Анкета: Во Црна Гора 61 отсто од населението едвај врзуваат крај со крај


Дури 61 отсто од граѓаните на Црна Гора едвај врзуваат крај со крај, покажуваат резултатите од истражувањето за приходите на населението, јавува РТЦГ.  – Вкупно 61 процент од населението на Црна Гора преку оваа анкета кажа дека е многу тешко или тешко се врзува крај со крај, а само 0,9 отсто, помалку од 1 отсто, […]

Кој е Јаков Милатовиќ, човекот што го победи Мило Ѓукановиќ


  Многумина пробаа, никој не успеа. Барем до денеска. Но тоа му успеа на младиот политичар Јаков Милатовиќ. Тој успеа да го победи во вториот круг на претседателските избори во Црна Гора досега неприкосновениот политичар Мило Ѓукановиќ, кој беше алфа и омега во оваа земја уште во последните години на Југославија. Не само што победи […]

Тектонска промена во Црна Гора: Милатовиќ го победи Ѓукановиќ


  Црна Гора е на прагот на најголемата промена во 30-те години по распадот на Југославија и нејзината подоцнежна независност. Јаков Милатовиќ, кандидатот за претседател на Движењето Европа сега убедливо води во вториот круг од претседателските избори, покажуваат првичните резултати. Според прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), врз основа на 62,7 отсто […]

Излезноста до 15 часот во Бугарија – 27,27 отсто, во Црна Гора – 48,97 отсто


Заклучно со 15 часот излезноста на гласачите на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто, а најмал одзив на гласачите има во Сливен – 21,99 отсто, додека највисок е Софија – 34,59 отсто, изјави на брифинг портпаролката на Централната изборна комисија (ЦИК), Росица Матева. БТА потсетува дека до 11 часот излезноста на гласачите во Бугарија беше […]

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ


Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1.162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на Движењето „Европа сега “ (ПЕС), Јаков Милатовиќ. Двајцата кандидати освоија […]

Во Црна Гора просечната нето плата во февруари 771, а бруто 958 евра


Според податоците на Заводот за статистика МОНСТАТ, просечната нето-плата во февруари годинава во Црна Гора бележи зголемување од 1,8 отсто во однос на претходниот месец и 9,2 отсто во однос на истиот месец лани. Според истите податоци, просечната месечна бруто-плата во февруари годинава изнесува 958 евра, додека просечната плата во нето износ е 771 евро, […]

Ѓукановиќ уверен во победа, без оглед на излезноста


Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека е уверен оти ќе победи во вториот круг од изборите на 2 април, без оглед на тоа колкава ќе биде излезноста и оцени дека Србија и Русија продолжуваат да се мешаат во изборните процеси и внатрешните политички состојби во Црна Гора. Гостувајќи на […]

Претседателски избори во Црна Гора: Влегување во ерата по Ѓукановиќ


  Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, Словенија, редовно ги анализира настаните на Блискиот Исток, на Балканот и низ целиот свет. ИФИМЕС ја анализира ситуацијата во Црна Гора пред вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат на 2 април 2023 година. Од анализата „Црна Гора – Претседателски избори 2023: […]

За 11 години околу 70.000 граѓани од Црна Гора заминале во земјите на ЕУ


За 11 години од Црна Гора заминале 69.495 граѓани во земјите на Европската унија., покажуваат податоците на Евростат. Податоците се однесуваат на периодот од 2010 година до 2020 година и не ги опфаќаат 2021 и 2022 година, во спротивно бројот на оние што ја напуштиле Црна Гора би бил уште поголем. Според Адриа ТВ од […]

Во Црна Гора се продаваат стотици туристички објекти


Неколку стотици туристички објекти, односно хотели, апартмани, вили и слични објекти низ Црна Гора се огласени за продажба, покажуваат податоците од веб-страниците за продажба на недвижен имот. „Дан“ пишува дека овие податоци треба да ги загрижат властите, со оглед на тоа што туризмот долго време е главната економска гранка во земјава која остварува најголеми приходи. […]

Црна Гора: Како економистот Јаков Милатовиќ стана регионална ѕвезда


  Кандидатот на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, заедно со актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, оди во вториот круг од претседателските избори. Според проценките, Ѓукановиќ освои 35,3 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,9. За Милатовиќ сега се зборува во целиот регион, а еве како го претставува „Нова.рс.“ човекот кој ќе му се спротивстави […]

Претседателот на Црна Гора го распушти Парламентот


 Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска го распушти Собранието, што е увертира за распишување вонредни парламентарни избори врз основа на спорните измени на Законот за претседател.  Во своите јавни настапи правниците не се договорија дали Ѓукановиќ треба да постапи согласно спорниот закон, чија уставност е под знак прашалник, пренесе Бета.  „Се распушта 27. свикување […]

Годишната инфлација во Црна Гора над 15 отсто


  Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, во февруари во однос на јануари се во просек за 0,5 отсто повисоки, покажуваат податоците на Монстат. Во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 15,1 отсто. Во претходната година најмногу поскапеле млекото, сирењето и јајцата – дури […]

Амбасада на САД: На Црна Гора ѝ се потребни вонредни парламентарни избори


Амбасадата на САД во Подгорица изрази загриженост поради напорите на старото парламентарно мнозинство за формирање нова влада и оцени дека на Црна Гора и се потребни вонредни парламентарни избори. Во изминатите денови медиумите објавија дека премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, се обидува да ја реконструира владата на која парламентот и изгласа недоверба во август. […]

Црна Гора се задолжи кај Дојче банк 100 милиони евра со каматна стапка од 9,3 отсто


  Долгот на Црна Гора од 100 милиони евра кај Дојче банк по каматна стапка од 9,3 отсто е најскапиот во историјата на Црна Гора, велат соговорници за РТЦГ. Тие се согласуваат дека државата можела да се задолжи и по поповолни услови на домашниот пазар бидејќи се убедени дека поради трошокот на кредитот и очекуваниот […]

Црна Гора воведува данок на екстра профит


Владата на Црна Гора планира како привремена кризна мерка да воведе дополнителен данок за сите компании чии приходи во минатата и оваа година надминуваат пет милиони евра. Како што пренесува подгорички „Вијести“, компаниите кои се даночни обврзници согласно Законот за данок на добивка на државата ќе треба да и плаќаат  солидарен придонес (данок на дополнителна […]

Црна Гора стана хит меѓу Германците за вложување во недвижнини


  Минатата година германските граѓани и компании инвестирале најмногу пари од сите странци во купување недвижности во Црна Гора. Некои продаваат недвижен имот и во Германија за да започнат туристички бизнис во Црна Гора, пишува Дојче веле. Петчленото семејство Оберендер од Кобург во германската сојузна покраина Баварија првпат ја посети Црна Гора во јуни минатата […]

Црногорската опозиција се уште без договор за заеднички кандидат за претседателските избори


Лидерите на црногорските опозициски партии вчера во Подгорица разговараа за претседателските избори закажани за 19 март и заедничкиот опозициски кандидат за нов претседател на Црна Гора. Најголем дел од учесниците на средбата сметаа дека опозицијата мора да претстави заеднички кандидат за претседателските избори. Порталот РТЦГ јавува дека на средбата присуствувале претставници на парламентарната опозиција – […]

Постигнат договор за тројца кандидати за судии на Уставниот суд на Црна Гора


Претседателката на црногорското Собранието, Данијела Ѓуровиќ, изјави дека членовите на Колегиумот на Собранието на Црна Гора и на Уставниот комитет вчера постигнаа договор за избор на тројца кандидати за судии на Уставниот суд. Во соопштението од Собранието се наведува дека до седницата на Уставната комисија ќе се вложат максимални напори за постигнување договор и потребното […]

Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора


  Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. „Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ. Според неа, Европската унија не сака […]