Во Штип утрово нема чад, на терен поголем број луѓе и механизација


На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна. Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб доцна синоќа ги повика граѓаните […]

Два пожари на гробиштата во Штип – свеќите не ги фрлајте во тревата!


 Два пожари за само четири дена сe регистрирани на градските гробишта во Штип. Од штипското комунално претпријатие „Исар“ апелираат граѓаните да бидат крајно претпазливи и да внимаваат со цел да не се подметне пожар од мало невнимание и со тоа да се отежни работата на пожарникарите, но и да се создадат материјални штети. – На […]

На 100 годишнината хотелот „Гарни“ во Штип оди на продажба


ШТИП – Хотелот „Гарни“ кој е лоциран спроти судската палата, на атрактивна локација речиси во центарот на градот, и е покрај реката Отриња, оди на продажба. Општина Штип која е сопственик на овој објект нема намера да го користи хотелот, а советниците во Општинскиот совет на денешната седница одлучија тој да биде продаден. Чинот на […]

Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен, наесен ќе започнат градежните активности, најави Мицкоски


Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен и ќе биде завршен за два-три месеци, по што наесен ќе започнат градежните активности на самата болница, најави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој во посета на штипската болница беше заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, посочи дека изградбата на болницата, заедно со болницата во Кичево е заедничко […]

ДИТ ќе поднесе кривична пријава против штипски ресторан, каде во лифт загина еден пензиониран кувар


Државниот инспектор за труд (ДИТ) ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство во Штип против фирмата ДУТ КАКАДУ ДООЕЛ Штип, во чиј угостителски објект на 18 мај се случи трагедија во која загина еден пензиониран кувар, а еден работник се здоби со тешки телесни повреди при пад на лифт. Во соопштението, кое денеска е лиферувано […]

Ултрамаратонката Радмила Јованова: Верувајте во своите соништа и борете се за нив


Пред повеќе од една година ја истрчав мојата прва трка над 100 километри. Оттогаш па наваму, уште повеќе сум сигурна дека сите бариери се во нашата глава. Верувајте во своите соништа и борете се за нив, порачува ултрамаратонката Радмила Јованова од Штип, која е една од неколкуте жени кои во земјава трчаат ултра маратон, а […]

Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект


Стабилна е состојбата на 56 годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна […]

Несреќа во лифт во угостителски објект во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот


Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип. Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип. Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од […]

Пендаровски од Штип: Зад моето име нема криминал, корупција или наместени тендери


Вчеравечер, на вториот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски зборуваше пред граѓаните на Штип. Истакнувајќи дека во текот на кампањата сите граѓани ќе бидат исправени пред истата дилема како пред 10 или 20 години, односно дали да им дадат доверба на квази патриотите или на оние кои покажаа дека знаат како да […]

Штипска Брегалница се дави во отпад, пречистителната станица актуелна осум години


Пластични шишиња, ќеси, лименки, телевизори, делови од автомобили, градежен шут го „красат“ коритото, но и водата во реката Брегалница, почнувајќи од бањата „Кежовица“ се до мостот на експресниот пат Штип-Радовиш, каде е главната колекторска цевка на градот Штип. МИА на 22 март кога штипјани го празнуваат неколкувековниот обичај „Четрсе“ и доаѓањето на пролетта беше во […]

Кривична пријава против 26 лица – набавувале помалку нафта за училишта во Штип, а наплаќале повеќе


СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против З.А.(51) од Неготино и Љ.П.(43) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против А.М.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, […]

Во центарот на Штип се гради втората катна гаража


Се гради и втората катна гража кај Стоковната куќа „НАМА“ во Штип. Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов истакна дека градежните активности ќе траат наредните два месеца. Посочи дека со оваа катна гаража градот ќе добие нови 27 паркинг позиции, а со тоа ќе се растерети улица „Ванчо Прќе“, која општината има намера да на […]

Стариот пазар во центарот на Штип ќе стане паркинг простор


Стариот градски пазар во Штип ќе се пренамени во паркинг простор. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека на овој простор ќе има четириесетина паркинг места. Одлуката е донесена од причина што овој пазар не бил искористен во полн капацитет, а можност за паркинг места има и со тоа што веќе […]

Поради неквалитетна изведба од операторот, неколку штипски улици повторно асфалтирани


Во Штип поради неквалитетна реконструкција на неколку улици денеска економскиот оператор повторно ги асфалтираше. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека улиците „Пиринска“, „Иво Лола Рибар“, „Митко Цецов“ се само дел од улиците во Штип кои се асфалтирани со несоодветен и неквалитетен асфалт. Посочи дека граѓаните кои живеат на овие улици […]

Педесет ученици заминале во странство, второто полугодие нема да го продолжат во Штип


Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале во странство. Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во […]

Опфатени уште две карбински села со автобускиот превоз на штипски „Стипион“


Се проширува возниот ред и за жителите на уште две села во Општина Карбинци. Од овој месец  можат да го користат јавниот автобуски превоз кој го организира штипското Јавно претпријатие „Стипион“. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов информира дека жителите на неговата општина имаат можност да користат јавен превоз два пати во текот на денот […]

Штип ќе има полузатворен Градски пазар


Од следната недела почнува изградбата на полузатворениот Градски пазар во Штип, информираше денеска раководителот на работна единица Градски пазар при ЈП „Исар“-Штип, Димче Колев. Тој во денешната изјави рече дека од следниот петок сите тезги на Градскиот пазар во Штип ќе бидат сместени во долниот, покриен дел на пазарот. Ваквата одлука доаѓа во насока на […]

Во Штип поставени контејнери за селекција на електронски отпад


 Поставени се 11 контејнери за селекција на електронски отпад во централното градско подрачје во Штип. Контејнерите се донација од скопска фирма, а целта е електронскиот отпад, кој е опасен, да не се меша со комуналниот отпад. Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков вели тенденција е вакви контејнери да се постават и на други локации […]

Штипскиот градоначалник бара корекција за блок дотациите што пристигнуваат за пожарникарите


Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов бара министерството за одбрана да ги коригира блок дотациите за пожарникарите, што ги добиваат општините во земјава. Забележува дека не се почитуваат законските одредби кога станува збор за распределба на средствата со кои се исплаќаат платите на пожарникарите. Општината Штип добива средства само за десет пожарникари, а според бројот […]

Во штипскиот регион активни два пожари


Пожарот меѓу штипските села Калапетровци и Кошево е под контрола, пожарникари на ТППЕ-Штип во текот на ноќта дежурале на терен, информира командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев. Според првичните информации во текот на вчерашниот ден огнената стихија зафатила над 70 хектари мешана шума, нискостеблести растенија, а во гаснењето на пожарот беа вклучени десеттина пожарникари, двата ер […]