Трамп не исклучува поголеми царини за Кина за да ја запре војната во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп ги користи царините како алатка за надворешна политика со воведување секундарни царини за индиска стока затоа што Индија купува руска нафта, изјави министерот за финансии Скот Бесент во интервју за Фокс њуз. „Претседателот Трамп ги користи царините како инструмент за надворешна политика и наметнува секундарни царини за Индија затоа што купува […]

Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на „формална церемонија на потпишување на мировен договор“ во Белата куќа. Во објава на својот профил на социјалните мрежи, Truth Social, Трамп исто така рече дека САД ќе потпишат и билатерални економски договори со двете земји. Двете земји, кои […]

Камбоџа го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир


Камбоџанската влада официјално го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, нагласувајќи дека неговиот притисок врз Пном Пен и Бангкок придонел за прекин на огнот во неодамнешниот вооружен конфликт меѓу Камбоџа и Тајланд. Во писмо упатено до норвешкиот Нобелов комитет, камбоџанскиот премиер Хун Манет оцени дека интервенцијата на Трамп помогнала да се […]

Директорот на „Интел“ во немилост, Трамп бара негова оставка


Акциите на најголемиот американски производител на чипови, „Интел“, паднаа за повеќе од четири проценти денес откако американскиот претседател Доналд Трамп побара оставка од извршниот директор Лип-Бу Тан преку социјалните медиуми, објавува Си-Ен-Ен. „Извршниот директор на Интел е во голем судир на интереси и мора веднаш да поднесе оставка. Нема друго решение за овој проблем“, напиша […]

Само една земја ги избегна новите царини на Трамп. „Таа играше мајсторски“


Мексико е единствената земја што доби 90-дневно одложување од американскиот претседател Доналд Трамп, додека десетици други земји, вклучувајќи ги Канада, Јапонија и земјите од ЕУ, веќе се погодени со строги трговски казни. Ослободувањето е резултат на месеци дипломатски напори на мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, која успеа да изгради стабилен однос со непредвидливиот Трамп – и […]

Кремљ: Путин прифати средба со Трамп


Русија и САД се согласија за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков, според руските медиуми. -На предлог на американската страна, во принцип е постигнат договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво во наредните денови, поточно средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, рече Ушаков. […]

Њујорк Тајмс: Трамп планира средба со Путин на почетокот на следната недела


Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од следната недела, објави денеска „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извора. Потоа, Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа биле информирани европските лидери кои учествувале во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски. […]

Трамп беше првиот што го казни Путин денес: Преку царините за Индија удира по Русија


Само неколку часа откако неговиот претставник Стив Виткоф седна на маса со Владимир Путин во Кремљ, американскиот претседател Доналд Трамп ги потпиша првите конкретни санкции против Русија поради војната во Украина. Имено, Белата куќа објави дека САД ги удвојуваат тарифите за Индија поради континуираните купувања на руска нафта, а патот е отворен за слични мерки […]

Какви „сигнали“ разменија Москва и Вашингтон на средбата на човекот на Трамп со Путин


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е постигнат „голем напредок“ во врска со Украина за време на состанокот меѓу неговиот претставник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин денес во Кремљ. Трамп го опиша состанокот како „многу продуктивен“ во објава на социјалната мрежа Truth Social, велејќи дека по состанокот ги информирал некои од своите […]

Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник


 Американскиот претседател Доналд Трамп вчера јавно посочи за прв пат дека потпретседателот Џеј Ди Венс е „најверојатно“ идниот наследник на движењето МАГА и можен републикански претседателски кандидат во 2028 година. -Тој веројатно би бил фаворит во моментов, рече Трамп, додавајќи дека Венс би можел да се здружи со државниот секретар Марко Рубио. Министерката за внатрешна […]

Русија разгледува „воздушно примирје“ како отстапка кон Трамп, тврди Блумберг


Кремљ размислува за привремено запирање на својата кампања за напади со долг дострел во Украина како потенцијална отстапка кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со дискусиите. Остануваат уште три дена до крајниот рок на Трамп на 29 јули за Русија да ја заврши војната во Украина. Според Блумберг, […]

Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе


Намалувањето на цените на енергијата може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Cи-Ен-Би-Си. „Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе. Ако поевтини за уште 10 долари за барел, тој нема да има избор бидејќи неговата економија […]

Трамп: Американците би можеле да добијат „некаков вид дивиденда“ од новите царини


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека некои Американци би можеле да добијат некаков вид дивиденда или распределба на пари како резултат на воведувањето царини за трговските партнери на Соединетите Американски Држави (САД). „Распределбата на профитот или дивидендите би можела да се организира за нашите граѓани, првенствено за луѓе со средни и пониски приходи“, изјави […]

Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп


Владата на САД започна формална истрага за поранешниот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше два случаи против сегашниот претседател Доналд Трамп пред да биде реизбран за претседател на САД. Канцеларијата на специјалниот советник потврди дека истражува дали Смит го прекршил Законот „Хач“, кој им забранува на владините службеници да ги користат своите позиции за политички […]

Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за статистика, не му допаднаа податоците за бројот на вработени


Претседателот Доналд Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за статистика на трудот во петокот, неколку часа откако агенцијата објави дека растот на работните места во САД се забавил речиси до застој. Во објава на Truth Social, во која исто така упати повеќе критики кон претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, Трамп ја обвини комесарката на […]

САД распоредуваат нуклеарни подморници како одговор на „провокативни“ руски коментари


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил распоредување две нуклеарни подморници како одговор на „многу провокативните“ коментари од висок руски функционер. „Врз основа на многу провокативните изјави на поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев…, наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони, за секој случај ако овие глупави и запалливи изјави се нешто […]

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 отсто


Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на […]

Трамп побара од 17 директори на фармацевтски компании да ги намалат цените на лековите во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп испрати писма до извршните директори на 17 големи фармацевтски компании во кои ги повикува да преземат итни мерки за намалување на цените на лековите за Американците, соопшти Белата куќа. Писмата беа испратени до врвни раководители на компании, вклучувајќи ги Ели Лили, Санофи, Риџенерон, Мерк и Ко, Џонсон и Џонсон, АстраЗенека и […]

Трамп сака војната на Русија во Украина да заврши до 8 август


Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека до 8 август мора да се постигне договор за прекин на војната на Русија во Украина, изјавија САД пред Советот за безбедност на ОН. „Русија и Украина мора да се согласат на прекин на огнот и траен мир. Време е за договор. Претседателот Трамп јасно стави […]

Трамп: Претседателот на ФЕД е тотален губитник


 Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска го обвини претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, дека е „премногу политички настроен“ за својата функција и оти изгубил милијарди американски долари. – Џером „Предоцна“ Пауел го направи тоа повторно! Тој е „предоцна“, и всушност, премногу лут, премногу глупав и премногу политички настроен за да биде претседател на […]