Штипјани со денови дишат загаден воздух, ветерот стивна, се појави маглата


Иако Штип во текот на годината важи за еден од почистите градови – токму благодарение на честите ветрови што го разнесуваат загадувањето – последните десет дена ситуацијата е поинаква. Штипјани деновиве дишат загаден воздух бидејќи ветерот го нема и се појави маглата во градот. Според податоците од мерната станица на лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце […]

Двегодишно дете завршило во штипската болница со повреди и опекотини, го однела тeтка му


Двегодишно дете било донесено во штипската болница со повреди и опекотини.  – На 02.12.2025 во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото. Детето е задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, соопштија од полицијата.  За […]

Почна судењето за убиството во кафеана во центарот на Штип


Под строги полициски мерки за обезбедување и во големо присуство на јавноста и семејствата пристигнати од Турција, во Штип започна судењето за пет турски државјани обвинети за убиството на Енес Оздемир, кое се случи во мај годинава.  Судењето не се одржа во Основниот суд, туку во големата сала на Апелациониот суд поради големиот интерес и […]

Се расчистува теренот околу штипската Автобуска станица за изградба на вториот „Лидл“ маркет


Почна расчистување на теренот околу Автобуската станица во Штип, каде што треба да се гради вториот „Лидл“ маркет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов потврдува дека на оваа локација ќе има и маркет, но и Автобуска станица со поразличен изглед од сегашниот. Дополнително во напредна фаза се активностите и за изградба на првиот Лидл маркет […]

Во Штип ќе се отвори првиот Центар за рехабилитација на лица со посебни потреби


 Штип ќе биде првиот град во кој ќе се отвори Центар за рехабилитација на лицата со посебни потреби. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за МИА потврди дека тендерската постапка за преадаптација на дел од просториите во Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ е во тек, а ја реализира ресорното министерство за социјална политика, демографија и млади. […]

Пет лица повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми


Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случи кај штипската населба Три чешми. Од Клиничка болница Штип информираат дека повредените не се во животозагрозувачка состојба, а од нив две лица се на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија. Во тек се испитувањата и снимањата на пациентите. Несреќата се случи по […]

Поради сообраќајка во прекин патот Штип – Велес


 На експресниот пат Штип – Велес попладнево се случила сообраќајна несреќа. Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај за состојбата на патиштата информира дека сообраќајот е во прекин во двата правца. 

Осумнаест лекари и здравствен персонал по изборите ќе ги добијат решенијата за вработување во штипската Клиничка болница


Во завршна фаза е огласот за вработување на 18 лица во Клиничка болница- Штип, одлуката е донесена, но  се чека завршување на Локалните избри. Директорот на Клиничка болница- Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во процедура е уште еден оглас со кој би требало да се вработат нови 25 лица. Со овој оглас акцентот се […]

Штип доби затворен базен


Во Штип денеска во употреба е пуштен затворениот базен, чија изградба неколку години беше стопирана. На свеченото пуштање на затворениот базен, присуствуваа премиерот, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Како што истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, конечно се […]

Почна штипската „Пастрамалијада“


Со сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ почна 17. издание на манифестацијата штипска „Пастрамалијада“. По тој повод во Штип присуствуваше вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, како и пратениците во Собранието, Никола Мицевски и Душко Иванов. Николоски истакна дека ваквите настани и манифестации се значајни за локалните економии, кои со […]

Граѓаните на Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“


Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ вечерва на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќи им одаваат почит на 62. жртви, меѓу кои и петмина штипјани. Градскиот плоштад „Слобода“ вечерва е полн со граѓани, кои со тага, болка и непребол им одаваат почит на загинатите во најголемата трагедија во поновата македонска историја, […]

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо


Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август  на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев  денеска за […]

Обвинение за таткото што нападна малолетни играчи на фудбалски натпревар во Штип


Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Насилство“, по инцидентот што се случи на 24 август на фудбалскиот стадион „Бело Брдо“ во Штип, за време на натпревар меѓу пионерските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје. Според обвинението, обвинетиот со грубо насилство ја загрозил сигурноста […]

Родители тепаа туѓи деца: Инцидент во Штип на фудбалски натпревар од пионерската лига на Македонија


  И тоа почна да се случува. Да има тепачки кога играат пионери во државната лига во фудбал. Родители влетуваат во теренот да тепаат деца од противничката екипа. Инцидент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип […]

Кај Штип ќе „никнат“ 55 ветерници, ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства


  Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.  Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон […]

Се уредува објектот на штипската модуларна болница за амбулантите преку „Мој термин“


Во објектот на штипската модуларна болница се работи на поставување мебел, клима уреди, а се со цел во најбрзо време да биде функционална и да се отворат специјалистичките амбуланти за „Мој термин“, информира директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев. Тој истакна дека во соработка со Општина Штип ќе се работи и на времен паркинг простор […]

Сред кружен тек 20-метарски крст никнува на „Партизанска“ во Штип


Советниците на денешната седница на Советот на општина Штип „аминуваа“ поставување на крст висок 20 метри, кој ќе биде поставен во средината на новиот кружен тек кој ќе се гради кај АМСМ во Штип. Крстот ќе биде донација од бизнис секторот и е планиран на местото на сегашните дивоградби на булеварот „Партизанска“, пишува ММС. Како […]

Општина Штип инкасираше околу 31 милион денари од данок на имот


Општина Штип до денеска наплатила околу 50 отсто од предвидените средства, кои граѓаните ги плаќаат за данок за имот. Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели дека ако се направи споредба со претходната година, до 30 мај 2024 година беа нaплатени 30 отсто од предвидени 54 милиони денари за таа тековна година. […]

Распишан повик за доделување на стипендии за младите штипски спортисти


Општина Штип за првпат распиша јавен повик за доделување стипендии од областа на спортот како директна поддршка на младите и талентирани спортисти од општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и Никола Костадинов, претседател на Комисијата за спорт при Советот на Општина Штип на денешната прес-конференција информираа дека стипендиите се наменети за ученици-спортисти кои […]

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Штип


Во 11:25 часот нормализиран е сообраќајот на експресниот пат Штип, од крстосница кај с.Крупиште до крстосницата кај с.Спанчево, соопшти АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од 09:15 часот поради потреби на МВР. Сообраќајот беше пренасочуван по стариот пат.