Дел од противниците на демаркацијата на косовската граница со Црна Гора, поседуваат пасоши на други држави


Дел од косовските пратеници, кои се најгласни противници на демаркацијата на границата на Косово со Црна Гора, што е еден од главните услови за либерализација на визниот режим за косовските граѓани, освен косовски, за себе и за членовте на нивните семејства, поседуваат и пасоши на друга држава, па слободно патуваат во земјите на ЕУ, тврди […]

Догодина се укинува роамингот меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ


Во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија од следната година цените на услугите во роаминг ќе бидат изедначени со домашните. Агенциите за електронски комуникации на четирите земји имаат доставено нацрт договор до ресорните министерства за цените во роамингот во овие земји да се усогласат со цените во ЕУ. Регулаторите, како што пишува црнорска […]

Црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ во посета на Македонија


На покана на министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во официјална посета на Република Македонија ќе престојува министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ. Предвидена е средба на двајцата министри, по што ќе се одржи и средба на делегациите. Министрите за одбрана на Македонија и на Црна Гора потоа во касарната „Гоце Делчев“ ќе […]

Ѓукановиќ се враќа како претседател на Црна Гора


Поранешниот црногорски претседател и премиер и актуелен лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ повторно најави дека не е исклучена можноста на претстојните избори да биде кандидат за претседател на Црна Гора. – На претстојните претседателски избори ДПС ќе предложи доволно квалитетен кандидат, со кој ќе оствари важна политичка победа и ќе […]