Во целосен прекин експресниот пат Штип на крстосницата кај село Крупиште


Министерството за внатрешни работи информира дека на 21 мај 2025 година (среда), од 09:15 часот, ќе биде извршен целосен прекин на сообраќајот на експресниот пат Штип, на делницата од крстосницата кај село Крупиште до раскрсницата кај село Спанчево. Прекинот е поради потреби на МВР, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат. Од МВР апелираат […]

Јаневска: За едносменска настава за сите потребни се најмалку 300 нови училници


Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска го посетија подрачниот објект на основното училиште „Ванчо Прке“ во населеното место Ново Село, каде локалната самоуправа со поддршка на министерството инвестира во подобрување на условите за настава и воведување на продолжен престој. „Инвестицијата ќе одговори на барањето на […]

Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници


Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше Никола Костадинов физијатар на Одделението за Физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Тој истакна дека со македонските тимови работеа со сертифициран тим од […]

Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти


Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а […]

Затворски полицајци барале скап часовник на затвореник кој кучката Цеца му го изгубила (видео)


Чудно видео лиферуваше Управата за извршување санкции на кое се гледа како затворски полицајци пропуштаат возило во затворот во Штип, без притоа да го регистрираат дека такво возило влегло во затворот, а потоа повеќе полицајци бараат нешто во тревата во затворскиот двор. Имено, затвореникот Ж.Ж. си играл со кучката Цеца, а имал скап часовник, кој […]

Пет странски компании заинтересирани за отворање на фабрики во ТИРЗ Штип


Пет странски компании се заинтересирани да инвестираат и да отворат фабрики во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)  Штип, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање по официјалното отварање на фабриката „Магна мехатроникс“ во ТИР зоната во Штип. -Има неколку компании коишто се заинтересирани да инвестираат овде во Штип, односно во овој ТИРЗ […]

Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип


 Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот капацитет на „Магна“, странски инвеститор во Штип, со нови 500 – 600 вработени. -Странски инвестиции секојдневно доаѓаат, разговараме и имаме некои петнаесетина што се во процес на развивање и очекувам од тие најмалку половината да […]

Повредени тројца припадници на АРМ: Армиското возило било удрено од цивилно возило


Денеска на патниот правец Штип-Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел, информираат од АРМ. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени […]

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип


 Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови),  за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип.  Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по […]

Штипските средношколци со протест и марш низ улиците порачаа „Секој еден може да е следен“


Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа […]

Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани


Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова. -По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите  од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка […]

Сообраќајка на експресниот пат Штип, сообраќајот се пренасочува по магистрален пат Штип – Радовиш


Поради сообраќајна незгода, утрово од 8:10 часот, сообраќајот на експресниот пат Штип, после село Лакавица е во прекин. Сообраќајот, како што соопшти АМСМ, се пренасочува по магистрален пат А4, Штип – Радовиш. 

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените


 Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата.  Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата.  Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови. […]

Со средства од унгарскиот заем ќе се реставрира и реконструира Акрополот на тврдината „Исар“ во Штип


Општина Штип денеска  ќе го достави проектот до mинистерствата за култура и туризам и за локална самоуправа за реконструкција на Акрополот на тврдината „Исар“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска информираше дека проектот ќе се финансира преку вториот јавен повик за искористување на средства од унгарскиот заем. -Децениски сон на штипјани, коишто досега се […]

„Акуо“ го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип


ШТИП – „Акуо“, глобален лидер во обновливите извори на енергија и посветен поддржувач на одржливиот развој, ја потврди својата посветеност кон создавање позелена иднина преку одржување интерактивна работилница во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Настанот се одржа во присуство на владини претставници, бизнис лидери, еколошки експерти, студенти и претставници од земјоделскиот и енергетскиот […]

Завршува изградбата на конзолата во центарот на Штип, ќе се градат дополнително и две катни гаражи и една платформа


Во завршна фаза е изградбата на пешачката конзола од мостот кај Стопанска банка до мостот кај Градскиот плоштад „Слобода“, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Тој истакна дека на овој дел ќе дојде до проширување на коловозот, со што ќе се овозможи побрз проток на сообраќајот, како и повеќе паркинг места. Јорданов најави […]

Реновирани четири соби за родилките во штипското Одделение за гинекологија и акушерство


Четири соби за родилките и нивните новороденчиња, однонсо апартмани се целосно уредени на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип. Заменик директорката на болницата Билјана Ефтимова на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за донација од општествено одоговорната компанија „Техникал Текстајл“, која се наоѓа во ТИР зоната во Штип. Донацијата е вредна 10.000 […]

Штип почна со доставување на проекти за искористување на парите од вториот повик за унгарскиот заем


 Општина Штип почна со доставувањето на проектите кои ќе се финансираат преку вториот повик на Владата со средствата обезбедени од унгарскиот кредит. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова денеска изјави дека на Штип му се на располагање околу 400 милиони денари, или околу 6,5 милиони евра од вториот повик, со кои ќе се реализираат осум […]

Пожар избувна во куќа во центарот на Штип


 Во куќа на улицата „Мирче Ацев“ во централното градско подрачје на Штип претпладнево избувна пожар. Нема повредени во пожарот. Десет пожарникари со три возила го гаснеа пожарот, кој ја зафати кровната конструкција на куќата. Според информациите од командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов пожарот е ставен под контрола.  Дополнително ќе се утврдува за причините на пожарот. 

Се степале двајца хирурзи во операциона сала во штипската болница


Двајца лекари се степале во Клиничката болница – Штип во текот на вчерашниот ден. Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е пријавен вчера кај нив во 12:45 часот. -На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – […]