Молдавија или Македонија: Кој ќе влезе во ЕУ во 2030?


Изгледа сосем веројатно дека на Македонија ѝ треба да го изнедри нејзиниот Никола Коперник за да ѝ укаже и докаже дека светот не се врти околу неа. Тоа може да изгледа како невозможнa мисија, но, сепак, не е неостварлива. Како стојат работите? Многу нешта беа напишани и анализирани по навидум спектакуларната средба на двајцата клучни […]

Технолoгијата на забраната: Како Бугарија ги спречува ОМО „Илинден“ и другите


Односите меѓу Бугарија и Македонија се влошија последниве неколку месеци. Тоа не е ништо ново, доаѓа во циклуси. Некогаш е предизвикано и мотивирано од домашни политички агенди, некогаш од поединечни провокации кои прераснуваат во општествена бура. Нема да се занимаваме со тоа кон каде води влошувањето на односите во процесот на уставните измени што би […]

Колку палуби има овој брод


Не, македонскиот брод не наликува на „Титаник“, како што многумина се обидуваат да го претстават, туку повеќе како оние бродови тргнати, на пример, од Џенова, чија крајна цел е островот Елис во заливот на Њујорк. Тие бродови, особено во раниот почеток на 20. век носеа милиони иселеници од Европа во земјата на соништата – САД, […]

Мицкоски: Човек со план… за статус-кво


Лани во јануари, само еден месец пред руската инвазија на Украина, германската министерка за надворешени работи, Аналена Бербок беше во Москва во обид да го спречи она што изгледаше како неминовно. И да го предупреди нејзиниот домаќин, искусниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, кој тогаш полнеше 18 години на тоа место, за консеквенциите ако Русија […]

Осумдесет години болка


Пред некој ден една поголема група бугарски научници го повика тамошното општество конечно да се соочи со мрачните моменти од неговата историја и наместо да се  митологизираат настаните од почетокот на март 1943 година наречени „Спас на бугарските Евреи“, да биде кажана целата вистина – дека кога државата ги спаси бугарските Евреи, таа истовремено ги […]

Пионот, кралицата, коњот и глупиот Август


Иако изгледа дека работите се навидум исти по двонеделната расправа околу разрешувањето на министрите и именувањето на нови членови на Владата – бескрајни дискусии на опозицијата за да се одложи процесот – но тие во никој случај не се какви што беа. Сцената е поставена за последната година од мандатот на кабинетот на Димитар Ковачевски, […]

Зошто во Бугарија пак ечи „Македонијаааа!“


Кога лани во јуни партијата Има таков народ ја напушти четричлената кршлива владина коалиција во Бугарија и го предзвика падот на кабинетот на Кирил Петков, нејзиниот лидер, Слави Трифонов, во интервју за Радио Дарик се обиде да ја објасни во два збора причината за тој чекор. Тој стави рака на устата, погледна нагоре и гласно […]

Дали се врати Крајот на историјата?


Одамна знаеме дека овде нема почва за некои важни филозофски и научни расправи околу тоа каде би можела да се движи иднината не во Европа, туку кај нас или во регионот. Причините се прозаични, но сепак „убиствени“ – научната мисла, за жал, е лимитирана. Главно, тоа е последица на неизвесноста од долготрајната транзиција да се […]

Викнете полиција… Нешто чудно се случува во Апелација


Сведоците кои биле скриени во некои долапи, а еден имало бесшумен, како сенка, зад завеса гледале чудни настани. Како во филмот „Враќање во иднината“ во одаите на скопскиот Апелациски суд се премотувале назад филмските ролни кои почнаа да се снимаат кога излезе аферата со прислушувањето за да се вратат настаните на почеток и иднината да […]

За нивна жал, приватните превозници ќе бидат жртва на сопствениот протест


Долг има, колкав е тој никој точно не може да каже. Барем тоа не го знае јавноста. Приватните превозници во градскиот сообраќај во Скопје велат дека ЈСП (а со тоа и Градот Скопје) им должи 1,5 милиони евра. Градските власти велат дека има долг, но не соопштуваат колку пари се во прашање. Директорот на ЈСП […]

Човекот од Флорида


Медиумите знаат да бидат политички убиствени. Не овде, туку во најстарите демократии. Особено кога уредништвото (а и сопствеништвото) мисли дека одредени политичари или нивни идеи се штетни за општеството или партијата чии поклоници се. Настаните во Америка по среднорочните избори се своевиден политички спектакл, а во него класичните медиуми – весниците и телевизијата – имаат […]

За бугарскиот цар… уште еднаш


„Никој нема монопол на вистината“. Со овие зборови му одговори бугарската амбасадорка во Израел, Румјана Бачварова, на директорот на Меморијалниот центар за холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, Дани Дајан, откако тој побара од историчарите во музејот да ги проверат фактите изнесени во книгата „Бугарската армија и спасувањето на бугарските Евреи“. Само една мала дигресија – […]

Целта не е Артан Груби, туку Али Ахмети


Не треба голема политичка проникливост за да се разбере дека пораката за промена на Артан Груби од страна на дружината спектакуларно наречена „огнена група“, во основа има друга вистинска цел – детронизирање во догледно време на неприкосновениот лидер на ДУИ, Али Ахмети. Моментот во којшто се појави писмото на „огнените“ е индикативен – опозицијата подготвува […]

Референдумот е мамка, целта се избори


(Колумна за Дојче веле) Не треба да се биде некој ингениозен аналитичар, длабок и таинствен познавач на внатрешните работи во Внатрешната организација, за работите не ви бидат јасни ако не на прв брз поглед, тогаш сигурно на втор смирен преглед. Најавата на опозицијата за одржување референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија има […]

Што пишува во „Македонскиот синдром“ – тајниот извештај на ЦИА од 1971


(Колумна за Дојче веле) Лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“ пред три дена во текст околу почнувањето на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија пишува дека бугарските услови за нашата земја се причина за загриженост околу плановите на Унијата за проширување на Балканот. Во овој текст се наведува и документот изработен од офицерите на ЦИА на […]

Кога гневот ја води политиката


Додека едниот се извинува, а другите бараат оставки од него за инцидентот во Собранието полн со обостран гнев, сите тие заедно треба да одвојат малку време и да прочитаат од загрепските медиуми како денес Хрватска ја добила првата транша од неповратната помош на ЕУ од 700 милиони евра од фондот за закрепнување на Унијата од […]

Дали Македонија премногу веруваше во Кирил Петков?


Политиката е чудо на свој начин. Кога не си во неа си слободен на многу начини, кога ќе влезеш во нејзините машини „заробен“ си на најразлични запчаници. Најмногу од интересите на актерите во неа. Еве еден пример за тоа што значат „политичките пранги“. Се работи за еден од најдобрите надворешно-политички експерти на Балканот и многу […]

Кога ветото се претвора во слабост


(Колумна за Дојче веле) Пред еден месец поранешниот премиер Зоран Заев, во својот прв јавен настап по абдицирањето од власта, од Струмица зборуваше за принципот на одлучување во Европската унија кој нему му ја загорчи политичката кариера. Еднаш по ветото на Емануел Макрон во 2019 понуди оставка и организирање предвремени избори, а вториот пат ветото […]

Од Макрон, со не многу љубов


(Колумна за Дојче веле) Како едвај да чекаше да победи на претседателските избори за Емануел Макрон да ги објави своите нови идеи за politique de grandeur за формирање „Европска политичка заедница“ во која би се собрале сите во Европа и подалеку од неа. И оние што сакаат да бидат дел од ЕУ, и оние што […]

Блокада за „конечната победа“


Ултиматумот на ВМРО-ДПМНЕ до власта изгледа како некоја битка од украинското боиште: до 10 мај треба да бидат прифатени нивните услови или ќе почнела активна блокада на Собранието (ако сакате, тоа може да се нарече и „опсада“). Вмровското раководство го сврте песочниот часовник. Песокот од него тече на пет дена. Течењето на песокот може да […]