Ден одмор во Црна Гора чини 70 – 100 евра, во просек


Собирајќи ги минималните дневни трошоци на едно четиричлено семејство, на одмор на црногорското приморје – за сите три оброци, сладоледи, две кафиња, лежалки, чадор, педалинка – потребни се меѓу 70 и 100 евра на ден. По 17 часот, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори на плажите на будванската ривиера, освен ако, се разбира, […]

Уапсен поранешниот директор на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ


Поранешниот директор на Полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, уапсен е изутринава во акција на Специјалното полициско одделение по налог на Специјалното државно обвинителство, јавуваат подгоричките медиуми. Обвинителот и портпарол на Специјалното државно обвинителство, Вукас Радоњиќ, изјави за новинарите дека „специјалното одделение на полицијата, по налог на судот и на барање на Специјалното државно […]

За една година, на автопатот „Принцеза Ксенија“ во Црна Гора изгореле 28 возила


Од отворањето на првата делница на автопатот „Принцеза Ксенија“ евидентирани се 28 случаи на самозапалување возила, информираа од „Монтепут“ за порталот РТЦГ. Споменатата делница свечено беше отворена на 13 јули минатата година, а за речиси една година се евидентирани 36 сообраќајни несреќи без жртви, пренесува РТЦГ. Поради екстремно високите температури, зголемен е ризикот од прегревање […]

Црна Гора во следните четири години мора да врати 2,6 милијарди стари долгови


  Во следните четири години Црна Гора мора да врати 2,65 милијарди евра стари долгови, а се уште не се знае како ќе се обезбедат парите за тоа. Во Министерството за финансии велат дека најголемите обврски се поради државните обврзници кои доспеваат, додека економистите предупредуваат дека државата без економски развој и намалување на јавната потрошувачка […]

Потрошувачката на странците го зголеми црногорскиот БДП


  Бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора е зголемен во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани за 6,1 отсто, најмногу благодарение на растот на потрошувачката на домаќинствата, објави вчера Дирекцијата за статистика Монстат. БДП за овие три месеци изнесуваше 1,22 милијарди евра, додека за истиот период лани 1,03 милијарди. БДП имаше […]

Црногорскиот БДП во првиот квартал се зголеми 6,1 отсто


Бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора во првиот квартал порасна за 6,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на Монстат. Според прелиминарните резултати, БДП во првиот квартал изнесувал 1,22 милијарди евра, додека во истиот период лани бил 1,03 милијарди евра. Просечниот економски раст во земјите на ЕУ бил 1,1 отсто. Според податоците на Евростат, само Исланд […]

Движењето Европа сега победи на изборите во Црна Гора


Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) по преброените 100 отсто од гласовите на денешните вонредни парламентарни избори во Црна Гора, посочи дека најдобар резултат освои Движењето Европа сега (ПЕС) предводено од Милојко Спајиќ – 26 отсто од гласовите. Втора е листата „Заедно“, предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Даниел Живковиќ, со 23 отсто од […]

Црна Гора: По 65 отсто од преброените гласови Движењето Европа во тесно водство пред ДПС


Првите прелиминарни резултати од вонредните парламентарни избори во Црна Гора, објавени вечерва од Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), покажуваат дека битката за првата позиција се води меѓу Движењето Европа сега, предводено од Милојко Спајиќ, и „ Заедно“, чиј столб е Демократската партија на социјалистите (ДПС), која сега ја предводи Данијел Живковиќ. Според преброени 65,2 […]

Затворени избирачките места на вонредните парламентарни избори во Црна Гора


 Во 20 часот беа затворени избирачките места за вонредните парламентарни избори во Црна Гора, на кои денеска е регистрирана многу помала излезност од претходните неколку изјаснувања на граѓаните, јави Мина. Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) предмалку соопштио дека околу 305.760 гласачи или 56,4 отсто гласале на вонредните парламентарни избори.  На северот на земјата до 20 […]

Мирен изборен ден во Црна Гора со помала излезност на гласачите


Денешните вонредни парламентарни избори во Црна Гора минуваат мирно и само со помали нерегуларности, но излезноста е помала од изминатите парламентарни и претседателски избори, најавуваат набљудувачите. Според Центарот за демократска транзиција, до 15 часот  гласаа околу 35 отсто од гласачите што е помалку отколку на парламентарните и претседателските избори во април 2020 година, кога излезноста […]

Црна Гора излегува на избори за да го определи патот кон ЕУ


  ПОДГОРИЦА – Во Црна Гора в недела се одржуваат предвремени парламентарни избори, гласање кое би можело да даде индикации дали малата членка на НАТО на Балканот ќе ги надмине длабоките политички поделби и нестабилност што го попречија нејзиниот пат кон пристапување во Европската унија. Околу 542.000 гласачи имаат право да избираат меѓу 15 партии […]

Црна Гора: Поради закани со бомби евакуирани училишта, градинки и институции


Наставата во сите црногорски училишта е прекината денеска откако на електронските адреси беа примени заканувачки пораки за бомбашки напади и напади со нервен гас, а закани стигнаа и до градинки и државни институции. Евакуирани се градинки во Подгорица, а во исто време се упатени закани и на адресите на црногорското МВР, Управата на полицијата, Агенцијата […]

Ѓукановиќ ќе биде почесен претседател на Црна Гора: Ќе добие 70 отсто од платата, канцеларија и обезбедување


  Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од следниот месец како почесен шеф на државата ќе добива плата од околу 1.680 евра, откако тоа сам го побарал, што му следува според Законот за претседател. Како што потврдија од „Вијести“, одлуката за обештетувањето ја потпишал претседателот на собраниската управна комисија Драган Краповиќ, а одлуката Комисијата […]

Милатовиќ: На инаугурацијата во сабота во Подгорица доаѓаат сите лидери од Западен Балкан


Новоизбраниот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, по втората средба со шефот на државата во заминување, Мило Ѓукановиќ, денеска најави дека на неговата инаугурација во сабота во Собранието на Црна Гора во Подгорица ќе присуствуваат сите лидери на Западен Балкан. Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и новоизбраниот Јаков Милатовиќ денеска одржаа втор состанок во рамки на примопредавањето […]

Црна Гора бара 5.000 странски работници за сезоната


За оваа сезона ќе треба да се ангажираат околу 5.000 странски работници од регионот и од подалечните дестинации. Ова го изјави Сања Марковиќ, секретарката на УО на Здружението за туризам и угостителство на Стопанската комора на Црна Гора, а тоа го покажуваат и оценките на туристичката индустрија, пренесува Капитал. Таа изјави дека на неодамнешната средба […]

Јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон е во домашен притвор во Црна Гора


Основниот суд во Подгорица ја прифати гаранцијата од по 400 илјади евра што ја понудија јужнокорејските државјани До Квон, познат како крал на криптовалутите и Хон Чанд Јун и одреди по плаќањето на оваа сума тие да бидат ослободени, но да го поминуваат времето во стан во Црна Гора кој ќе го чува полицијата. Гаранцијата, […]

Првиот час во училиштата во Црна Гора денеска беше посветен на проблемите со врсничкото насилство


Во сите основни и средни училишта во Црна Гора денеска првиот час беше посветен на превенција од насилство во училиштата. Министерот за образование Миомир Воиновиќ рече дека во првиот час ќе се афирмираат вредности како љубовта, соработката и заедништвото. Воиновиќ на прес-конференција рече дека директорите ќе бидат максимално посветени на ова и дека ќе се […]

Повик за средношколци за учество на летен воен камп за млади во Црна Гора


Пет средношколци од земјава имаат можност да учествуваат на летен воен камп за млади од 26 јуни до 10 јули 2023 во Црна Гора. Министерствата за образование и наука и за одбрана го објавија повикот за кампот на кој ќе учествуваат и  средношколци од  Црна Гора. Како што објави МОН, целта на проектот е средношколците […]

Највисоката исплатена плата во Црна Гора годинава е 110.000 евра


  Во Црна Гора десетте највисоки бруто плати во март годинава се движеле од 110.000 евра до 64.700 евра, од кои 88.000 евра бруто биле издвоени за вработен во државен орган, покажуваат податоците на Управата за приходи и царина доставени до порталот РТЦГ. Пресметката вели дека бруто платата од 88.000 евра (со даноци и придонеси), […]

Отворен Самитот на Западен Балкан за стандарди за животна средина, општество и управување со 450 учесници од регионот


Отворено е ново поглавје на патот кон одржлив развој на Западниот Балкан и започнат е патот кон поодговорно и поеколошко работење, порачаа учесниците на отворањето на Првиот самит на Западен Балкан за животна средина, општество и управување, кој е најголемиот регионален настан посветен на одржлив развој и разговор за поголема одговорност на деловниот сектор кон […]