ФФМ со оглас за вработување на 41 лице во паралелките во Спортската академија


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вработува. Огласот за ангажирање на 41 лице е објавен вчера и ќе биде отворен до 24 декември. Потпишан е од генералниот секретар Филип Поповски и во него се бараат физиотерапевти, тренери и помошни тренери за работа во фудбалските паралелки во Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и во Велес, […]

ФИФА ранг листа: Македонија ја почна 2017 година како 162. а ја завршува како 76.


Македонија ја има репрезентацијата со најголем скок на годишно ниво на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). „Рисовите“ во 2017 година влегоа како 162. во светот, а од неа излегуваат на 76. позиција. Напредокот од 86 места не остана незабележан и од самата ФИФА која ги потенцира „црвено-жолтите“ како тим со најмногу прогрес од сите […]

„Газета дело Спорт“: Бонучи размислува да го напушти Милан


Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи може да го напушти клубот уште оваа зима или пак во текот на летото, информира „Газета дело Спорт”. Одбранбениот играч се приклучи на „росонерите“ во текот на летото, по сензационалниот трансфер од Јувентус. Работите сепак не тргнаа според очекувањата и во моментов миланскиот гигант е на 14 бода од екипите […]

Македонија како 76-та на ФИФА листата ја завршува годината


Македонската фудбалска репрезентација е без промена на пласманот на најновата ранг листа објавена денеска од страна на ФИФА. „Црвено-жолтите“ 2017 година ја завршуваат на 76. место. Нема промени ниту во Топ 10. Германија и натаму е лидер, пред Бразил и Португалија. Во првите десет уште се: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле. Најголем […]

Роналдињо ќе се кандидира за сенатор во Бразил


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо ќе се бори да влезе во Сенатот во родниот Бразил идната година. Поранешниот репрезентативец на Бразил и фудбалер на Барселона и на Милан, добитник на Златна копачка, играчката кариера ја заврши во 2015 година. Роналдињо (37) ќе се кандидира од Социјалната христијанска партија за место во Сенатот […]

Хенк Тен Кате: Против Реал Мадрид ќе ни требаат три автобуси


Во пресрет на вечерашниот дуел со Реал Мадрид, тренерот на Ал Џазира, Хенк тен Кате пристапи со чувство за хумор. Тој со насмевка изјави дека ќе ја користи тактика на Жозе Мурињо и ќе „паркира автобус“ пред неговиот гол за да ги спречи ѕвездите на европскиот шампион. „Ќе ни требаат најмалку три автобуси. Можеби треба […]

Ждрепка за осминафинале во ЛШ: Реал М. против ПСЖ, Челзи со Барселона


Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе игра со ПСЖ, додека Челзи за противник ја доби Барселона во двете мега пресметки од осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување. Ова е епилогот по денешната жрепка во седиштето на Европската фудбалска федерација каде беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Двојки за осминафинале во ЛШ: Јувентус – […]

Фудбал: За 24 часа поднесени 1,3 милиони барања за влезници за СП 2018


Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 во Русија, ФИФА примила преку 1,3 милиони барања, објавено е на службените страници на светската фудбалска организација. Навивачи од цел свет испратиле 1.318.109 барања за влезници. Вториот круг трае до 31 јануари 2018 година. Доколку до тој датум побарувачката надмине […]

Серија А: Првенец во сезоната на Пандев за победа на Џенова


Горан Пандев беше човек на одлука за Џенова во мечот со Верона со кој беше заокружено 15. коло во Серија А. Екипата од „Луиџи Ферарис“ славеше со 1:0 со погодокот на македонскиот репрезентативец во надополнувањето на првото полувреме, негов прв во сезоната, но и за потврда дека се наоѓа во одлична форма. За Џенова, пак, […]

Прволигашки фудбал: Шкендија ја зголеми предноста пред Вардар


Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа натпреварите од 18. коло по кое Шкендија придодаде уште три бода на огромната предност пред шампионот Вардар. Тетовци славеа убедлива победа на домашен терен против Пелистер, додека Вардар „киксна“ на Чаир против Шкупи и е се подалеку од одбрана на титулата. Убедлив триумф забележа и Работнички, […]

Прв пораз оваа сезона за ПСЖ во Лига 1


Фудбалерите на Стразбур му го нанесоа првиот пораз сезонава на Пари Сен Жермен во Француското фудбалско првенство, откако вечерва на домашен терен славеа победа со 2:1. Пред овој пораз, ПСЖ во првите 15 кола имаше 13 победи и два нерешени резултата. Да Коста го доведе Стразбур во водство во 13.минута, Килијан Мбапе изедначи во 42. […]

Извлечени групите за СП 2018: Португалија со Шпанија, Германија со италијанскиот „џелат“, Шведска


Познат е изгледот на групите за 21-то Светско фудбалско првенство, што од 14 јуни до 15 јули следната година ќе се игра во Русија. Ждрепката, која се одржа попладнево во Москва, го одведе европскиот првак Португалија во иста група со Шпанија во меч од првото коло. Интересна ќе биде Ц групата во која покрај Аргентина […]

Се помалку спорт за џабе – Македонија на „Спортклуб“ до 2020 година


Националните телевизии во регионот доживеаја тежок удар од аспект на спортската понуда во нивните содржини за периодот што следува. Го зададе „United Media Groupe“ која ги откупи правата за пренос на фудбалските натпревари на репрезентациите од поранешна Југославија (исклучок е Косово) за новоформираната Лига на нации, за квалификациите за ЕП 2020 и за самиот завршен […]

Милан го смени Монтела по ремито со Торино


Винченцо Монтела повеќе не е тренер на Милан, откако раководството на „росонерите“ му додели отказ. Челниците на клубот претпладнево одржаа состанок и одлучија да го отпуштат тренерот. Милан е во многу лоша форма, а тренерското место на Монтела „висеше“ постојано повеќе од еден месец, за конечно да попушти трпението на раководните лица. Тимот не игра […]

Бундеслига: Борусија Д. од 4:0 на полувреме до 4:4 на крај


На фудбалерите на Борусија Дортмунд не им беа доволни ниту четири гола предност да го совладаат составот на Шалке. Дуелот од 13. коло меѓу Борусија Дортмунд и Шалке го оправда приматот на дерби на колоtо во Бундеслигата, а заврши со осум постигнати голови и без победник 4:4. Популарните „милионери“ во првото полувреме имаа водство од 4:0. […]

Фудбалска Прва лига: Шкендија ја растури Ренова


Шкендија забележа убедлива победа над Ренова со 6:1 во воведниот натпревар од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига за потврда на „црвено-црните“ дека се далеку поквалитетен тим од градскиот ривал. Серијата голови ја отвори Бесарт Ибраими во третата минута кој погоди и во 33. Ферхан Хасани реализира пенал во 25. за високи 3:0 уште […]

Четврта „Златна копачка“ за Лионел Меси


Лионел Меси е добитник на „Златната копачка“ за минатата сезона. Оваа награда што традиционално се доделува за најдобриот стрелец на Европа е четврта во кариерата на Аргентинецот колку што има и Португалецот Кристијано Роналдо. Препорака за признанието на ѕвездата на Барселона беа неговите 37 гола во 34 натпревари за Примера во сезоната 2016/17. Втор по […]

Лига Европа: Познати се 16 шеснаесетфиналисти


Познати се 12 екипи што ќе играат во шеснаесетфинале во Лига Европа. По одигрување на мечевите од петтото коло, европска пролет обезбедија Вилјареал (група А), Динамо Киев и Партизан (група Б), Брага (група Ц), Милан (група Д), Аталанта и Олимпик Лион (група Е), ФСЦ Букурешт и Викторија Плзен (група Г), Арсенал (група Х), Салцбург (група […]

Лига Европа: Петти пораз на Вардар, еврогол на Блажевски


Вардар го претрпе петтиот пораз во Лига Европа. Зенит ги совлада „црвено-црните“ со 2:1 и го потврди учеството во шеснаесетфинале во натпреварувањето на УЕФА. Како утеха за македонскиот првак, покрај солидната игра на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, ќе остане евроголот со волеј на Дејан Блажевски во третата минута од судиското надополнување. Двата гола за […]

Чеферин: Без ВАР технологија на СП 2018, судијата да остане судија, а не робот


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се спротивстави на употребата на ВАР технологија на натпреварите на Светското првенство во 2018 година. Според него, системот не е подготвен за употтреба на мундијалот во Русија и покрај тестирањата на голем број турнир и првенства. „Разбирам дека технологијата ќе се воведе порано или подоцна, но останувам малку конзервативен по […]