Трамп: САД можеби ќе мора да ги поништат трговските договори со ЕУ, Јапонија и Кореја


Претседателот Доналд Трамп изјави во среда дека Соединетите Американски Држави можеби ќе мора да ги „поништат“ трговските договори што ги склучиле со Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, меѓу другите, ако го изгубат случајот пред Врховниот суд за легалноста на царините. Трамп, зборувајќи со новинарите на почетокот на состанокот со полскиот претседател Карол Навроцки, рече […]

Трамп соопшти дека САД нападнале брод со дрога кој тргнал од Венецуела, загинале 11 припадници на банда


Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа во Вашингтон соопшти дека САД во јужниот дел на Карипското Море нападнале брод што превезувал дрога и кој испловил од Венецуела, и оти во таа акција биле убиени 11 припадници на венецуелската банда „Трен де Арагуа“. Тој изнесе малку детали за операцијата и пред новинарите во Овалната соба во […]

Трамп: Имав одличен однос со Путин. Сега сум многу разочаран


Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го разочарал, а шпекулациите за неговото лошо здравје ги отфрли како „лажни вести“. Во интервју за радио емисијата „The Scott Jennings Radio Show“, Трамп рече дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин и додаде, без да даде детали, дека неговата администрација […]

Трамп: Штабот на Вселенската команда на САД од Колорадо ќе биде преместен во Алабама


Претседателот на САД, Доналд Трамп во денешното обраќање од Овалната соба соопшти дека Штабот на Вселенската команда од сојузната држава Колорадо ќе биде преместен во Алабама. – Штабот на Вселенската команда на САД ќе се пресели во прекрасно место наречено Хантсвил, Алабама, кое отсега ќе биде познато како Рокет Сити, наведе Трамп. Тој додаде дека […]

„Вашингтон пост“ го објави планот на Трамп за ривиера во Газа


Целото население на Газа ќе биде преместено, а САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија според план што го разгледува администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Енклавата, која Израел целосно ја уништи во војната со Хамас, ќе биде претворена во протекторат управуван од САД најмалку 10 години, објави весникот. Една од целите […]

На Трамп сите му се виновни што не постигнува мир за Украина – освен Путин!


Високи претставници на Белата куќа веруваат дека некои европски лидери јавно ги поддржуваат напорите на претседателот Доналд Трамп да ја заврши војната во Украина, додека тивко се обидуваат да го поништат напредокот зад сцената од самитот во Алјаска, дознава „Аксиос“.Белата куќа побарала од Министерството за финансии да состави список на санкции што Европа би можела […]

Протече планот на Трамп за Газа: Документот има 38 страници, САД ќе играат клучна улога


Целото население на Газа ќе биде преселено, а САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија според план што го разгледува администрацијата на Трамп, објави Вашингтон пост во неделата. Енклавата, која Израел целосно ја уништи во војната против Хамас, ќе биде претворена во протекторат што ќе го администрираат САД најмалку 10 години, објави весникот. Една […]

Анализа на „Скајњус“: Како понижувањето на индискиот премиер од страна на Трамп го турна Моди во прегратка на Путин и Си


По бурните денови на настанот „Howdy Modi“ (Здраво Моди) во Хјустон (масовниот митинг пред 50 илјади присутни во Тексас во 2019. заб.) и мега шоуто „Namaste Trump“ во Ахмедабад, каде што стадионот беше преполн со над 100.000 луѓе за да го пречекаат американскиот претседател и неговото семејство, понижувањето од страна на неговиот „вистински пријател“ го […]

Трамп: Малку е веројатна средба меѓу Путин и Зеленски, но троен самит е извесен


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски е малку веројатна и дека можеби ќе бидат потребни американски авиони за да ѝ помогнат на Европа да ја заврши војната. „Трилатералната средба ќе се случи, билатерална – не знам. Понекогаш луѓето не се подготвени за неа. […]

Администрацијата на Трамп укинува 500 работни места во Глобалната медиумска агенција и ВОА


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп укинува повеќе од 500 работни места во медиумската агенција одговорна за Гласот на Америка (ВОА) и другите странски медиуми финансирани од владата, изјави претставникот за медиуми на администрацијата, Кари Лејк. Лејк го објави овој потег еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука за разрешување на Мајкл Абрамовиц […]

Апелациониот суд ги прогласи глобалните царини на Трамп за нелегални


Американскиот федерален апелационен суд пресуди дека повеќето од глобалните царини на претседателот Доналд Трамп врз земјите се нелегални, што потенцијално може да претставува значителен удар врз неговите напори еднострано да ја преобликува трговската политика на земјата, објави денес ABC News. Апелациониот суд на САД за федералниот округ го отфрли овластувањето на Трамп да ги спроведе […]

Нападите на Трамп врз ФЕД може да имаат глобални последици, вели шефот на финската централна банка


Ескалацијата на нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз американската централна банка (ФЕД) би можела да има значајни и глобални последици за финансиските пазари и реалната економија, изјави членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Оли Рен. Неизвесноста околу најважниот монетарен орган во светот, Федералните резерви на САД, се зголеми оваа година, бидејќи […]

Неодамна ја навреди, но сега ѝ честита: Трамп за свршувачката на Тејлор Свифт


Доналд Трамп, претседателот на САД кој со месеци отворено ја критикува Тејлор Свифт на социјалните мрежи, сега изненади со промена на својата приказна. Само неколку часа откако Тејлор Свифт и ѕвездата на НФЛ, Тревис Келси, ја објавија својата свршувачка, од Трамп беше побаран коментар на состанокот на кабинетот. „Им посакувам многу среќа. Тој е одличен […]

Кога една слика зборува 1.000 зборови: Белата куќа пред и по Трамп најдобро ја прикажува Америка денес


Доаѓањето на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа за неговиот втор мандат донесе радикални промени во изгледот на Овалната соба. Традиционално, секој американски претседател воведува лични детали и промени во ентериерот, но Трамп отиде чекор понатаму, трансформирајќи ја најпознатата канцеларија во светот во простор доминиран од злато, луксуз и декорации во неговиот препознатлив стил. Овалната […]

ЕК ги отфрли заканите на Трамп во врска со регулирањето на технолошките компании


Суверено право на ЕУ и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на нивна територија, одговори  Европската комисија на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување тарифи за сите земји што ги регулирале активностите на американските технолошки компании. Суверено право на Европската унија и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на […]

Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини до 200 отсто на кинескиот увоз доколку Пекинг не успее да обезбеди сигурно снабдување за САД со магнети направени од ретки земјени елементим јави ДПА. Зборувајќи синоќа во Белата куќа за време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг, Трамп рече дека „тие мора […]

Трамп сака да ги забрани Еј-Би-Си и Ен-Би-Си: Имале 97 отсто лоши праказни за него


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика регулаторите да ги одземат лиценците на радиодифузерите  Еј-Би-Си и Ен-Би-Си (ABC и NBC) поради нивното наводно неурамнотежено известување. На својата платформа Трут соушл (Truth Social) доцна во неделата, Трамп напиша дека и покрај неговата огромна популарност, каналите шират „97% ЛОШИ ПРИКАЗНИ“ за него и неправедно известуваат за републиканците. […]

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон: Сега сите се безбедни


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на посетата на командниот центар во Вашингтон за припадниците на полицијата, Националната гарда и федералните агенти кои ја спроведуваат неговата акција за борба против криминалот во американскиот главен град, дека неговите напори водат кон намалување на криминалот. „Како друго место е. Сега сите се безбедни. Ќе го имаме […]

Трамп му постави нов рок на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv […]

Трамп: Тешко е да се добие војна без да се нападне земјата агресор


Во денешната објава на платформата Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека „многу е тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата на агресорот“. „Тоа е како одличен спортски тим кој има фантастична одбрана, но не му е дозволено да игра напад. Нема шанси за победа! Истото важи […]