Белгија: Нови докази во скандалот со наместените фудбалски натпревари


Белгија- Белгиските весници ДХ и ХЛН откриваат нови елементи од истрагата за наместените фудбалски натпревари во Белгија, во кои се вмешани српски и македонски граѓани. Новинарите откриваат детали од прислушкувани телефонски разговори на агентот Дејан Вељковиќ со двајца судии, Барт Вертентен и Себастиен Делфериер. Од разговорите излегува дека Вељковиќ ги корумпирал судиите, пишуваат весниците утринава. Неколку […]

Можете да ја купите Црвена звезда, ама не и Лигата на шампионите


Во големото дерби на францускиот фудбалски шампионат, ПСЖ како гостин го совлада Олимпик Марсеј со 2-0, со што ја зголеми бодовната предност на врвот од табелата. Ако веќе не можеа на терен, во елемент беа домашните навивачи, кои преку транспарент на целата трибина покажаа што мислат за богатите сопственици на ПСЖ и нивниот проект. „Можете […]

Лопетеги пред отказ по петардата од Барса


И без повредениот Меси, Барселона го уништи Реал Мадрид со 5-1 (2-0) во големото дерби на шпанскиот фудбал. Стрелец на три погодока беше Суарез, по еднаш погодија Кутињо и Видал, додека кај „кралевите“ почесниот гол го постигна Марсело. Беше тоа одличен натпревар, во кој и актуелсниот европски шампион имаше свои пригоди и пречки, но на […]

Реми на Вардар, Шкендија на -2


Вардар одигра реми без голови против Ренова во рамките на 11-то коло од Првата фудбалска лига. За Вардар ова е втор натпревар во низа без победа, но останува да биде лидер на табелата со 24 поени, односно два повеќе од Шкендија. На натпреварот во Тетово актуелниот шампион Шкендија убедливо ја совлада Македонија Ѓорче Петров со […]

Адеми го кине проклетството на Динамо


Динамо Загреб продолжува да гази во фудбалската Лига на Европа. Во третиот натпревар од групната фаза, ја забележа и третата победа. На гости во трнава, „модрите“ славеа со 2-1 против Спартак, иако на полувреме губеа со 1-0. Во вториот дел, Марио Гаврановиќ и Мислав Оршиќ им донесоа три бода на загрепчани, со што само теорија […]

Македонските репрезентативци тренираа во Ереван


Ереван– Македонската фудбалска репрезентација по синоќешната победа над Лихтенштајн, денеска патуваше кон Ереван каде што веќе го одработи првиот тренинг. Репрезентативците тренираа во две групи. Играчите што играа против Лихтенштајн имаа полесен тренинг, а останатите тренираа со полн интензитет. Добрата атмосфера што го краси тимот е присутна и во Ереван, а после трите победи најверојатно со […]

Македонец приведен во фудбалскиот скандал во Белгија


Фудбалскиот скандал што ја тресе Белгија се шири од ден на ден. Медиумите од регионот пренесуваат дека приведен е и Македонецот Драган Силјаноски. Тој се сомничи дека перел пари во соработка со криминалната организација одговорна за хаосот во Белгија. Хрватските весници пишуваат дека Силјаноски му бил менаџер на тренерот на шампионот Бриж – Хрватот Иван […]

УЕФА со донација од 50.000 евра за СОС Детско село


Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ја прифати иницијативата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), СОС Детско село – Македонија да добие награда 50.000 евра од Фондацијата за деца. Средствата се наменети за развој на спортските  активности на децата што живеат таму. „ФФМ секогаш се труди да има активна улога во општеството, давајќи придонес во проекти и […]

Адеми на земја, Динамо во облаци


Загреб е во еуфорија откако Динамо ја забележа втората победа во вториот настап во групната фаза од фудбалската Лига Европа. „Модрите“ промаршираа низ Брисел и го победија Андерлехт со 2-0. Стрелци беа Хајровиќ од пенал и Гојак. Загрепчани можеа да го декласираат белгискиот состав, имаа десетина шанси, така што домаќините, кои од 47. минута играа […]

Судиите му се криви на Мурињо за поразот на Манчестер Ј. од Вест Хем


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше задоволен од својот тим по поразот со 1:3 од Вест Хем во натпревар од Премиерлигата. Тој, сепак, имаше забелешки и кон судиите на натпреварот. „Мислам дека тоа не е најдобар начин да се започне натпреварот, откако во петата минута екипата прими гол. Имаше офсајд, можеби судијата на […]

ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија


Екипата на Вардар продолжува со својата победничка серија, откако попладнево во Штип ја совлада прилепска Победа со 0:1 (0:0) и нема пораз веќе во пет натпревари по ред. Голот вреден три бода го постигна Бразилецот Лира во 56-тата минута. На тој начин Вардар останува на чело на табелата со 17 бода, два повеќе од Академија […]

Почина легендарниот голман Благоја Истатов


Легендарниот македонски голман Благоја Истатов почина денеска во 71. година од животот. Истатов целиот свој живот го посвети на фудбалот. Негов матичен клуб е Беласица, а настапуваше и за Победа од Прилеп, белградски Партизан и Утрехт од Холандија. Беше дел и од поранешната југословенска репрезентација. По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската работа. […]

Роналдо не се помирува: Овие трофеи не можете да ги украдете


Португалците никако не можат да се помират што Кристијано Роналдо не е најдобар играч на светот. Селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош смета дека во изборот на Лука Модриќ има нешто чудно, а музејот посветен на Роналдо отиде чекор подалеку. „Овие троефи не можете да ги украдете, тука е нашиот аларм“, стои во објавата на „Инстаграм“. […]

Ѓоковиќ до Модриќ: Браво мајсторе, заслужено


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му ја честиташе титулата најдобар фудбалер на светот на Хрватот Лука Модриќ. Кратко по доделувањето на наградата, Ѓоковиќ напиша на „Инстаграм“: „Браво Лука. Апсолутно заслужено, мајсторе. Нека ти е со среќа“. Ѓоковиќ и летово за време на Светското првенство во Русија отворено навиваше за Хрватска.

Пандев и Ангеловски гласаа за Модриќ


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, како и селекторот Игор Ангеловски своите гласови за најдобар светски фудбалер му ги дадоа на Лука Модриќ, кој и ја доби престижната награда од ФИФА. Покрај македонските преставници, и најголем дел од соседните земји, односно од регионот го прогласија Хрватот за најдобар во светот. Загрепските медиуми пишуваат дека […]

Ред бул Лајпциг и Ред бул Салцбург играа меѓу себе


Тоа што УЕФА упорно се обидуваше да го спречи, се случи во четвртокот вечерта. Во натпревар од првото коло од групата Б во Лига Европа, меѓу себе играа Ред бул Лајпциг и Ред бул Салцбург. Станува збор за клубови со заеднички сопственик – австрискиот бизнисмен Фитер Матешиц. Според прописите на европската фудбалска организација, не е […]

Адеми не играше, Елмас како да не играше


Стефан Ристовски, Елиф Елмас, Даниел Мојсов и Иван Тричковски одиграа 90 минути за своите тимови во првото коло на фудбалската Лига Европа. Спортинг во Лисабон со 2-0 го совлада Карабаг, кипарски АЕЛ на свој терен загуби со 1-0 од Цирих, додека Фенербахче доживеа дебакл на „Максими“ против Динамо со 4-1. Капитенот на „модрите“, Аријан Адеми […]

Шамар за Модриќ од Каземиро: Златната топка би му ја дал на Роналдо


Бразилскиот репрезентативец Каземиро ги изненади навивачите на Реал Мадрид откако јавно застана зад Роналдо, кој годинава ги напушти „кралевите“ и замина во Јувентус. На прашањето кој е најдобар фудбалер на светот, тој без задршка го прогласи Португалецот, иако со него и натаму игра официјално најдобриот европски играч – Лука Модриќ. „Модриќ имаше одлична сезона, со […]

(Видео) Велковски како Зидан


Фудбалерите на Сараево го победија Вележ во Мостар во двобој од Купот на БиХ, а единствениот гол го постигна Крсте Велковски. Повремениот македонски репрезентативец погоди во 58 минута со волеј удар од 25 метри, потсетувајќи го на легендарниот гол на Зинедин Зидан во финалето од Лигата на шампиони против Баер Леверкузен.

Елмас сакал да игра за Динамо, вечерва ќе игра против


Вкупно 24 натпревари се на програмата вечерва во рамките на првото коло од фудбалската Лига Европа. За разлика од Лигата на шампионите, каде што нема македонски репрезентативец, ситуацијата е поинаква во второто по ранг и по квалитет натпреварување под капата на УЕФА. Стефан Ристовски со Спортинг, Аријан Адеми со Динамо Загреб, Елиф Елмас со Фенербахче, […]