Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 при посетата на Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“. – Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може […]

Тотенхем заигра во својот нов велелепен дом


Се чекаше доволно долго, се одложуваше преселбата неколку пати, се играше на „Вембли“, но… на сето тоа му дојде крајот и новиот дом на Тотенхем вреден милијарда фунти изгледа навистина импресивно. Архитектонската фирма „Популус“ со седиште во Канзас, Лондон и Бризбејн креираше комплексен и иновативен објект кој лежи на истото место како и стариот „Вајт […]

Шкендија триумфално во Струмица, Вардар јалов против фенерџијата


Со голот на Висар Муслиу во 30 минута, фудбалерите на Шкендија победнички го минаа гостувањето во Струмица кај Академија Пандев. Ова беше прв триумф на тетовчани против „пандевците“ во третиот нивен меѓусебен дуел сезонава, па дури и прв гол со кој актуелниот шампион е уште поблиску до одбрана на титулата. Шкендија сега има предност од […]

Академија Пандев ја пречекува Шкендија, борбата за опстанок поинтересна


Водечката Шкендија му гостува на третопласираниот тим, Академија Пандев. Тоа е дерби-натпреварот од 26. коло од првата фудбалска лига кое се игра денеска од 15.30 часот. Шампионот доаѓа на стадионот „Младост“ во Струмица по трите последователни победи (Работнички, Силекс и Победа) и гол-разликата од девет дадени и два примена гола. Но, и струмичани се во […]

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ


Муамед Сејдини е пред промоција како нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатот од општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) на Кичево е единствена опција за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече од функцијата во минатото лето. Дотогаш беше негов потпретседател, а во меѓувреме и в.д. претседател. Редовното Генерално Собрание на ФФМ што воедно […]

Паушал од 10.000 денари, спортска опрема до 150 евра, ноќевање во Горица за делегатите на Собранието во ФФМ


Десет илјади денари, спортска опрема во износ до 150 евра, ноќевање, патни трошоци и, секако, задолжителен ручек. „Независен весник“ неофицијално дознава дека ова се бенефити за секој делегат во Собранието на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што е најавено за викендот (17 март) во хотелот „Горица“ во Охрид. Настрана можноста за патувања или ротирање на […]

Арсенал му нанесе прв пораз на Манчестер Ј. во Премиерлигата со Солскјер


Арсенал го нанесе првиот пораз на Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер во Премиерлигата. „Точиите“, во дербито на 30. коло, ги победи „црвените ѓаволи“ на „Емирати“ со 2:0. Во 12. минута Гранит Џака постигна гол по извонреден удар од левата страна, а Пјер Емерик Обамејанг реализираше од пенал во 69. минута. Фудбалерите на […]

Мак-фудбал: Вардар ремизира кај Беласица, Работнички поразен од Академија Пандев


Екипата на Вардар не успеа да победи на гостувањето кај Беласица, откако двата тима одиграа без голови во Струмица во меч од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Беласица имаше неколку добри шанси во првиот дел преку Балдовалиев и Ѓоргиев, но не успеа да реализира. Вардарци на почетокот на второто полувреме ја имаа […]

Марсело демантира дека ќе замине од Реал: Тука е мојата куќа


Бекот на Реал Мадрид, Марсело ги негираше информациите за трансфер во Јувентус. Италијанска „Ла Стампа“ објави дека Бразилецот ќе потпише договор со “старата дама“ на четири години за плата од 12 милиони евра по сезона. Марсело го искористи својот профил на социјалната мрежа Инстаграм за да го демантира весникот. Бразилецот напиша: „Тука е мојата куќа!“.

Раниери: Рома е во мојата ДНК


Клаудио Раниери се врати на чело на Рома по осум години откако доби отказ од клубот. Тој го замени Еузебио ди Франческо и веќе го одржа првиот тренинг со тимот. По него, Раниери ги повика фановите за поддршка и изрази уверување дека „џалоросите“ брзо ќе ја стабилизираат својата игра. „Многу ми значи што се вратив […]

ФИФА отвора работно место за Арсен Венгер


Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер (69) може да почне со работа во ФИФА. Французин добил понуда да биде одговорен за техничкиот развој на светската фудбалска централа. Венгер е во фокусот и на ПСЖ, но речиси е сигурно дека ќе ја одбие понудата на „светците“. Легендарниот тренер на „топџиите“ е без работа од минатото лето […]

Васоски по двата пораза на Вардар: Тројца невоиграни стартери, импровизации, психологија…


Два пораза, пет примени гола и ниту еден постигнат е ефектот на Вардар во двете кола од пролетниот дел на сезоната во фудбалскиот шампионат на Македонија. Двата се претрпени во Тетово. Првиот од Шкендија со 0:1 во меч во кој не беше признат гол на скопските „црвено-црни“ (асистентот на Димитар Мечкаровски – Игор Стојчевски не […]

Шкендија го победи Вардар и побегна на +8


Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија забележа победа со 1:0 против Вардар во дерби натпреварот од 19. коло. Стрелец на единствениот гол беше Омар Имери во 23.минута. Во финишот на првото полувреме се случи спорен момент. По ударот на Најдовски топката удри во пречката на голот на Шкендија и се одби зад […]

Бразил во шок по трагедијата во кампот на Фламенго


Две години по трагедијата со урнатиот авион со кој се превезуваше екипата на Шапекоенсе (загина 71 лице), Бразил во нов шок. Пожар проголта десет млади животи во тренинг кампот на Фламенго. Немилиот настан се случи вчераутро по пет часот по средноевропско време. Огнот избил во спалните во комплексот на еден од најголемите бразилски клубови. Шестмина […]

Кучето на Сала доби нов дом: Таа е дел од нашето семејство


Нала, неговата верна сопатничка, сега е дел од нас и нашето семејство. Никогаш не помисливме да ја дадеме на посвојување“, напиша Ромина Сала, сестра на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој настрада во авионската несреќа над Ла Манш. Семејството до последен момент се надеваше дека Емилијано е жив. На длабочина од 67 метри во морето, пронајдено […]

Столе Димитриевски во Рајо Валјекано со 2022 година


Столе Димитриевски ќе остане во Рајо Валјекано до 2022 година. Перформансот што македонската репрезентативна „единица“ го покажа во десетте меча за екипата од мадридското предградие Вајехос беа доолни за раководство на клубот да го откупи неговиот договор од Химнастик. Димитриевски во Рајо Валјекано пристигна на позајмица во финишот на летниот преоден рок од второлигашот од […]

Фински РоПС Рованиеми го промовора Дамјан Шишковски


Дамјан Шишковски во наредните шест месеци ќе брани за фински РоПС со можност за продолжување на соработката и во периодот потоа. Екипата од Рованиеми, главен град на најсеверниот регион во земјата, вчера го промовира репрезентативниот голман на Македонија. Тој притоа изрази задоволство од трансферот и надеж за што поскоро адаптирање во средината и давање свој […]

Перишиќ се договорил со Арсенал да биде „топџија“ до 2022 година


Крилото на Интер, Иван Перишиќ веќе ги прецизирал сите лични услови во договорот со Арсенал. Сега останува двата клуба да стигнат до консензус, објави италијански „Либеро“. Според медиумот Хрватот, кој за неколку дена ќе наполни 30 години, се разбрал да добива плата од 3 милиони евра кај „топџиите“. Таа ќе биде во оваа големина до […]

Рома го бара Адеми


Италијанскиот гигант Рома е заинтересирана во своите редови да го донесе македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми. Според хрватските медиуми, тимот од Рим сака да го доведе капитенот на Динамо Загреб уште во овој зимски преоден рок. Хрватскиот шампион веќе се изјасни оти нема да му прават проблем на 28-годишниот фудбалер да си замине ако има […]

Адеми ги одби милионите на Билиќ


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми ја одби понудата на богатите шеици да премине во Ал Итихад во Саудиска Арабија. Клубот што го води Славен Билиќ, беше подготвен да плати пет милиони евра за во своите редови да го донесе капитенот на Динамо Загреб, но 28-годишниот фудбалер без размислување рече „не“. Неговите пријатели за хрватските медиуми […]