Салвадор во Македонија


Има една чудесна реплика во култниот филм „Третиот човек“ на Керол Рид, едeн мрачен трилер од 1949 година, чие дејство е сместено во Виена окупирана од сојузниците. Орсон Велс, „третиот човек“, криумчар на пеницилин, му го кажува ова на Џозеф Котен во темните улици: „Впрочем, не е толку страшно. Знаеш што рече човекот – во […]

Водвиљ во Владата, а и околу неа


Драмата во „Вреди“ не дојде одненадеж, како што можеби изгледаше пред четири-пет недели, туку таа тлееше подолго време внатре во коалицијата, но не беше јавно изнесена. Таа драма, или караница, министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, само јавно ја изнесе. И го навлече гневот на неговите тројца […]

Новото нормално изгледа прилично страшно


Вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отиде на Гренланд, на местото каде што не го сакаат, и каде што неколку часа пред слетувањето на неговиот авион во американската воена база, беше формирана новата гренландска влада која веднаш им порача  на САД да ги тргнат рацете од островот. Изјавите што ги даде Венс од воената база не се […]

Македонска пештера


На оној огромен протест во Белград минатата сабота, петнаесетина минути пред да дојде ударот од мистериозниот „звучен топ“, една од студентките која говореше од бината на плоштадот „Славија“, рече дека тие прават сѐ српските граѓани да не се дел од онаа позната Платонова пештера. Тоа можеби изгледаше како филозофски претенциозно, па дури и неразбирливо за […]

Еден процент добивка и сто проценти магла


Некои постапки на владата изгледаат гротескни. И одат по работ на довербата на граѓаните. И тоа толку многу брзо откако беше формиран овој владин кабинет. Дали владините партнери сакаат да го испитуваат прагот на трпението на јавноста, дали работат еден без друг да знае или можеби се во прашање корупциски сентименти – тешко дека може […]

Американската бура во македонскиот песок


Само пред два месеци тоа изгледаше како бомба чии шрапнели уште долго ќе летаат низ македонската политика. Артан Груби, тој најдоверлив аѓутант на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше ставен на црната листа на Америка поради корупција. Во одлуката беше наведено дека назначувањето на листата било поради тоа што тој и апелацискиот судија Енвер Беџети […]

Кога се најопасни амбициозните автократи?


Имаше нешто робеспјерско (или на Сен Жист) кога премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот го објави начинот како ќе се пресметува со Судскиот совет, тоа наводно олицетворение на најголем дел од „злото“ што се случува во правосудството: „Цениме дека треба да се удри во чело. Да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти. Ударот во […]

Ајде да анализираме: Што значи да си суверенист во сиромаштија


„Ајде тука да анализираме“ – му рече премиерот Христијан Мицкоски на уредникот Васко Попетревски за време на интервјуто во „360 степени“ на МРТ во понеделникот. Навистина, ајде тука да анализираме. Попетревски го праша премиерот, всушност, повеќе констатираше, дека на инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон од Европа беа во огромен дел претставниците на крајната десница. […]

Во чие срце е Полска?


Порано се пишуваа текстови, анализи, предвидувања на секои шест месеци кога некоја земја членка требаше да го преземе претседателството на Европската унија. Така беше некако слично пред половина година кога кормилото на ротациското водство го презеде Унгарија. Какви сѐ не очекувања се калапеа околу моќта и умешноста на најдолговечниот на власт во ЕУ, Виктор Орбан, […]

Дали веќе треба да ѝ завидуваме на Албанија?


Прашањето од насловот на овој текст може да изгледа несоодветно, па дури и еретичко во нацијата, во која со години дијаболично се повторува дека „не нѐ бива, но сега ќе нѐ биде“, а во исто време е полна со предрасуди кон нашите соседи кон исток и кон запад за наводната наша доминатност, а нивна подреденост […]

О’Брајан, Агелер, Рама и Мицкоски


Веќе знаете дека политиката е чудесна работа. Дека политичарите може долго време да зборуваат едно, а потоа да направат друго. Или да промовираат нешто што изгледа рационално, усогласено, поткрепено со интереси и ставови, а потоа наеднаш да се протежираат поинакви нешта. Во голем дел проценките зависат од моментот и од интересите што се превладувачки. Во […]

Црна листа, сиви тенденции


Легендарниот југословeнски новинар од Хрватска, Миљенко Смоје, некоја година пред да почине (во 1995) раскажа една епизода како почнале неговите проблеми со комунистичките власти во првите години по ослободувањето. Како млад новинар на „Слободна Далмација“ во неговиот Сплит тој напишал една кратка белешка за зголемените цени на кафето во рестораните на сплитската рива. Насловот на […]

Како се навестуваше сломот во Букурешт во 2008


Што мислите, која од овие оценки за историјата и нејзиното повторување најмногу би одговарале на ситуацијата во којашто се наоѓа сега Македонија заглавена на патот кон ЕУ и онаа што беше пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 каде државава го доживеа еден од своите тешки сломови. Некои од нив веројатно ви се познати, […]

Како го засакав Макрон откако го замразив францускиот предлог


Насловот на овој текст е слободна парафраза на името на филмот на Стенли Кјубрик од 1964 година – „Д-р Стрејнџлав или: Како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата“. Приказната во оваа црна комедија, која е политичка сатира на најжешките моменти од Студената војна (како Кубанската криза), се однесува на еден непоколеблив […]

Позлатено или златно доба


Откако беше јасно дека Доналд Трамп ги освои потребните 270 електорски гласови, новоизбраниот американски претседател им се обрати во Мар-а-Лаго во Флорида околу 2,30 часот на своите егзалтирани поддржувачи ветувајќи дека ќе го води „златното доба на Америка“ откако го започна „најголемото политичко движење на сите времиња“. „Никогаш немало вакво нешто во оваа земја, а […]

Професорите беа „фрлени под автобус“ за да се заштити Сиљановска


За колегите на Гордана Сиљановска-Давкова од Правниот факултет, Методија Каневчев и Гордан Калајџиев, четирите месеци во Комисијата за помилување на претседателката на државата беа брутално соочување со она што само го гледаат и коментираат отстрана – дека политиката без трошка милост ги изеде како да не било ништо, па дури и ако имало пријателства. Има […]

Писмото


Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Вакви дилеми изгледа го мачат македонскиот премиер откако се врати од самитот на Берлинскиот процес во Берлин. Пред да отиде на лидерската средба беше сигурен дека ќе напише писмо до европските лидери за да им ја објасни позицијата на новата […]

Ова ВМРО или она ВМРО


Имаше една многу интересна епизода на годинашнава конференција на британските конзервативци, каде четворицата кандидати за наследник на престолот на ториевците  се претставија во некаков „натпревар по убавина“. Таа епизода, всушност, јавно го покажа духот на Маргарет Тачер кој продолжува да ги прогонува конзервативците. Во Бирмингем, каде што се одржуваше конференцијата, имаше сеанса за Маргарет Тачер; настан […]

Како Александар Николоски користи алтернативни факти


Зошто политичарите сакаат да претеруваат, да потценуваат, да манипулираат со факти, а не често и да лажат? Веројатно заради самата природа на политиката. Особено овде. Во Македонија јадрото на политиката е да се оцрнува политичкиот противник (па и оној кој не учествува во политичките настани) што е можно повеќе, секој ден ако треба, со вистинити […]

Осамени маргиналци


Нема ништо спектакуларно во политиката кога една нова влада се оддалечува од она што го правела претходната или тие пред неа. За тоа се и политичките борби и излегувањето на избори. Во некои случаи тоа означува драматичен раскин со она што го правеле претходници. Во други случаи, некои од претходните политики, кои можат да им […]