Белгија изненадува со нов селектор: Тимот ќе го води големо холандско име


Марк ван Бомел е новиот селектор на белгиската фудбалска репрезентација, официјално потврди Белгиската фудбалска асоцијација. Поранешниот холандски репрезентативец потпиша договор до крајот на Европското првенство во 2028 година, а ќе ја преземе новата функција на 15 август. „Голема чест е за мене да станам селектор на Белгија“, изјави 49-годишниот Ван Бомел по неговото назначување. Холандскиот […]

Белгија во егзалтација по победата над САД и Трамп


  Белгиските навивачи реагираа со егзалтација откако националниот тим ги победи САД во натпревар од Светското првенство, кој беше засенет од контроверзноста околу лобирањето на Доналд Трамп за поништување на суспензијата на напаѓачот Фалорин Балогун. Белгискиот премиер, Барт де Вевер, сè уште не го коментирал триумфот на националниот тим, но официјалниот Инстаграм профил на неговата […]

Денеска четири натпревари на Светското првенство. Еве кој игра


Третиот ден од Светското првенство е првиот во кој ќе се играат четири натпревари. И покрај ова, програмата сепак започнува во 21:00 часот по македонско време, по што следат натпревари во 00:00, 03:00 и 06:00 часот. Еве кој со кого игра: Катар и Швајцарија се првите што ќе излезат на теренот во 21:00 часот Точно […]

Светско првенство: Чесите поведоа, но Јужна Кореја на крајот славеше


Фудбалерите на Јужна Кореја ја победија Чешка со 2-1 во вториот натпревар од Светското првенство што се одржува во САД, Канада и Мексико. Чешка поведе со голот на Ладислав Крејчи во 59-тата минута, но Корејците го свртија резултатот со головите на Хванг Ин-беом во 67-мата минута и Хјеон-гју Ох во 80-тата минута. Натпреварот го одбележа […]

Почнува најголемиот спортски спектакл, Светското првенство во фудбал


Светското првенство во фудбал, чии домаќини се САД, Канада и Мексико почнува денеска, а фудбалската треска ќе кулминира на 19 јули, кога ќе се одигра финалниот натпревар. Премиерниот меч е вечерва кога Мексико ќе се соочи со Јужна Африка во импозантната околина на стадионот Ацтека. Во текот на следниот месец, нормалниот ритам на секојдневниот живот […]

Брегот на Слоновата Коска ја шокираше фудбалската репрезентација на Франција среде Нант


Француската фудбалска репрезентација синоќа претрпе пораз во пријателскиот натпревар во Нант, каде што беа поразени со 2-1 од Брегот на Слоновата Коска. Иако „Сините“ водеа на полувреме со голот на Рајан Черки (45′), „Слоновите“ го свртија резултатот во второто полувреме со головите на Гела Дуе (53′) и Амад Дијало Траоре (84′). Овој пораз ја прекинува […]

Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево ѝ гостува на Босна и Херцеговина, пред соочувањето со Турција, в понеделник во Истанбул, во двата контролни натпревари кои новиот селектор Гоце Седлоски ги најави како генерална подготовка за настапот во новиот циклус во Лигата на нации оваа есен. Седлоски за двата натпревари повика 27 фудбалери, вклучувајќи петмина дебитанти […]

Германскиот селектор Нагелсман го објави списокот на играчи за Светското првенство, се враќа Ноер


Германскиот селектор Јулијан Нагелсман објави список од 26 играчи на кои смета за претстојното Светско првенство, каде што Германија е во групата Е и ќе игра против Курасао на 14 јуни во Хјустон, против Брегот на Слоновата Коска на 19 јуни во Торонто и против Еквадор на 24 јуни во Њујорк. Главната вест е дека […]

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни


Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ѝ гостува на Турција во контролен натпревар во Истанбул, официјално потврди денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време. Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест […]

На 29.мај во Сараево фудбалски натпревар БиХ – Македонија


„А“ фудбалската македонска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина на 29.мај 2026 во Сараево. Босна Херцеговина е учесник на Светското првенство. Натпреварот ќе се одигра во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден. Овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин. За […]

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска


Македонската фудбалска репрезентација вечер гостува во Даблин каде ќе игра пријателски натпревар со Република Ирска. Ова ќе биде дуел на двете поразени селекции од полуфиналето на баражот за  пласман на Светското првенство 2026. Голманот Столе Димитриевски истакнува дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори […]

Војната на картелите во Мексико се заканува на Светското првенство во фудбал – одложени натпревари


Мексико е зафатено од бран насилство откако безбедносните сили го убија еден од врвните водачи на нарко-картелите во земјата, Немесио Осегуера Сервантес, познат како „Ел Менче“. Тој беше најбараниот човек во Мексико и беше убиен во неделата за време на воена операција во планинскиот град Тапалпа. На социјалните мрежи кружи видео од женскиот натпревар помеѓу […]

Во Аргентина штрајк на клубовите поради обвинувања против претседателот на тамошната фудбалска асоцијација


Аргентинските клубови се согласија да штрајкуваат од 5 до 8 март во знак на протест против гонењето на претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, објави АП. Најавата за штрајкот следеше по повикувањето на Тапија на сослушување од страна на судија на 5 март во врска со наводната злоупотреба на средствата од социјалното осигурување. […]

Пелистер 2 ја заврши задачата, чека кикс на Бутел Скопје


Пелистер 2 дојде до планираните два бода на дуелот против Струга, откако на домашен терен славеше со 39-23 во последниот меч од Супер-лигата. Вториот битолски тим го заврши првиот дел од задачата за пласман во плеј-офот, но сега ќе мора да чека на кикс на Бутел Скопје против Тиквеш. Само на овој начин ќе може […]

Лига на нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома со Словенија


Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации. Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија. Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената „Тодор Проески“, a почетокот е закажан за 20 […]

Македонија во групата Б1 на Лигата на нации против Шкотска, Швајцарија и Словенија


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Брисел ги дозна своите противници за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Како дебитант во Лига Б, Македонија беше сместена во групата Б1, каде за ривали ги доби селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Пеколно деби во посилната дивизија По одличните настапи во претходниот циклус, „Рисовите“ сега се […]

Американците сè повеќе се луди по фудбалот, истражувањето покажа податоци што беа незамисливи порано


Исражувањето на „Економист“ сведочи за големата популаризација на фудбалот во Соединетите Американски Држави, кој во моментов е трет најпопуларен спорт во оваа земја. Иако фудбалот никогаш не бил блиску до најгледаниот и најпопуларен спорт во САД, неговата популарност расте од година во година. Особено брз скок на популарноста се случува во пресрет на Светското првенство, […]

Светско првенство: Пет милиони барања за билети со голема побарувачка


ФИФА објави дека примила пет милиони барања за билети од повеќе од 200 земји во првите 24 часа откако започна третата фаза од продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Фудбалските фанови од повеќе од 200 земји поднеле пет милиони барања за билети за првото Светско првенство со […]

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе го дознае противникот за плејофот за СП 2026


Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска. Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина. […]

Македонските фудбалери прегазени од Велс со 7:1, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“


Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Кардиф од Велс со 7:1 и со тоа е прекината серијата од 14 натпревари без пораз на официјални натпревари (без пријателски). Домаќинот со овој триумф успеа да го освои второто место во групата зад Белгија, додека нашата репрезентација која до овој натпревар беше без пораз заврши на […]