Долгови, суспензија од УЕФА, молк: ФК Вардар во месец на „вера, љубов и надеж“


Молк од најодговорните во Вардар по одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во петокот за двегодишна суспензија на „црвено-црните“. Казната е условна и изречена е за прекршување на регулативите за лиценцирање и финансиски ферплеј, но, како и да е, ситуацијата е алармантна. „Пожарот“ што тлееше со месеци се шири на сите клупски нивоа и се […]

Наинголан казнет поради успивање


Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го казни својот играч Раџа Наинголан поради неоправдано пропуштен тренинг. Белгискиот фудбалер не дошол на утринскиот тренинг поради успивање. Фудбалски клуб Интер објави дека Раџа Наингголан е суспендиран од фудбалска активност заради кршење на дисциплината, соопштил извор близок до клубот. Така, 30-годишниот играч нема да игра на следниот домашен натпревар со […]

Лига Европа, 1/16 финале: Динамо З. во Чешка, Арсенал кај БАТЕ, Челзи со Малме


Во седиштето на УЕФА во Нион (Швајцарија) беше извршена ждрепка и за 1/16 финалето на Лигата на Европа. Хрватскиот првак Динамо Загреб за противник ја доби Викторија Плзен, Арсенал ќе игра со БАТЕ Борисов, а Челзи ќе излезе на мегдан на Малме. Двојки за 1/16 финале во Лига Европа Викторија (Чешка) – Динамо (Загреб, Хрватска) […]

Познати осминафиналните двојки во ЛШ: Јунајтед на ПСЖ, Ливерпул со Баерн


Во седиштето на УЕФА во Нион, попладнево беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Бранителот на трофејот и победник во последните три изданија на елитното фудбалско натпреварување, Реал Мадрид ќе игра со Ајакс. Двојки за 1/8 во ЛШ Шалке – Манчестер Сити Атлетико Мадрид – Јувентус Манчестер Јунајтед – ПСЖ Тотенхем – Борусија […]

АСЕАН со став за Конгресот на ФИФА: Југоисточна Азија ќе гласа за Инфантино


Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино доби нова поддршка во неговата кампања за нов мандат на чело на  централата на Конгрес што е закажан во јуни во Париз. Фудбалската конфедерација АСЕАН што ги обединува земјите од Југоисточна Азија објави дека сите нејзини членови изразиле поддршка за Инфантино. Регионалната група вклучува 12 земји, вклучувајќи […]

Две шлаканици за Милан во еден ден


Италијанскиот гигант Милан се соочи со два силни удари во рок од неколку часа. Најпрво, во четвртокот вечерта доживеа шокантна елиминација во фудбалската Лига Европа откако во последното коло од групната фаза загуби на гостувањето во Атина кај Олимпијакот со 3-1. Иако на крајот имаше ист број бодови како грчкиот тим, „црвено-црните“ се збогуваа од […]

Абдиу: Нерегуларни Собранија со делегати фантоми


Вонредното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е нерегуларно за општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово. Ова е став на неговиот претседател Мемет Абдиу кој за „Независен Весник“ образложи и зошто. Притоа се повикува на членот 7 од Статутот на ФФМ од 2012 година и упатува на фантомски тетовски делегати на седниците на највисокото […]

Гатузо: Јас сум виновен


Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, ја презеде одговорноста за поразот од Олимпијакос во натпреварот од 6.коло од групната фаза на Лигата на Европа. Овој исход во Атина значеше и елиминацијата на Милан од евро-сцената уште пред крајот на годината. – Сакам да им се извинам на навивачите на Милан. Многу ми е жал. Според мое […]

Ѓоковиќ: Модриќ е гордост на Балканот


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на играчот од Реал Мадрид, Лука Модриќ, за освојувањето на „Златната топка“. Србинот на Твитер напиша: „Сите честитки за драгиот Лука Модриќ за освоената Златна топка. Апсолутно заслужено. Горд момент за нашиот регион кој го доби најдобриот фудбалер на светот“. Модриќ доби најмногу гласови во изборот на „Франс […]

Бока не сака да игра со Ривер во Мадрид


Бока Јуниорс не сака да го игра реваншот од финалето на Либертадорес Купот со Ривер Плејт во Мадрид. Раководството на Бока има намера преку суд да побара дисквалификација на Ривер и се додека не добие конечна одлука на сите инстанци нема да игра возвратен дуел. Претходно, менаџментот на КОНМЕБОЛ одлучи вториот натпревар од финалето на […]

Државното милениче на пат на стане сираче


Државното милениче забрзано се движи кон нов статус на сираче. Фудбалскиот клуб Вардар е далеку од „златното доба“ што почна со влезот на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко во 2014 година како последен субјект во „црвено-црната“ спортска империја чиј дел тогаш веќе беа машката и женската ракометна екипа. Со уплата од 81.000 евра го презеде комплетниот […]

Инциденти во Атина: домаќинот поразен, гостите повредени


На натпреварот помеѓу АЕК Атина и Ајакс од групната фаза од фудбалската Лига на шампионите му претходеа инциденти предизвикани од навивачите на атинскиот клуб. Непосредно пред почетокот на мечот на Атинскиот олимписки стадион, навивачите на АЕК фрлаа сигнални ракети кон гостинските фанови од Холандија, при што сериозно беа повреди неколкумина поддржувачи на тимот од Амстердам. […]

Шпанска фудбалска федерација: Силна поддршка за Луис Енрике


Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес изрази силна поддршка за селекторот Луис Енрике и покрај неуспешниот обид на „црвената фурија“ да биде првопласирана во својата група во Лигата на нации. „Се разбира дека ја посакувавме победата, но ние сè уште сме на највисоко ниво. Има многу млади играчи во нашиот тим. Ќе се […]

Хрватска загуби на „Вембли“ и се сели во Б дивизија во Лига нации


Англија ја совлада Хрватска на „Вембли“ со 2:1 и ја испрати во Б дивизија во Лигата на нации. „Коцкестите“ поведоа со голот на Андреј Крамариќ во 57. минута, домашната селекција израмни преку Џеси Лингард во 76. минута по асистенција на Хари Кејн. Девет минути подоцна, напаѓачот на Тотенхем и самиот се впиша во листата на […]

Португалија ќе биде домаќин на првото финале во Лига на нации


Португалија ќе биде домаќин на првото финале во Лига на нации, објави УЕФА на својата официјална интернет страница. Стадионите на кои би се играле мечевите во Порто и во Гимараеш, а доделувањето на организацијата ќе биде официјализирано на 3 декември на средба на управното тело на евроцентралата. Финалните дуели на турнирот ќе се одржат од […]

Ангеловски пред дуелот со Лихтенштајн: Играме за голема цел, најважни се трите бода


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред вечерашниот натпревар со Лихтенштајн од Лига на нации со победнички уверувања од Вадуц. „Атмосферата секогаш била на највисоко ниво. Ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ја донесат победата. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е вечерва. Не е […]

(Видео) Динамовците напишаа историја, па заиграа оро


Фудбалерите на Динамо Загреб и натаму продолжуваат да газат во Лига Европа. Во натпревар од четвртото коло во групната фаза, ја забележаа и четвртата победа. На распродадениот Максимир падна Спартак од Трнава со 3-1 (2-0), со што популарните „модри“ и теоретски обезбедија пласман во 1/16 финалето од поранешниот Куп УЕФА, но уште поважно – по […]

Челзи во чекор го следи Манчестер Сити


 На двата неделни натпревара од 11.коло во англиската Премиер лига, победи забележаа фаворите. Најпрво Манчестер Сити го совлада Саутемптон, а потоа Челзи освои три бода на средбата со Кристал Палас. Двете екипи се на првите две места на табелата: Сити 29 бода, Челзи 27, Ливерпул 27, Тотенхем 24,…. Резултати на неделните натпреварите од 11.рунда во […]

Агуеро влезе во „клуб 150“


Серхио Агуеро стана третиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој успеал за еден клуб да постигне 150 голови. Аргентинецот беше стрелец за Манчестер Сити на денешниот дуел со Саутемптон што беше 150-ти гол во дресот на „граѓаните“. На вечната листа пред него се Вејн Руни кој додека играше за Манчестер Јунајтед стигна до 183 […]

Реал победи во дебито на Солари


Екипата на Реал Мадрид го совлада Ваљадолид со 2:0 во натпреварот од 11. круг на шампионатот на Шпанија и на тој начин ја прекина серијата од пет натпревари без победа. Головите за „кралскиот клуб“ ги постигнаа Кико (автогол) во 83. минута и Серхио Рамос од пенал во 88. минута. Со трите освоени бода Реал стигна […]