Како во холивудски филм, што би рекол Никола Груевски


(Колумна за Дојче веле) Во еден од своите неброени постови испратени на Фејсбук за случајот „Плацеви на Водно“, во кој го обвини својот поранешен кум Ристо Новачевски дека „срамно лаже“, Никола Груевски се обидува да поентира со овие зборови: „Невидена игра, како во холивудски филм. Но во тие филмови секогаш победува правдата и вистината“. И […]

Ни брак, ни сватови, а можеби ни веридба


Еди Рама, албанскиот премиер, е специфично колоритен политичар не само за балканските простори, туку и за пошироки европски пространства. Кога неделава шефот на европската дипломатија (надлежен и за безбедноста) Жозеп Борел во Тирана ги повторуваше истите зборови кои ги кажа во Скопје – дека Албанија и Македонија одамна го заслужија отворањето на преговорите со ЕУ […]

Империјални и други сништа


(Колумна за Дојче веле) Опсесијата на Владимир Путин со Украина не е ни од лани, не е ни од 2014, туку од уште многу порано, можеби уште пред да стане претседател на Русија во 2000 година. Веројатно таа опсесија е од советските времиња, а се однесува на царистичките векови. Уште во 2008 година, според пишувањето […]

Западните лидери уште се прашуваат: А што би направил Кисинџер?


(Колумна за Дојче веле) Големи лидери, мали лидери. Голема криза, уште поголема криза. Војната во Украина еден ден изгледа неизбежна, другиот ден помалку возможна. Во Москва како на филмска лента се менуваат западните гости кои бараат од руските власти да го намалат трупањето на војниците на границите со Украина и да почне деескалација. И дека […]

Нашите Бугари и нивните Македонци


(Колумна за Дојче веле) Сите среќни соседи имаат разбирање и за најголемите разлики. Сите несреќни соседи не можат да се разберат дури и околу она за што се согласуваат. Оваа парафраза на оригиналот на Толстој може да се употреби за многу случаи. И сигурно и за оваа несреќна замрзната состојба во македонско-бугарските односи , ужасната недоверба […]

Посетата на Кирил Петков е одење по жица


Не е прашање кога ќе се случи одложената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје (поради изолацијата во која се наоѓа по позитивниот ковид-тест на претседателот на собранието), туку дали од неа може да се очекува работите да се поместат од мртвата точка во која се наоѓаат односите меѓу двете земји. Ако се суди […]

Во потрага по премиер


Кого треба да го слуша Зоран Заев – владините партнери или својот збор? Тоа се претвора во клучното прашање од ноќта на изборите кога Заев изјави дека поднесува оставка и на местото премиер и на позицијата претседател на СДСМ. Расправите околу тоа дали тој требаше да го поврзе останувањето на премиерската функција со победата на […]

Дали популизмот е антиелитизам?


Пред околу година и пол извонредниот американски магазин „Атлантик“ објави една исто така извонредна статија на неговиот новинар Јасмин Серхан, во која се образложуваше тврдењето дека популизмот е бесмислен. Има неверојатни примери на фантастично новинарство, па така е и овој. Вака оди почетокот на таа опширна статија: „Еден пролетен викенд, десетици академици од целиот свет […]

Два света во два чамци на Блед


Политиката никогаш не престанува да изненадува, дури и тогаш кога работите изгледаат банални. Дебатата на Стратешкиот форум на Блед, Словенија, во голема мерка покажа дека иднината на Западен Балкан во Европската унија изгледа дека сѐ повеќе и повеќе се сведува на – зборови, зборови, зборови. И токму таму е изненадувањето на баналноста. Српскиот претседател Александар […]

Денови на големи викотници


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Македонија очигледно има проблем. И тоа голем проблем. Надвор од својата сиромаштија, затвореност, неперспективност, незнаење – доминантната состојба на духот стана општиот нихилизам. Апсолутно омаловажување, потценување и осуда на сето она што не произлегува од тебе. Тој нихилизам од општи реакции се претвора во големи викотници, а најпосле завршува во хистерија. Во одредена […]

Грција се врати на традиционалната политика


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Четири и пол години траеше своевидниот политички експеримент во Грција кога гласачите, гневни од корупцијата, лажните економски показатели, неочекуваното соочување со сиромаштијата и невработеноста, се свртеа кон левичарската Сириза и нејзиниот харизматичен лидер Алексис Ципрас, верувајќи дека тие можат да направат чудо во економски измачената нација. Во неделата Грците се свртеа назад, кон […]

Ветинг и за политичарите


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Од некаква морална супериорност, политичарите најавуваат дека ветингот во МВР само што не започнал. Дека со него ќе почнело институционалното прочистување на полицијата, што ќе довело до повисока професионализација. Можеби ќе биде така, но самото спроведување на ветингот не е никаква гаранција дека полицијата ќе биде и попрофесионална, и поодговорна, и помалку склона […]

Порака до Ердоган: Доста е!


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Главниот уредник на провладиниот исламистички дневен весник „Јени Шафак“, Ибрахим Карагул, во вторникот ја обвини опозицијата дека извела државен удар со тоа што победила на локалните избори во Истанбул. Преку Твитер тој повика: „Изборите во Истанбул мора да се повторат. Затоа што на 31 март беше извршен државен удар против Турција на отворена […]

Денови на хаосот


Љупчо Поповски Веројатно сега на сите им станува појасно колку голем беше влогот со потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на името на државата. И колку цената на тој влог ја зголеми скромниот одѕив на референдумот на 30 септември. Последниов месец таа голема цена се претвори во конфузија во која Владата во име на главната […]

Мухарем Инџе – човекот што може да го собори Ердоган


Љупчо Поповски   Кога претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пролетва ненадејно ги распиша претседателските и парламентарните избори (една и пол година порано од редовниот термин), тоа изгледаше како рутинска операција од теоријата – дека победата е загарантирана и дека неспорниот владетел на државата ќе може да раководи со огромните овластувања што му ги дава […]

Можен е советски третман за „Скопје 2014“


Бранко Тричковски вели дека треба да се поканат некои од најголемите светски архитектонски имиња да предложат што може да се направи со проектот во центарот на Скопје кој е сведок „што може да ѝ се случи на една нација кога ќе си дозволи да полуди“. Меѓу другото, што да се прави со коњаникот со исукан […]

Дали Груевски е Јозеф К.?


Љупчо Поповски Пражанецот Франц Кафка својот прочуен роман „Процес“ го почна со исто толку прочуената реченица: „Бездруго некој го беше наклеветил Јозеф К. зашто, без да направи нешто лошо, едно утро го уапсија“. Неодамна, по едно од рочиштата во процесот за насилството во Општина Центар, поранешниот премиер Никола Груевски им изјави на новинарите дека тој, […]

Моќните браќа Бајрактари од Белата куќа


Љупчо Поповски Фотографијата на мртва природа во канцеларија во Белата куќа со еден човек минатата недела во голема мера беше предмет на потсмев во македонскиот свет на социјалната интеракција. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, обидувајќи се да ја зголеми перцепцијата за својата важност во светот на овдешната политика и кај гласачите, беше застанал зад празната […]

Полска и холокаустот – демони од минатото


Љупчо Поповски Историјата секогаш може да се претвори во оружје. Или, попрецизно, секогаш кога ќе посакаат политичарите. Во Европа тоа не се случува само на Балканот (тоа историско минско поле), туку кон тоа оружје посегнуваат и многу други на истокот од континентот. Последниот случај во Полска ги крена на нозе Евреите во светот и во […]

ВМРО-ДПМНЕ не е среќна партија


Љупчо Поповски Иронијата на судбината често знае да биде груба, некогаш дури и отровна. Оваа среда беше еден од оние денови кога некои политичари веројатно самите себеси си поставуваа непријатни прашања, што им се случува и што допрва ќе им се случува. Јавноста под притисокот на настаните помалку се занимаваше со нивните судбини, а повеќе […]