Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ


Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна […]

Контрола на банкарските сметки не дозволуваат 18 членови на Владата на Црна Гора


 Дури 18 членови на црногорската влада, вклучувајќи го и премиерот Милојко Спајиќ, не дале согласност Агенцијата за борба против корупцијата (АСК) за контрола на нивните банкарски сметки, пишува подгорички „Дан“. Иако давањето таква согласност не е законска обврска, туку опција што им е оставена на јавните функционери, прашањето за пристап до банкарските сметки повторно ја […]

Построги сообраќајни правила во Црна Гора: Забрана за ноќно возење до 21 година и казни до 400 евра за тротинети


Во Црна Гора денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за младите возачи и корисниците на електрични тротинети, повисоки казни и проширени овластувања на полицијата и општинските служби, јави агенцијата МИНА. Една од најзначајните измени се однесува на возачите на возраст од 18 […]

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно


Собранието на Црна Гора вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои […]

Црна Гора го одбележува Денот на државноста


 Црна Гора денеска го одбележува националниот празник – Ден на државноста, посветен на два историски настани. На 13 јули 1878 година на Берлинскиот конгрес, Црна Гора доби меѓународно признание како независна држава, а на истиот датум во 1941 година, Црногорците се кренаа на бунт против фашистичката окупација. По повод празникот беше одржан официјален прием во […]

Кога Црна Гора ќе влезе во ЕУ ќе добие 3 милијарди евра од следниот буџет на Унијата


  Влезот на Црна Гора во Европската унија ќе чини 3 милијарди евра во следниот буџет на блокот, соопшти Европската комисија во вторникот. Малата балканска земја, за која се очекува да се приклучи на блокот во 2028 година, треба да добива субвенции за земјоделци и регионални исплати од централниот фонд на ЕУ откако ќе стане […]

Црна Гора со ракетна брзина кон ЕУ: Ги затвори поглавјата 2 и 28


  Црна Гора привремено го затвори поглавјето 2 (Слобода на движење на работниците) и поглавјето 28 (Заштита на потрошувачите и здравјето), обете дел од Групата 2, на Меѓувладината конференција што се одржа вчера во Луксембург. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека Црна Гора напредува со голема брзина. Според неа, затворањето на двете поглавја ги […]

Црна Гора воведува енергетски зони: ќе бидат мапирани области погодни за соларна енергија и други обновливи извори


Црна Гора наскоро би можела да добие јасно дефинирани енергетски зони за забрзан развој на соларни, ветерни и други проекти од обновливи извори. Предлогот за измена на законот предвидува мапирање на територијата на земјата, вклучувајќи копно, подземни, морски и внатрешни води, со цел да се утврди каде има најголем потенцијал за производство на зелена енергија. […]

„Екипа на СНС за специјални задачи“: Кои се патниците на кои им беше забранет влез во Црна Гора


  Црногорската гранична полиција на аеродромот во Тиват вчера им одби престој и кратко пред 16 часот врати во Белград 87 српски државјани, меѓу кои има претежно лица со криминално досие, а со години се споменуваат во српските медиуми како лица ангажирани во специјални задачи на режимот на Српската народна партија (СНС), објавуваат подгорички „Вијести“. […]

Трамп предложи амбасадори за Србија, БиХ и Црна Гора. Македонија уште не е дојдена на ред


  Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го номинираше Мајкл Јанг од Јута за амбасадор на САД во Србија, објави Белата куќа. Србија нема амбасадор од Соединетите Американски Држави од јануари 2025 година, кога истече мандатот на претходниот амбасадор Кристофер Хил. Со декретот од 1 јуни номинирани се и амбасадори на САД за Босна […]

Просечната нето плата во Црна Гора е 1.029 евра, највисоки се во финансискиот, енергетскиот и ИКТ секторот


Просечната нето плата во Црна Гора во април 2026 година изнесувала 1.029 евра, што е за две евра повеќе отколку во март, но во исто време, реалните плати се намалиле за 1,2 проценти бидејќи потрошувачките цени растеле побрзо од платите, покажуваат новите податоци на Монстат. Просечната бруто плата во април изнесувала 1.229 евра, додека просечната […]

Црна Гора попушта: „Нашиот пат кон ЕУ води преку Загреб“


  Во моментот кога Европската унија почна да го пишува договорот за приспапување на Црна Гора владата во Подгорица реши драматично да го спушти тонот во односите кон Хрватска и да разговара за барањата на Загреб кои стојат како пречка за членството на земјата во Унијата. Црна Гора е целосно свесна дека нејзиниот пат кон […]

Црна Гора одговори на провокациите на Вучиќ: „Ние не се отцепивме од Србија, никогаш не сме биле дел од неа“


Откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да присуствува на прославата на Денот на независноста на Црна Гора бидејќи тоа е настан што го слави „отцепувањето од Србија“, реагираше и Министерството за надворешни работи на Црна Гора. Во реакцијата на министерството беше наведено дека Вучиќ продолжува со реторика што не придонесува за добри […]

Црна Гора затвора уште едно поглавје во преговорите со ЕУ: Утре меѓувладина конференција за транспортни мрежи


Во вторник, 17 март, Црна Гора треба привремено да затвори уште едно преговарачко поглавје во процесот на пристапување кон Европската Унија. Станува збор за Поглавје 14 – „Трансевропски транспортни мрежи“, кое се однесува на хармонизација на националната транспортна инфраструктура со европските транспортни коридори. Меѓувладината конференција на која ќе се затвори поглавјето е планирана за вторник […]

„Старлинк“ почна постапка за регистрација на компанија во Црна Гора


Компанијата „Старлинк“ започна формални процедури за влез на црногорскиот пазар на електронски комуникации, а почетокот на обезбедување сателитски интернет услуги за корисниците во Црна Гора се очекува до крајот на вториот квартал од 2026 година, пишува порталот Банкар. Како што објави Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги (EKIP), разговорите со претставници на оваа глобална […]

Црна Гора го разгледува хрватскиот модел на сезонско вработување странци во туризмот


Претставниците на црногорската туристичка индустрија сметаат дека Црна Гора треба да ја поедностави постапката за вработување странски работници по примерот на Хрватска. Црногорската влада минатата недела го објави предлог-законот за постојани сезонски работни места, што не го решава клучниот проблем – бргу и лесно вработување странски сезонски работници, од кои зависи локалната сезона, сметаат претставниците […]

Црна Гора ја укина неработната недела, се чека објава во „Службен весник“


Од денот на објавување на одлуката на Уставниот суд за укинување на неработната недела во „Службен весник“, зависи дали оваа или следната недела ќе биде првата работна недела во продавниците, за прв пат од средината на октомври 2019 година, јавија црногорските медиуми. На седницата одржана на 28 јануари, Уставниот суд на Црна Гора го укина […]

Просечната нето плата во Црна Гора е 1.022 евра


Просечната нето плата во Црна Гора во декември 2025 година изнесувала 1.022 евра, додека за истиот период просечната бруто плата (со даноци и придонеси) изнесувала 1.220 евра, според податоците на Статистичкиот завод Монстат. Тие додаваат дека просечната нето плата во декември 2025 година во споредба со ноември 2025 година забележала раст од 0,4%, додека во […]

Укината е неработната недела во Црна Гора, била неуставна


Уставниот суд на Црна Гора ја укинал денеска одредбата од Законот за внатрешна трговија со која се воведоа неработните недели во трговијата оценувајќи ја како неуставна, бидејќи ја нарушува слободата на претприемништвото и принципот на еднаквост на сите пред законот, односно на една група претприемачи им е дозволено да работат во недели и за време […]

Црна Гора привремено затвори уште едно поглавје од пристапните преговорите со ЕУ


Во рамки на 25-от состанок на Меѓувладината пристапна конференција што се одржа попладнево во Брисел, Црна Гора привремено ги затвори преговорите во рамки на пристапниот процес по Поглавјето 32 – Финансиска контрола. – Задоволна сум што денеска ја гледам Црна Гора како затвора уште едно преговарачко поглавје. Со ова достигнување, привремено се затворени вкупно 13 […]