Штип и Карбинци имаат подготвено проекти за вториот повик од унгарскиот заем


Општина Штип и Карбинци подготвени за вториот јавен повик од страна на владата за искористување на средства до 15 милијарда денари. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека со десетина капитални проекти ќе аплицира Општина Штип за развој на самиот град. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека ќе аплицира четири проекти. […]

Како ќе влијае изградбата на најголемиот ветерен парк на животната средина?


Во општините Штип, Карбинци и Радовиш ќе се гради најголемиот ветерен парк во Западен Балкан кој ќе се простира на 326 хектари. Градежните активности  ќе започнат во втората половина  на оваа година, беше истакнато во Штип на денешната  јавна презентација  на оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА).   Тања Димитрова-Филковска специјалист […]

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска соопшти дека амбицијата на Владата е во следниот период да пушти возови до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани, како и да ја врати целосно линијата до Кичево. Како што изјави Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”, момнентно во земјава се активни пет возови за патнички сообраќај, […]

Меѓу Штип, Карбинци и Радовиш ќе биде еднa од најголемите ветерни електрани во Западен Балкан


  ШТИП – Компанијата „Алкараз енерџи“ чие седиште е во Дубаи, ќе гради огромен ветерен парк кој главно ќе биде лоциран во Општина Штип, а ќе зафаќа делови и од општините Карбинци и Радовиш. Проектот кој денес беше претставен пред заинтересирани институции, организации и поединци од спомнатите општини ќе има капацитет до 396 мегавати и […]

Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ годината ја започнува со осум театарски претстави и десет изведби во февруари


ШТИП – Осум тетарски претстави репризно ќе бидат изведени во текот на овој месец, од кои две ќе бидат прикажани по двапати. Тоа се претставите Лекција, Женидба, Јас, на некое друго место, Пијани (два пати) Сите прекрасни нешта (два пати) Како што сакате, Избувливиот човек и Стан 54. Претставата Избувливиот човек е на НУЦК „Бели […]

Во Штип амбулантите се полнат со пациенти со симптоми на грип и слични на грип


Амбулатните речиси полни, граѓаните со сиптоми на грип и заболувања слични на грип. Пикот се очекува кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец, иако бројката на заразени и пациенти кои барале лекарска помош веќе се зголемуваат. Валентина Митрова специјалист по општа и семејна медицина во ПЗУ ,,д-р. Миташев” вели дека единствена позитивна работа […]

Штип, по долги години, ќе организира пречек на Нова година


Општина Штип на 31 декември на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе организира забава, односно пречек на Нова година, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Тој посочи дека забавата почнува по 21 часот, со познати музички имиња и бендови од Штип. -Ќе имаме богата музичка програма, со можност за служење на пијалаци, јадења, за оние […]

Јорданов најави изградба на две нови населби во Штип


Со цел да се излезе во пресрет на граѓаните, кои сакаат да си изградат сопствени куќи, но и да се намали и цената на метар квадратен на становите во Штип, денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов најави дека освен изградба на нова населба со индивидуални куќи меѓу населбите Сењак 4 и Баби, Општината ќе […]

Обвинение за убиство при семејно насилство во Штип


Основното јавно обвинителство Штип поднело обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во текот на истрагата се обезбедиле докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно […]

Штип со историски најголем буџет од над 30 милиони евра за 2025 година


ШТИП – Општина Штип за 2025 година ќе има историски најголем буџет. Вкупниот буџет кој Советот на општината го усвои на денешната седница е проектиран на 1.886.896.000 денари, што е нешто над 30 милиони евра. Буџетот пред советниците го елаборираше градоначалникот Иван Јорданов кој рече: „Изминатите три години успеавме да генерираме развој на општината со […]

Во штипската Клиничка болница се отвори амбуланта за васкуларна хирургија


 Амбуланта за васкуларна хирургија од денеска официјално е отворена во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден е потпишан договорот со Универзитетската клиника за Тораковасуларна хирургија и Клиничка болница, со што доктор специјалист по васкуларна хирургија ќе врши прегледи во штипската болница. Пациентите ќе имаат можност […]

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата – учениците ослободени


Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели […]

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип


Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното нервно одделение, каде што во моментов и интензивно се доградува […]

Невладините бараат убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид


Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од […]

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница


Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ. Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата […]

Штипската Клиничка болница работи со помош на агрегат, проблемот со струјата ќе се надмине по полноќ


Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е средно напонски кабел, потврди за МИА вечерва директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев. Тој истакна дека пациентите кои се критични и се хоспитализарни во болницата или доколку се […]

Почнаа Деновите на модата во Штип


Со три модни ревии синоќа почнаа Деновите на модата во Штип. Во една од празните фабрички хали на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ се реинкарнираше модната индустрија во градот, во кој се сконцентрирани најголем дел од конфекциите во земјава, кои имаат, пред се, лон производство. Но, во изминатите години неколку штипски компании почнаа да создаваат свои […]

Кај Тркање загина пешак, во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани


AMСМ известува за прекин на сообраќај: Од 8 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на с.Тркање, сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода. Истиот се пренасочува по експресниот пат.  Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање. Од СВР […]

Таравари: Акцелераторот во Штип не е распакуван, да се размисли дали може да се стави во употреба каде било


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, а не е ниту распакуван. – Не е лошо да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било – вели Таравари. Кога вчера бил во штипската болница, го прашав раководството каде е апаратот. – За жал, […]

Кај „Света Недела“ во Штип ќе „никне“ населба од 41 куќа за ромски семејства


Штип ќе биде општина-пионер во Македонија во изградбата на компактна населба за ромската заедница која со 2.301 жител е втора по бројност во општината. Во месноста „Света Недела“ ќе се градат 41 куќа за ромски семејства кои претходно живееја кај старото одделение за нервни болести во населбата Сењак. -Вкупниот буџет изнесува 895.400 евра. Донатор е […]