Дали популистите велат „жалам“?


Најмалку една година пред изборите во 2024 тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ водеше кампања дека преговарачката рамка со ЕУ може да се промени. Нејзините претставници и некои аналитичари тврдеа дека преговарачката рамка не е исклесана во камен и реално во неа може да има промени. Тој наратив дека е можна промена на преговарачката рамка траеше уште најмалку […]

Уф, колку многу нон-пејпери


Кој нон-пејпер побрзо да го толкуваат овдешните и регионалните аналитичари, политичари и политички истражувачи. Овој на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон; оној на пет земји (Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург) што дојде веднаш по германско-францускиот документ. Оние на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во последниве години; или пак нон-пејперот од […]

Како обвинет политичар да избега од правдата – полскиот пример


Спектакуларната победа на изборите во Унгарија на Петер Маѓар, надвор од задоволството во европските престолнини и во ЕУ за падот на Виктор Орбан, предизвика дополнителни очекувања (а и стравувања) во јавноста во две земји. Полска и Македонија. Затоа што на тројца поранешни политичари, кои избегаа од сопствените земји, Орбан им даде политички азил за да […]

Заврши вмровскиот аџилак во Будимпешта


Познатиот унгарски новинар и главен уредник на неделникот „Маѓар наранч“, Ендре Бојтар, во неодамнешното интервју за „Независен“ рече дека новата унгарска влада, без разлика дали ќе ја предводи Виктор Орбан или Петер Маѓар, ефикасно ќе одлучи кој ќе биде македонски премиер. „Ако победи Орбан, Груевски веројатно ќе остане во Будимпешта. Но, ако победи Маѓар, тој […]

Трамп во битка со историјата


Еве една оценка за универзумот на Доналд Трамп која ја дава извонредниот бугарски политички научник Иван Крастев. Во текст за „Фајненшел тајмс“ прави ваква вивисекција на американскиот претседател: „Концептот на времето на Трамп е во самиот центар на неговото политичко однесување. Тој е претседател кој не размислува од перспектива на долгорочни стратегии, туку во ритамот […]

Мистериозниот човек од Будимпешта


Додека Европа, а и Македонија, го чекаат резултатот од исклучително неизвесните избори во Унгарија на 12 април, се знае речиси сѐ за Виктор Орбан, кој го бара петтиот последователен мандат како премиер. Се знае и за неговата сегашна битка да ја претстави Украина како најголем „непријател“ на Унгарија, која ќе ја уништи нејзината енергетска иднина, […]

Што ако загуби Орбан?


Една година наназад, па и повеќе, парламентарните избори на 12 април во Унгарија, во европскиот политички дискурс се сметаат за исклучително важни за развојот на политичките преференции на континентот. Премиерот Виктор Орбан е најдолговечниот меѓу лидерите на Европската унија. Тој е непрекинато на власт од 2010 година (претходно имаше и еден четиригодишен мандат од 1998 […]

Дали Трамп уште е наш?


„’Значи, мој кнезу, Џенова и Лука станаа само апанажи, само пашалаци на семејството Бонапарта. Но јас однапред ви велам, ако вие не ми кажете дека ќе војуваме и ако вие уште си допуштате себеси да ги ублажувате сите гадости, сите грозотии на тој Антихрист (а јас со мојата чест верувам дека тој е тоа) – […]

Македонија – лажната Спарта


„Многу храбри луѓе живееле пред Агамемнон“ е познат цитат од римскиот поет Хорациј (а не ликот Хорациј во Шекспировиот „Хамлет“). Поширокото толкување на стихот од неговите „Оди“ значи дека хероизмот постои дури и ако никој не го забележува. Самиот цитат ја возвишува улогата на писателите и поетите во давањето бесмртност на хероите. А Хорациј во […]

Збогум Америко, со Европа не се ни запознавме


Кога пред единаесет месеци повеќе делагации од Македонија беа во Вашингтон на инаугурацијата на новиот светски патријарх тоа беше претставувано како допир со аурата на „божеството“. Премиерот Христијан Мицкоски зборуваше дека македонските власти влегле во најблискиот периметар на американскиот претседател Доналд Трамп и дека поради тоа златното доба за Македонија е на дофат. Дека тоа […]

Македонија во внатрешен егзил


Македонската политика е полна со бизарности, но во последно време изгледа како тие да стигнуваат до нови врвови. Како во времето на Социјалистичка Република Македонија, кога јавноста месец-два се подготвувуваше за конгресот на комунистичката партија како нов меѓник во развојот на државата, така и сега го следевме истото сценарио. Истиот комунистички образец. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ […]

Може ли надежта да се продава?


Како и цел свет така и Македонија беше на свој начин зафатена од треската наречена Зохран Мамдани и начинот на кој младиот демократски социјалист роден во Уганда успеа да однесе неверојатен триумф на изборите за градоначалник на Њујорк. „Главниот град на светот“ не е Америка во својата срж, тој е космполитски конгломерат составен од наследниците […]

Меѓу популистичките баталјони


Андраш Пап е професор по уставно право во Центарот за социјални студии во Будимпешта. Во еден подолг текст за Verfassungsblog, глобален форум за научна дебата за соочувањето на академијата и општеството, тој пишува како унгарските популисти и режимот на Виктор Орбан ги поткопуваа академските слободи за потоа да можат да го контролираат и општеството. Пап […]

Како да се измерат победата и разочарувањата


„Синоќа сонував дека повторно отидов во Мандерлеј“. Воведната реченица на најпознатиот роман на британската писателка Дафне ду Морие, „Ребека“, е една од најубавите воведни реченици во англиската фикција. Англиските книжевни критичари оценуваат дека Морие со еден потег го воспоставува гласот, местото и атмосферата на сонот во приказната. Романот е издаден во 1938, а само две […]

Тешкиот чекан на демократијата


Поранешниот американски претседател Барак Обама во еден разговор со прославената новинарка Кристиане Аманпур рече дека „демократијата ќе победи ако се бориме за неа“. Ако Обама верува дека за демократијата треба постојано да се бориш, па дури и во неговата државата, за која се смета дека има најголема демократска традиција на планетава, тогаш што треба да […]

Идејата за железница на кејот на Вардар во Скопје е бизарна


Во Македонија се раѓаат секакви идеи, но онаа што му беше предложена на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, е една од најбизарните што сме ги слушнале. Стопанската комора и нејзиниот претседател Бранко Азески побрзаа да го поканат на разговор Ѓорѓиевски откако ја доби кандидатурата на ВМРО-ДПМНЕ, посредно сугерирајќи […]

Има ли воз за Кочани?


Некогаш само еден ден може да донесе голема разлика во политиката. Некогаш тоа се десетина дена (видете го само бунтот во изборната база на Доналд Трамп поради досието на сексуалниот злоставувач Џефри Епштајн). Таква разлика му се случи на македонскиот премиер Христијан Мицкоски од денот пред гласањето на Извештајот за напредокот на Mакедонија во Европскиот […]

Манчестер Сити потпиша најголем договор за спонзорство во историјата на Премиер лигата


  Манчестер  Сити потпиша нов договор со производителот на спортска облека Пума во вредност од неверојатни 1,18 милијарди евра. Договорот ќе го продолжи партнерството најмалку до 2035 година, при што годишната вредност на договорот ќе се зголеми на 118 милиони евра, што е значително зголемување од претходните 77 милиони евра годишно. Според „Гардијан“, ова е […]

Времето на храброста истече. Беше очекувано


Има еден совршен цитат на Луис Керол, англискиот писател кој ја напиша „Алиса во земјата на чудата“, кој извонредно одговара на политиките на популистите денес кои сакаат и поединците, па и јавноста, да се повинуваат на нивните ставови. Тој цитат (не е од „Алиса“, туку од поемата „Ловот на Снарк“) денес често се употребува во […]

Висар Ганиу може да стане „Артан Груби момент“ за Мицкоски


Ловот по дивоградби на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дојде толку неочекувано за македонската јавност што ги најде неподготвени владините партнери – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“. Данела како некаква македонска варијанта на Јованка Орлеанка, или како осовременување на митот за Сирма војвода, оди од градилиште до градилиште, од зграда до зграда и со нејзиното „убиствено“ […]