земја, со симптоми како треска, […]

Во Канада потврден првиот случај на мајмунски сипаници


Агенцијата за јавно здравје на Канада (ПХАК) го потврди првиот случај на мајмунски сипаници во земјата, кај лице од провинцијата Манитоба. Лицето побарало лекарска помош поради симптоми на мајмунски сипаници веднаш по враќањето во Канада од странство и сега е во изолација, се наведува во соопштението на ПХАК. Инфицираното лице патувало во Централна и Источна […]

СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници


Светската здравствена организација (СЗО) во петокот објави дека ја одобрила првата вакцина против мајмунски сипаници произведена од баварски „Нордиск“. „Првата претквалификација на вакцина против мајмунски сипаници е важен чекор во нашата борба против оваа болест, како во контекст на сегашната епидемија во Африка, така и во иднина“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. […]

За борба против мајмунските сипаници се потребни најмалку 135 милиони евра, вели шефот на СЗО


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална усогласена акција против новата епидемија на мајмунски сипаници и најави дека за тоа ќе бидат потребни најмалку 135 милиони долари во следните шест месеци. – Дозволете ми да бидам јасен: оваа нова епидемија на мајмунски сипаници може да се контролира и запре, рече генералниот директор Тедрос […]

Мајмунските сипаници не се нов коронавирус, вели регионален директор на СЗО


Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денеска изјави дека мајмунските сипаници, без разлика дали се работи за нов или стар вид, не се нов коронавирус, бидејќи се знае како да се контролира нивното ширење. „Значи, дали ќе сакаме да избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминирање на мајмунските сипаници на […]

Евидентиран е првиот случај од новата варијанта на мајмунски сипаници во Европа


  Шведската агенција за јавно здравје го евидентира првиот случај на зараза со нова варијанта на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент, односно во Европа, јавува Би-би-си. Едно лице од Шведска се заразило за време на неговиот престој во Африка. Веста доаѓа веднаш откако Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници во […]

Што е мпокс? Африка прогласува вонредна состојба во јавното здравство


Шефовите на африканските здравствени служби прогласија „вонредна состојба за јавно здравје“ низ Африка поради загрижувачкиот пораст на случаи на заразени со Мајмунски сипаници (mpox-Мпокс). Претставниците на Африканската унија, група од 55 земји-членки на африканскиот континент, потврдија дека повеќе од 14.000 случаи се идентификувани само во Демократска Република Конго. Околу 10 други африкански нации – вклучително […]

Африкански центар за превенција на болести: Потребни се милиони вакцини против мпокс


 Африканскиот центар за контрола и превенција на болести денеска прогласи вонредна состојба во областа на јавното здравје поради епидемијата на мпокс (мајмунски сипаници). Заразата се проширила од Демократска Република Конго во соседните држави, јавуваат локални медиуми. Највисокиот здравствен орган на Африка минатата недела предупреди за загрижувачката брзина на ширење на вирусната инфекција, која се пренесува […]

СЗО прогласи голема епидемија на мајмунски сипаници во Конго


Светската здравствена организација (СЗО) прогласи голема епидемија на Мпокс (порано позната како мајмунска сипаница) во Демократска Република Конго и во делови од светот. Како што соопшти организацијата на ОН во Женева на 15 декември, од јануари до средината на ноември годинава во Конго се појавиле повеќе од 13 илјади сомнителни случаи и повеќе од 600 […]

Во Јапонија прв смртен случај од мајмунски сипаници


Министерството за здравство на Јапонија соопшти дека во таа земја денеска е регистриран првиот смртен случај од мајмунски сипаници. -Починатиот пациент е маж на 30-годишна возраст со претходна инфекција со ХИВ и без историја на патување, се вели во соопштението на Министерството. Maјмунски сипаници се вирусна инфекција што се шири преку близок контакт, предизвикувајќи симптоми […]

„Политико“: СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста


Светската здравствена организација (СЗО) планира да ги преименува мајмунските сипаници во „сипаници“ во обид да ја намали стигматизацијата за оваа болест, јави Политико. Според весникот, што се повикува на познати извори, одлуката би можела да биде објавена уште денеска, откако во летото беше постигнат првичен договор СЗО да ги разгледа предлозите за ново име за […]

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите


  Мајмунските сипаници можат да се шират и пред да се појават симптоми, објавија британски истражувачи. Претходно се сметаше дека мајмунските сипаници речиси целосно ги пренесуваат лица, кои веќе биле заразени. Мајмунските сипаници, релативно блага вирусна болест што е ендемска во неколку земји од Западна и Централна Африка, годинава експлодираше во некои делови од светот, […]

ЕК нарача 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници


  Европската комисија (ЕК) купи 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници. „Трендот на намалување на бројот на случаи на мајмунски сипаници во Европската унија е охрабрувачки, но тоа не значи дека заканата помина или дека можеме да го намалиме нашето внимание“, рече комесарката за здравство на ЕК, Стела Киријакидес. Речиси 20.000 случаи на мајмунски […]

Во Србија има 31 заболен од мајмунски сипаници


Во Србија се регистрирани 31 случаи на заболени со мајмунски сипаници во периодот од 17 јуни, кога беше регистриран првиот случај  до 17 август 2022 година, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Сите заболени се од машки пол, на возраст од 21 до 44 години. Регистрираните случаи се од […]

СЗО: Во светот регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници


  Во 92 земји и територии во светот се регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус. Тој додаде дека од мајмунски сипаници починале 12 лица. Гебреисус истакна дека минатата недела се пријавени близу 7.500 случаи на […]