Кон каков модел ќе се врти СДСМ – на Стармер или на нордиските земји


Големи, па дури и катастрофални порази на партии кои биле владејачки во Европа, не се нешто што е непознато. Да споменеме само неколку – маргинализирањето на Социјалистичката партија во Франција по мандатот на претседателот Франсоа Оланд (поддршката ѝ падна на изборите на долните едноцифрени броеви); спектакуларниот пораз на Лабуристичката партија на Британија под водството на […]

Како и за што се договорија германските и полските историчари


Минатата сабота пишувавме за тоа како Германија и Полска преку историчарите почнаа да разговараат и објавуваат учебници за нивната меѓусебна долга, комплицирана и крвава историја. И како научниците успеаја да изградат мостови онаму каде што политичарите и војниците ги уриваа. И ја претставивме меѓусебната историја на двете држави и двата народи од 10. век до […]

Светиот грал на македонската политика


Нема ништо чудно, ниту нелогично, ниту, пак дијаболично, кога политичарите зборуваат едно, даваат неверојатни ветувања за доследност во политиката, за некакви линии (од каква било боја) дека само тие се вистинските претставници на народот и дека само тие знаат како да ги однесат граѓаните во иднината, а потоа многу од тие лесно изговорени, но добро […]

Премолчено или не, но ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во коалиција


Уште првата седница на Собранието по конститутивната покажа дека прилично неочекувани работи ќе се случуваат во политиката. Ривалствата и тешките мачни зборови се запретани, а прагматичноста и трговијата добија примат пред идеолошките и политичките ставови. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно се заедно. Партијата на Али Ахмети ја обезбеди клучната логистика за постигнување на двотретинското мнозинство и […]

Лозана и Преспа: два договори кои не се многу сакани


Изгледа дека нѐ чекаат долги месеци, а можеби и години, кога прашањето на Договорот од Преспа ќе ја подјадува супстанцата на македонското општество, ќе арчи непотребна енергија, новите власти што треба да дојдат ќе смислуваат акробатски одговори за да не се отуѓат од големото гласачко тело. А во исто време ќе треба да одат по жица […]

Цикличен режим на национализам


Се очекуваше да зоврие националистичкиот лонец на овие избори, само прашањето беше кога ќе се случи тоа. Затоа што Македонија не е цикличен хибрид, како што оцени „Фридом хаус“, туку цикличен режим на национализам. Кој се појавува на секои избори, некогаш со вообичаен, а некогаш со екстремно силен национализам. Нападите доаѓаа секој ден, сѐ поостри […]

Каков е развојот со или без ЕУ


Не само за време на последниве седум-осум месеци, а и за време на оваа изборна кампања, туку и повеќе години наназад се води една повеќе фиктивна дебата отколку заснована на факти и истражувања за тоа дали членството во ЕУ ќе може значително да ѝ помогне на Македонија во нејзиниот економски и општествен развој и дали […]

Левица, десница, централно


Веројатно се сеќавате на оној магичен стих од 1984 кога Дарко Рундек и „Хаустор“ пееја: „О-о-о ко ќе схватити то?/Левица, десница, централно“. Левица, десница во тогашна Југославија, четири години по смртта на Тито? Изгледаше како нестварно. Тие стихови со години подоцна по распадот на Југославија во различни средини на поранешната федерација беа користени како своевидни […]

Сите пратеници на претседателот


Нема тука ништо спектакуларно, ниту политички грешно. ДУИ преку сите оружја, а албанската опозиција поумерено, ја фрли во политичкиот ринг новата коска за глодање – претседателот на државата да се избира во парламентот. Се разбира, тоа не е нова идеја, нов е само интензитетот со кој се промовира. Има тука од сѐ по нешто, во […]

Судир на патриотската десница


Она што пред пет-шест месеци изгледаше само борба за датум за избори (парламентарните да бидат заедно со вториот круг од претседателските) и политичко надмудрување меѓу власта и опозицијата, сега се претвора во извонреден изборен спектакл. Тогаш изгледаше дека парламентарните избори ќе служат и како генератор за валидноста на вториот круг на гласањето за избор на […]

Алијансата за Албанците го изгуби наративот во драмата


Како да се решава судбината на државава – така некако драмата во Алијансата за Албанците добива корени во јавноста овие денови, која ќе чека до сабота да види каков би можел да биде расплетот во партијата водена од две глави. А во самата партија како да отпочна последната фаза од „политичката битка на живот или […]

Кој ќе ја пишува молбата до Софија?


Кога лани летото професорот по уставно право Јоргос Герапетритис стана министер за надворешни работи во новата грчка влада на премиерот Киријакос Мицотакис многумина за миг помислија дека тој ќе работи да го поткопува Преспанскиот договор. Особено поради тоа што тој беше еден од најжестоките противници на овој договор во Нова демократија, затоа што бил многу […]

Сто години на перонот


Еден мал прелудиум. Доколку барем една осмина од од вревата што се рашири како пожар (главно на социјалните мрежи, а потоа делумно и во мејнстрим медиумите) околу тоа каква елка била поставена на главниот скопски плоштад, па колку бил украсени улиците и другите предновогодишни згоѓи, се насочеше кон очајниот повик на министерката за култура за […]

Мицкоски е во право, не треба да се вели „никогаш“


Оној испланиран троцкистички гнев на двајцата пратеници на Левица на пултот на собранискиот спикер кога се усвојуваше новиот Деловник за работата на Собранието ги отвори широко вратите на кампањата за изборите, иако до нив има уште шест месеци. Таа врата дотогаш беше подотворена, но оттогаш двете нејзини крила се раширени, низ нив почна да дува […]

Левица прва ја почна кампањата, во троцкистички стил


Гневот што двајцата пратеници на Левица во понеделникот го излеаја на собраниската говорница против новиот Деловник беше инструментализиран. И изгледаше однапред подготвен. Обично, гневот се раѓа како вулкан од некои непредвидени и шокантни ситуации. Но овој гнев беше во фаза на подготовка најмалку десетина дена. Затоа и не делуваше како изненадување. Она што во одредена […]

Битка за датум. За избори


Три години, некое време по гласањето во јули 2020, целата реторика на опозицијата (со мали паузи) беше насочена кон една цел – предвремени општи избори. Таа не можеше да ја поднесе помислата дека не е на власт, затоа што претставувала народот. Кога есента 2021 убедливо победи на локалните избори и предизвика пад на Зоран Заев […]

Се тркала ли нешто зад ридот?


Ако земеме дека човекот што ја измисли и докажа Теоријата на релативноста, Алберт Ајнштајн, е во право за најголем дел од работите што ги кажал, тогаш неговата мисла – „Случајноста е Божјиот начин да остане анонимен“ – тогаш навистина ништо не би требало да биде случајно во настаните што во политиката и околу неа се […]

Гледа ли Македонија историски повик?


Размислете добро – која изјава подобро одговара на апатично-нихилистичката атмосфера во Македонија. Онаа на генијалниот американски комичар и актер Гручо Маркс, која се цитира до ден денес; или пораката од последното обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за состојбата во Унијата. Луцидноста на Гручо Маркс е неверојатна: „Одбивам да се приклучам […]

Навраќање на Илинден


За почеток еден пролог околу она што постојано го зборува американската амбасадорка Анџела Агелер – за владеењето на правото. И ако може да разбереме колку се далеку овие два света – американскиот и македонскиот. Вчера, петок, се одржа драматично рочиште во Вашингтон, кое би можело да го постави тонот на претстојното судење на поранешниот претседател […]

Судскиот совет се претвори во секта


И новинарите и аналитичарите веројатно ги загубија сите возможни зборови да го објаснат и да го протолкуваат она што се случува во Судскиот совет. Можеби тие ги загубија зборовите, но членовите на Судскиот совет имаат недофатливо широко поле за скаламуции во кое наоѓаат неверојатни можности за понатамошно уништување на угледот на институцијата и калапење придобивки […]