Мануел Ноер се враќа во април на голот на Баерн


Најдобриот германски голман Мануел Ноер закрепнува од повредата и се очекува во април да биде во составот на Баерн Минхен за натпреварите од Лигата на шампионите. Репрезентативниот чувар на мрежата поради повреда на стапалото веќе со месеци е надвор од фудбалските терени, а тренерот на Баварците, Јуп Хајнкес соопшти дека Ноер, во моментот, е 80 […]

Буфон најави крај на кариерата


Голманот и капитен на Јувентус, Џанлуиџи Буфон одлучи на крајот на сезоната да замине во фудбалска пензија, објави Кориера дела Сера. Еден од најдобрите голмани во историјата наскоро официјално ќе објави дека престанува со активно играње во 40. година. Буфон не сака веќе да им зазема место на млади голмани како во клубот така и […]

(ФОТО/ВИДЕО) Најтажниот момент во фудбалот: Италија со аплауз се збогуваше од Астори


Илјадници луѓе се собраа на еден од централните плоштади во Фиренца пред базиликата „Санта Кроче“, за да му оддадат последна почит на капитенот на Фиорентина Давиде Астори, кој во саботата почина на 31-годишна возраст во сон од срцев удар. Дури и голем дел од фудбалерите на Јувентус, предводени од тренерот Масимилиано Алегри, и капитенот Џанлуиџи […]

У19: Македонија со 5:0 ја победи Финска


Македонската фудбалска репрезентација до 19 години попладнево славеше убедлива победа против составот на Финска со 5:0 (1:0) во пријателски натпревар одигран во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На тој начин „црвено-жолтите“ со убедлива победа ги започна подготовките за елитната квалификациска фаза за ЕП. Филип Стојчевски го отвори резултатот во 15-тата минута, додека останатите четири […]

Фудбалска Прва лига: Работнички го совлада Вардар за прв пролетен триумф


Работнички стигна до првиот триумф во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига совладувајќи го Вардар со 2:1 во рамките на 21. коло. „Роматичарите“ на самиот старт постигна два гола преку Себастијан Херера и Виктор Ангелов, а во завршницата играа и со играч помалку по исклучувањето на голманот Даниел Божиновски. Вардар успеа да намали со […]

Македонија без Елмас на дуелите со Финска


За двата натпревара кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот македонската фудбалска репрезентација до 19 години, Вујадин Станојковиќ нема да смета на Елиф Елмас, Димитар Митровски и Дарко Чурлинов, тројцата поради клупски обврски нема да бидат дел од составот за натпреварите против Финска. – Два многу значајни натпревари за нашата […]

Осминафинале во ЛШ: Севилја и Манчестер Ј. единствени без голови


Фудбалерите на Севилја и на Манчестер јунајтед се единствените кои одиграа без погодоци во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони. Најзаслужен за тоа беше Де Хеа кој со неколку одлични интервенции ги спаси „ѓаволите“ од пораз во шпанската покраина Андалузија. Но, затоа голови имаше во Харков каде Шахтјор ја совлада Рома со 2:1. Калчолигашот […]

Фудбалска Лига на шампиони: Меси како спасител на Барселона во Лондон, Баерн го понижи Бешикташ


Баерн ја оправда фаворитската улога против Бешикташ и со пет гола предност ќе патува на возвратниот дуел во Истанбул во осминафиналето во Лигата на шампиони. По два гола за Баварците постигнаа Томас Милер (43’, 66’) и Роберт Левандовски (79’, 88’), во листата на стрелци се додаде и Кингсли Коман (53’). Турскиот претставник беше комплетен на […]

Во Шпанија откриена шема за местење натпревари


Шпанската полиција растури шема за местење фудбалски натпревари во која биле вмешани играчи и клубови од пониските лиги. Властите објавија дека повеќе од 20 лица се уапсени во вчерашната полициска операција, вклучувајќи играчи, но не ги објавија нивните имиња. Натпреварите за кои постои сомневање дека биле местени се играле во третата и четвртата лига оваа […]

Прволигашки фудбал: Шкендија и Вардар ќе доцнат, се чисти снег на стадионот во Тетово


Шкендија и Вардар ќе влезат нешто подоцна во пролетниот дел од домашниот фудбалски шампионат за разлика од останатите прволигашки екипи. Причина е снежната покривка на стадионот во Тетово што се чисти во моментот, па дербито, според најавите, ќе започне со задоцнување наместо во 14 часот како што беше првично планирано. Во останатите средби од 14 […]

ФИФА посвети статија на „црвено-жолтите“: Македонија може до подобри резултати


Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во денешната статија посветена на македонската репрезентација се осврна на резултати на „рисовите“ постигнати минатата година во која забележаа голем напредок на светската ранг листа. „За само една година Македонија напредуваше од 166. до 73. позиција на ФИФА ранг листата. Тоа е репрезентација која во 2017 година забележа пет победи, три […]

Реал Мадрид без ниту едно од 40 предложени засилувања во зимскиот трансфер рок


На европскиот шампион Реал Мадрид му биле предложени 40 фудбалери во последните денови од јануарскиот трансфер период кој вчера беше затворен. Според „Марка“ меѓу понудените биле и Мохамед Салах, Едисон Кавани и Леонардо Бонучи. На оваа листа се наоѓал и напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој е приоритет на актуелниот шпански шампион. Реал, сепак, не […]

Манчестер Јунајтед и оваа година е најбогат клуб во Европа


Премиерлигашот Манчестер Ј. втора година по ред е најбогат европски клуб според истражувањето на ревизорската куќа „Дилојт“. Јунајтед во сезоната 2016/17 заработи вкупно 676,3 милиони евра или 1,7 милиони евра повеќе од европскиот првак Реал Мадрид кој дури 11 години беше на врвот на оваа листа. Минатата сезона, „црвените ѓаволи“ остварија приход од 44 милиони […]

Фудбалски подготовки во Анталија: Вардар поразен од узбекистански Пахтакор


На првиот пријателски натпревар,кој е дел од подготовките во Анталија, македонскиот шампион Вардар претрпе пораз. Екипата на Пахтакор со двата гола во второто полувреме, стигна до победата од 2-0. Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски играше со два различни тима во двете полувремиња, а им даде шанса на тројцата голмани. Вардарци беа рамноправен противник во […]

Фудбал и диктатори: Мугабе „луд“ по Барса и Челзи, Гадафи за Ливерпул


Британскиот таблоид „Сан“ објави листа со озлогласени челници на држави и организации како фанови на фудбалски клубови. На неа, меѓудругите, се најдоа Осама бин Ладен, Моамер Гадафи, Ким Јонг Ун, Адолф Хитлер, Франко, Роберт Мугабе, Николае Чаушеску, итн. Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, на пример е голем симпатизер на Интер и Манчестер јунајтед. Тој, како […]

Гвардиола: Давид Силва ќе се врати кога ќе биде подготвен


Менаџерот на лидерот на Премиер лигата (Манчестер Сити) Пеп Гвардиола на последните два натпревара на својот тим не можеше да смета на еден од најдобрите играчи, сонародникот Давид Силва. Играчот отсуствува од приватни причини. – Ќе се врати кога ќе биде подготвен. Приватниот живот е многу поважен од било која ситуација, изјави Гвардиола за британските […]

„Лекип“ го состави тимот на годината: Реал Мадрид со најмногу фудбалери


Францускиот весник „Лекип“ го избра идеалниот тим на годината во кој најмногу фудбалери има од европскиот шампион Реал Мадрид. Од „кралскиот клуб“ во идеалниот состав за 2017 година се четворица, тројца доаѓаат од ПСЖ и по еден претставник имаат Барселона, Јувентус, Баерн и Челзи. Идеален тим на годината според „Л’Екип“: голман: Џанлуиџи Буфон (Јувентус); одбрана: […]

Јане Велковски: Фудбалот е се во мојот живот


Барбики, колички, нова соба, таблет, мобилен телефон, компјутер, плејстејшн, велосипед, тротинет, спинер, братче или сестричка се најчестите желби што се содржани во детските писма до Дедо Мраз за Нова година. Ни приближно таква не е единствената на Јане Велковски, девет и полгодишно момче од Скопје. „Посакувам само едно нешто во новата година. Да проодам. Дедо […]

Играше финале во ЛШ со Арсенал, сега размислува на самоубиство


Беше репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, играше за Галатасарај, со Арсенал има и финале во Лигата на шампиони, но денеска на приватен план нема ништо. Ова се однесува на Емануел Ебуе, кој во периодот од 2004 година до 2011 година настапи во 235 меча за „топчиите“ како стандарден во составот на Арсен Венгер. Во […]

Роналдо ќе биде дел од „Ел Класико“


Кристијано Роналдо се врати на колективните тренинзи и ќе биде дел од шампионскиот тим кој утре против Барселона го игра големото дерби, популарното „Ел Класико“. Како што информираа на официјалниот веб сајт на клубот, Роналдо го одработел утринскиот тренинг со останатите соиграчи. „Реал Мадрид ја заврши последната тренинг сесија пред натпреварот против Барселона, кој ќе […]