Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци


Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката која останала парализирана по втор царски рез, дали има лекарска […]

Околу еден милион денари е штетата по невремето, на кровните конструкции на училиште и градинка во Штип


Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека […]

Клиничката болница во Штип не прима пациенти со скршеници – оштетено одделението за ортопедија


Клиничката болница во Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион во наредните денови да не ги праќаат пациентите со скршеници или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетата од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час […]

Со багер му срушиле дел од куќата во Штип, додека семејството спиело


Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил оштетен откако градежна механизација започнала со уривање додека тој и неговото семејство се наоѓале во објектот. Според неговото сведоштво, настанот се случил околу 4 часот наутро, кога багер пристигнал пред куќата и со корпата двапати […]

Изгаснат пожарот во штипската викенд населба Кумлак


Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано […]

Пожарот над Штип под контрола


Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на […]

Голем пожар беснее над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција


Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени.   Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по […]

Штипскиот градоначалник Јорданов направи смена на директорите на детските градинки


Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше за смената на директорите на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Ивана Ангеличкова заминува на директорската позиција на градинката на „Астибо“, а на нејзиното место за вршител на должност директор на „Вера Циривири-Трена“ е назначена Ана Јакимова.  Јорданов посочи […]

ОЈО го истражува случајот со 65-годишникот кој во образовен центар во Штип допирал девојчиња. МОН: Не е во системот


Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за недозволени полови дејствија врз три малолетни девојчиња помлади од 15 години. Според информациите од обвинителството, постои сомнение дека осомничениот во периодот од септември 2023 до 11 мај 2026 година, додека им држел дополнителни часови во образовен центар, ја злоупотребил довербата […]

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип


Секторот за внатрешни работи-Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена 20-годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници  излегле на местото и било констатирано дека се работи за […]

Штипска Клиничка болница утре ќе го објави огласот за вработување на 23 болничари, акушерки и медицински сестри


Утре ќе биде објавен јавниот оглас за пополнување на 23 работни позиции во Клиничка болница (КБ)-Штип најави денеска директорот на КБ-Штип, Владко Захариев. Тој појасни дека овој оглас е за вработување на помошен медицински и технички персонал. Станува збор за пополнување на работни места за болничари, акушерки, медицински сестри. Во текот на наредната недела ќе […]

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова


Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата […]

По Дино паркот и затворениот базен во Штип оди под закуп


Затворениот базен во Штип што беше најавуван како училиштен, каде учениците од основните училишта ќе учат пливање, ќе биде даден под закуп. На денешната седница на Советот на општината, на дневен ред е точката со која треба да се огласи затворениот базен, јавува Канал 77. Проценетата пазарна вредност изнесува 30,4 милиони денари (495 354 евра), […]

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за ветерниот парк во Штип


„Алказар Енерџи“ ја објавува Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ESIA) за ветерниот парк Штип и ја става на јавен увид, што претставува значајна пресвртница во развојот на проектот кој треба да стане најголемиот проект за обновлива енергија во Северна Македонија, соопштија од компанијата. Со планиран инсталиран капацитет до 396 […]

Штип вечерва ќе оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“


Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и  Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18:30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Во рамките на спомен обележјето […]

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина


Во Основниот суд Штип денеска почнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б. Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар. Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според исказот […]

Штип ќе добие Иновациски центар за поддршка на претприемништвото и иновациите


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска потпишаа Меморандум за основање на Иновациски центар – Штип, којшто ќе биде одржлив модел за соработка во областа на претприемништвото, иновациите и локалниот економски развој. Ректорот на УГД-Штип, Мираковски вели дека […]

Поставени камери на игралишта, училишта, градинки, паркови во Штип


Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата, градинките, парковите во Штип нема да се користат за системот „Безбеден град“ вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека овие камери, кои ќе се постават на 156 локации треба да го спречат вандализмот, односно девијантното однесување и уништувањето на парковите, […]

Се сруши потпорен ѕид во Штип, оштетени се неколку автомобили


На улицата „Љубен Иванов“ во Штип потпорен ѕид се сруши и падна врз паркирани автомобили, јавуваат локалните медиуми. На фотографиите и видеата кои беа објавени од местото на настанот се гледа дека големи бетонски блокови, земја и камења предизвикале значителна материјална штета врз најмалку две патнички возила. На видеото кое го објави телевизијата „М-нет“ се […]

(Видео) Пожар зафати куќа во Штип


Голем пожар избувна денеска во Штип при што зафати семејна куќа. Огнот брзо се прошири поради запаливата конструкција на покривот, а густ чад се издигаше високо над населбата, објави телевизијата Мнет. Покрај пожарникарите, на местото пристигна и екипа на Брзата помош, подготвена да реагира во случај на повредени лица или граѓани кои вдишале чад. Дел […]