Клоп го сака Дракслер во Ливерпул


Премиерлигашот Ливерпул почна преговори со ПСЖ за ангажман на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер (24). „Црвените“ сакаа да се засилат со Германецот во текот на летото, но тогаш до договор не дојде. Сега нивните шанси за овој трансфер изгледаат поголеми. За трансферот лично инсистира менаџерот Јирген Клоп. Во истовреме ПСЖ е притиснат да продаде дел од […]

Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ


Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампиони успеа да не прими гол на еден меч. Прекинот на негативниот рекорд и лошата серија долга 11 години на дуелот со Бенфика (2:0) го израдува тренерот на „армејците“, Виктор Гончаренко. „Се разбира дека му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната […]

Баерн М. без Алкантара на подолг рок


Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиго Алкантара се повреди во синоќешниот натпревар со Андерлехт во Лигата на шампиони и го очекува подолга пауза. „Алкантара има сериозна повреда на мускул и веројатно го чека пауза од неколку месеци“, соопшти Баерн М. Во тешката победа над Андерлехт (2:1) се повреди и Арјен Робен, но тој веројатно нема долго […]

ФИФА ранг листа: Нов скок на Македонија за девет позиции


Македонската фудбалска репрезентација бележи нов напредок на ФИФА рејтинг листата. На ноемвриското рангирање објавено денеска од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76 место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец. Прогресот на македонската репрезентација се должи на победата над Норвешка во пријателскиот дуел во Скопје (2:0). На […]

Рекордер: Ибрахимовиќ со седум различни екипи во Лигата на шампиони


Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ стана првиот играч што настапил за седум различни екипи во Лигата на шампиони. Ибрахимовиќ влезе во историјата на елитното натпреварување, откако синоќа настапи за Манчестер јунајтед на гостувањето во Швајцарија против Базел. Јунајтед го загуби дуелот со 1:0, а Ибрахимовиќ ги одигра последните дваесетина минути. Швеѓанецот претходно во ЛШ играше […]

Јаневски оптимист: Вардар не дојде да загуби


Во рамките на 5. коло од Лига Европа, Вардар утре гостува кај Зенит, лидерот во нашата група. „Црвено-црните“ во првите четири кола забележаа исто толку порази, но Чедомир Јаневски е оптимист и вели дека на терен ќе истрчаат со желба за бод или можеби три. „Нема што да зборувам многу за Зенит, сите знаеме со […]

Вардарци тренираа во Санкт Петерсбург


Во ниски температури и во снежни услови, тимот на Вардар вечерва на стадионот „Петровски“ го оддржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар против рускиот Зенит во фудбалската Лига на Европа. Тренингот го одработија сите фудбалери, а тренерот Чедомир Јаневски ги воигруваше тактичките варијанти. Натпреварот се игра во 19 часот. Вардар е последен во групата без ниту […]

Ван дер Варт потпиша за индонезиски Бали јунајтед


Рафаел ван дер Варт (34), кој своевремено настапуваше за Реал Мадрид и за Тотенхем, се сели во Индонезија во екипата на Бали јунајтед, јавуваат тамошните медиуми. Холандскиот интернационалец заминува на далечниот Исток од дански Митјиланд со кој се раздели на шест месеци пред истек на соработката. Ван дер Варт важеше за еден од најталентираните фудбалери […]

Кој е Ли Јонгхонг, кинескиот бизнисмен што му изброја 750 милиони евра на Берлускони за Милан?


Мирот што Кинезот Ли Јонгхонг требаше да го внесе во Милан со преземање на клубот од Силвио Берлускони траеше кратко. Многумина во април помислија дека е дојден крај на турбуленциите на „Сан Сиро“, дека „росонерите“ влегуваат во помирни води и дека етапно ќе се вратат на старите, трофејни патеки. Но, како одминува времето, се поткопува […]

Се враќа на клупскиот фудбал: Халилхоџиќ си оди од Јапонија по СП 2018


Вахид Халилхоџиќ најави дека планира да се врати во клупскиот фудбал. Во гостување на француското радио „Франс 3“, искусниот тренер изјави дека ќе замине од кормилото на репрезентацијата на Јапонија по Светското првенство во 2018 година, а како негова потенцијална дестинација се споменува Лил кој оваа сезона го очекува борба за опстанок во Лига 1. […]

Австралија остана без селектор: Постекоглу ги напушти „кенгурите“


Селекторот на фудбалската репрезентација на Австралија, Енџи Постекоглу (52) објави дека ја напушта функцијата и дека нема да биде предводник на „кенгурите“ на Светското првенство во 2018 година. Постекоглу го презеде кормилото на австралискиот национален тим во мај во 2014 година, а разделбата доаѓа по само една недела од успешно минатиот бараж со Хондурас за […]

Фудбал, ЛШ: Роналдо урна три рекорди, Ливерпул прокоцка 0:3, Бешикташ за историја


Кристијано Роналдо е централна фигура на вечерта во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Португалецот реализира два погодока во убедливата победа на Реал Мадрид против АПОЕЛ со 6:0 и притоа урна три рекорди за амортизирање на критиките во последно време што се однесуваа на неговиот голгетерски пост. Со двете реализации на стадионот „ГСП“ во Никозија, тој […]

Лига на шампиони: Ливерпул и Бешикташ по заверка на лидерските места


Фудбалската Лига на шампиони влегува во завршна фаза. По паузата за репрезентативни активности продолжува престижното натпреварување на УЕФА со денешните осум средби во групите Е, Ф, Г и Х. Внимание привлекуваат неколку од нив од причина што дел од екипите би можеле уште вечерва да се промовираат како осминафиналисти. Ова особено важи за Шахтјор и […]

Трансфер во најава: Реал М. во јануари Алексис Санчез?


Реал Мадрид се приклучи на Манчестер сити и на ПСЖ во трка за најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез. Шпанскиот весник „Дон Балон“ тврди дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не сака да чека до крајот на сезоната за потпис на Чилеанецот и ќе се обиде да го донесе во јануари за сума од […]

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година


Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година. Потврда за обновување на соработката со крилниот напаѓач на македонската репрезентација стигна и од кипарскиот прволигаш во чии редови останува и Французинот Флоријан Тулеме. „Клубот функционира како едно големо семејство и воопшто не беше тешко при носење на одлуката за останување“, изјави меѓудругото Тричковски […]

Карло Тавекио ја напушти претседателската фотелја во фудбалската федерација на Италија


Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) остана и без претседател. Соочен со силниот притисок во домашната јавност по неуспехот на репрезентацијата да се пласира на мундијалот во Русија, Карло Тавекио (74) поднесе оставка на функцијата. Од истата причина претходно оставка поднесе и селекторот Џанпјеро Вентура кој спогодбено го раскина договорот со ФИГЦ за што доби и […]

„Старата дама“ сопната во Џенова: Сампдорија го порази Јувентус


Јувентус го претрпе вториот пораз во сезоната во Серија А. Сампдорија во Џенова ја совлада „старата дама“ со 3:2 како најава за неизвесна трка за врвот на табелата до крај на сезоната. Сит пет погодоци на „Луиџи Ферарис“ беа постигнати во второто полувреме. Од 52 минута до 79 минута домашните успеаја трипати да го совладаат […]

Фудбал, Прва лига: Шкендија го почести Скопје со четири гола, хет-трик на Ферхан Хасани


Шкендија не дозволи опуштање и луксуз ниту против Скопје во меч од 16 коло во македонскиот фудбалски шампионат. Вицепрвакот попладнево беше убедлив на домашен терен против фенерџијата на табелата со 4:0 и моментно е со 13 бода пред Вардар на врвот на табелата. Хет-трик за тетовци на „Еколог арена“ прослави Ферхан Хасани. Капитенот на „црвено-црните“ […]

(ВИДЕО)Манчестер Ј. ја наполни мрежата на Њукасл, кам-бек на Ибрахимовиќ и Погба


Манчестер јунајтед ја запиша осмата победа во Премиерлигата во оваа сезона, но трите освоени бода против Њукасл (4:1) паднаа во сенка на враќањето на две големи ѕвезди во составот на Жозе Мурињо. Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба беа поздравени со овации на „Олд трафорд“ по долгото отсуство од тимот. Французинот се најде и во стартната […]

Мурињо: Со Ибрахимовиќ против Њукасл


Златан Ибрахимовиќ се враќа на фудбалските терени по пауза од осум месеци. Кам-бекот на шведскиот напаѓач го потврди и Жозе Мурињо кој го вклучи во ростерот за утрешниот дуел на Манчестер јунајтед против Њукасл во Премиерлигата. Покрај него „специјалниот“ ќе може да смета и на Пол Погба и на Маркос Рохо, но не очекува дека […]