Трамп ја повика гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук, да поднесе оставка


Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, да поднесе оставка, наведувајќи дека директорот на Федералната агенција за финансирање на домување на САД (FHFA) апелирал до Министерството за правда на САД да ја истражи нејзината наводна измама со хипотеки. „Лиза Кук мора веднаш да поднесе оставка!!!“, објави Трамп на својата социјална […]

Блумберг: Трамп побарал Орбан да го укине ветото за пристапувањето на Украина во ЕУ


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговарал телефонски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Главна тема на разговорот била блокадата на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија од страна на Орбан, според извори запознаени со ситуацијата, објави Блумберг. Повикот на Трамп до Орбан следел по […]

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе издаде указ за укинување на гласањето по пошта и употребата на електронски машини за гласање пред изборите за Конгресот во 2026 година, јави ДПА. „Ќе поведам движење за укинување на гласачките ливчиња по пошта, како и на, да ги наречеме, неточните, скапи и крајно контроверзни машини за гласање“, […]

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопшти дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и започнал подготовки за тристрана средба со него и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел изнаоѓање решение за конфликтот во Украина. „Имав многу добра средба во Белата куќа со угледни гости, меѓу кои претседателот на Украина Володимир Зеленски, […]

Трамп најави нови царини за челик, полупроводници и чипови


  Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека ќе воведе нови царини за челик, полупроводници и компјутерски чипови во следните неколку недели, без да прецизира која царинска стапка ќе се применува за тие производи. „Следната недела и неделата потоа, ќе воведам царини за челик и, да речеме, за чипови“, изјави Трамп во петокот за […]

Царините на Трамп ќе го уништат градот во Ирска кој произведува ботокс за цел свет


  Во древниот келтски фолклор, Tír na nÓg е земја на вечната младост, каде што времето застанува и луѓето не стареат. Денес, на западот од Ирска, тие се приближија до нејзино флаширање. Вестпорт, мал крајбрежен град во живописниот округ Мајо, е неочекуваниот нервен центар на светските залихи на ботокс. Објект управуван од фармацевтската компанија AbbVie […]

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш


 Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“, отфрлајќи ја идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Кримскиот полуостров анектиран од Русија како нереална. На својата платформа Truth Social, Трамп рече дека Зеленски „може да ја заврши војната со […]

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери


Американскиот претседател, Доналд Трамп, утре во Вашингтон прво ќе одржи средба само со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, додека европските претставници потоа ќе присуствуваат на работен ручек и продолжение од разговорите, наведува германскиот весник Билд, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Во делегацијата на европските „тешкаши“ покрај германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе бидат и францускиот […]

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!


Додека Володимир Зеленски и Урсула фон дер Лајен ја одржуваа заедничката прес-конференција во Брисел пред утрешната средба со него во Вашингтон, американскиот претседател, Доналд Трамп објави краток коментар на неговата социјална мрежа „Truth Social“ за преговорите што во петокот ги имаше со рускиот претседател со Владимир Путин. „ГОЛЕМ НАПРЕДОК ЗА РУСИЈА. СЛЕДЕТЕ! Претседател ДЈТ“, напиша […]

Ова е понудата на Путин за завршување на војната, Ројтерс ги објави деталите


Русија ќе се откаже од помали делови од окупирана Украина, а Киев ќе отстапи големи делови од истокот на земјата што Москва не успеа да ги освои – ова е рамката на мировниот предлог што го дискутираа на самитот во Алјаска рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според извори на Ројтерс запознаени […]

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици


Илјадници луѓе протестираа против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, откако организаторите повикаа на протести во околу 300 градови под мотото „Fight the Trump Takeover“ („Спротивстави се на преземaњето на Трамп“). Еден од најголемите собири се одржа во Остин, главниот град на јужната сојузна држава Тексас, каде локалните медиуми јавија дека се собрале околу 5.000 […]

Политико: Триумфот на Путин во Алјаска


Рускиот претседател Владимир Путин ја напушти Алјаска многу задоволен. И имаше причина за тоа, пишува колумнистот Џејми Детмер во Политико. Средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, одржана во воена база од времето на Студената војна во близина на Анкориџ, му даде можност да се претстави на американска почва како рамноправен светски лидер, а не како […]

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски


Европските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер, издадоа заедничка изјава по разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина, да стави крај на агресивната војна на Русија и да постигне праведен и траен мир“, се наведува во соопштението. […]

Трамп сака да ја поттикне американската вселенска индустрија со помалку бирократија


Американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја зајакне домашната вселенска индустрија со намалување на бирократските процедури, во услови на сè поголема конкуренција од земји како Кина и Индија, јави ДПА. Со извршна наредба потпишана вчера, администрацијата ги утврди плановите за зајакнување на позицијата на САД во вселената до 2030 година, преку создавање конкурентен пазар за […]

Ден пред историската средба со Трамп, Путин ја тестира новата нуклеарна ракета „Буревестник“?


Се чини дека Русија се подготвува да ја тестира својата нова крстосувачка ракета со нуклеарен погон, која може да носи и нуклеарна боева глава, објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца американски истражувачи и западен безбедносен извор. Сето ова се случува додека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за утрешните разговори за Украина со американскиот претседател […]

Доналд Трамп избра економист од „Херитиџ“ да раководи со Бирото за статистика на трудот на САД


Доналд Трамп избра лојален човек од десничарската Фондација „Херитиџ“ да раководи со Бирото за статистика на трудот, откако ја отпушти поранешнната комесарка поради неповолен  извештај за вработување за кој тврдеше дека е „наместен“. Во објава на „Трут Сошнал“ во понеделник вечерта, Трамп рече дека го номинира „високо почитуваниот економист“ Е. Џ. Антони за претседател на […]

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина


Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврди дека пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговара и со европските лидери и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но потврди дека се „уморни“ од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји. Додаде дека […]

Трамп ќе ја распореди Националната гарда во Вашингтон за борба против „бранот на беззаконие“


Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска објави дека ја става Полициската управа на Вашингтон под федерална контрола и нареди Националната гарда да биде распоредена во главниот град за борба против „бранот на беззаконие“. „Ја распоредувам Националната гарда за да помогнам во враќање на законот, редот и јавната безбедност во Вашингтон“, им рече Трамп на новинарите во […]

Шефот на „Епл“ му подари на Трамп 24-каратна златна плочка, погледнете го видеото


Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, ја посети Белата куќа завчера, каде што се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп и му подари специјално направен подарок кој изгледаше дека е прилагоден на вкусот на претседателот. Кук и Трамп во таа пригода објавија дека „Епл“ ќе инвестира нови 100 милијарди долари (околу 91 милијарда евра) во […]

Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин


Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин. -Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу […]