Во чест на Доли Партон, Трамп нареди да се спуштат американските знамиња на половина копје


Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на кантри музиката, почина на 80-годишна возраст. По веста за нејзината смрт, која одекна низ целиот свет, американскиот претседател Доналд Трамп нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје. Пораки со сочувство пристигнуваат од целиот свет. Претседателот Доналд Трамп нареди сите американски знамиња да се спуштат […]

Трамп: Ормускиот теснец е исчистен од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен


Сите мини во меѓународните води на Ормускиот теснец се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го […]

Мицкоски ја ставил Македонија на „нишанот“ на Иран


  Премиерот Христијан Мицкоски во скандалозното интервју за „Брајтбарт“ извести дека со одлука, за која никој не знае во државава, ја ставил Македонија на ракетниот „нишан“ на Иран. Во интервјутo, во кое главно брише под со Македонија и со себе со нападното додворување на Трамп, Мицкоски соопшти дека една од причините зошто претседателот на САД […]

Ал-Шараа му се заблагодари на Трамп: По 47 години САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот


Соединетите Американски Држави (САД) вчера официјално ја отстранија Сирија од својот список на држави спонзори на тероризмот. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шараa силно ја поздрави одлуката. Во своето обраќање, ал-Шараa изрази длабока благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп, како и до сите пријателски земји за нивната поддршка. „Денес, Сирија отстранува темна дамка и затвора болно поглавје […]

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување туристички и деловни визи за до 200 илјади странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД. Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 […]

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го ограничи гласањето по пошта


Врховниот суд на САД денес ја поништи судската одлука со која се блокираше администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја спроведе неговата извршна наредба со која се ограничува употребата на гласање по пошта пред ноемвриските конгресни избори, на кои ќе се одлучи која партија ќе го контролира тој дом. Судиите го одобрија итно барање од […]

Трамп најави царини од 50 отсто за канадските возила, делови и челик од 1 јануари


Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како […]

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth Social“ и го прогласи за територија на САД. Објавената слика покажува мапа на која е контаминиран делот што го вклучува Ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи.   Над тоа е коментарот: […]

Американски гигант доби речиси 1 милијарда долари откако Врховниот суд ги поништи царините на Трамп


„Таргет“ објави дека добил речиси 1 милијарда долари поврат на царини од американската влада, зголемувајќи го профитот на трговецот на мало во последниот квартал. Американскиот синџир соопшти дека добил 994 милиони долари поврат на средства пред оданочување, што помогнало да се удвои оперативниот профит во вториот квартал, од 1,3 милијарди долари на 2,6 милијарди долари […]

Трамп му се заканува на Оман. Зошто?


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман ако оваа држава од Персискиот Залив „застане на патот“ на САД. Заканата доаѓа во време кога Оман преговара со Иран за навигација низ Ормускиот теснец, кој стана една од клучните точки на жариштата на војната и глобалната енергетска криза, објави Асошиејтед Прес. Трамп оваа […]

Судот го блокира планот на Трамп за преместување на седиштето на ФБИ


Американски федерален судија го блокираше планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на седиштето на ФБИ во канцелариска зграда во Вашингтон. Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува Еуроњус. Локацијата во Гринбелт, […]

Синовите на Трамп заработуваат од кинеските модели на вештачка интелигенција што САД ги сметаат за закана


„Ворлд Либерти Фајненшл“ (World Liberty Financial), крипто проект поврзан со претседателот Доналд Трамп, соработува со „ВорлдКлау“ (WorldClaw) со седиште во Хонг Конг за да им обезбеди на корисниците пристап до десетици кинески модели на вештачка интелигенција. Меѓу нивните развивачи се компании што администрацијата на Трамп ги смета за закана за американската национална безбедност, пишува Ројтерс. […]

Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман ако постигне договор со Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормуската Теснина. Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за стратешкиот воден пат. „Доколку Оман на кој било начин се придружи, ние ќе го бомбардираме со полна сила“, изјави […]

Трамп нареди намалување на воените вежби со Јужна Кореја: Ги нарече скапи и го пофали односот со Ким Џонг-ун


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го намали обемот на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја за одвраќање на Северна Кореја, и покрај предупредувањата на воени претставници од двете земји дека режимот на Ким Џонг-ун учи нови тактики на војување од војната во Украина. Трамп истакна дека „не е задоволен“ од американското […]

Трамп за договорот од Мека: Ова покажува дека Блискиот Исток може да биде обединет и полесно да се брани


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го коментираше заедничкиот одбранбен договор потпишан на 7 август во Мека од страна на лидерите на Саудиска Арабија, Турција и Пакистан, оценувајќи го како важен прв чекор. Трамп на социјалната мрежа Truth Social изјави дека договорот од Мека покажува ново зближување меѓу земјите од Блискиот Исток. Во објавата, тој им […]

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по поразот на Иран, ќе го прогласи Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави. Тој ја изговори реченицата со насмевка, со тон што остави впечаток дека се шегува. „Откако ќе завршиме со победата над Иран, кој претрпе тежок пораз, многу брзо ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија […]

Медиуми во САД го тужат Трамп


Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на […]

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта


Федерална судијка ја прошири на целата територија на САД забраната за спроведување на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, која ја обврзува Американската поштенска служба (USPS) да има построги правила за ракување со гласачки ливчиња испратени по пошта. Одлуката беше донесена во пресрет на конгресните избори во ноември. Судијката Индира Талвани од Федералниот окружен суд […]

Трамп: Ако го  смените Инфантино, Светското првенство никогаш повеќе нема да биде толку успешно


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го бранеше шефот на ФИФА, Џани Инфантино, велејќи дека неговото отстранување би било „страшна грешка“. Позицијата на Инфантино е доведена во прашање откако неговиот план да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори пропадна. Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да каже дека отстранувањето на […]

Трамп потпиша извршна уредба со која се намалува бројот препорачани вакцини за деца во САД


Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата […]