Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација


Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското, антифашистичко движење „Антифа“ за терористичка организација, по убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк. -Исто така, ќе препорачам оние што ја финансираат „Антифа“ да бидат темелно истражени според највисоките законски стандарди и практики“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Белата куќа ја објави изминатите денови својата […]

Трамп пристигна во државна посета на Велика Британија


Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна синоќа во државна посета на Велика Британија, објави Би-Би-Си. Тој е придружуван од неговата сопруга Меланија. Ова е втората државна посета на Трамп на Велика Британија без преседан. Првата се одржа во 2019 година – за време на неговиот прв претседателски мандат. Потоа Трамп беше гостин на кралицата Елизабета Втора, […]

Фон дер Лајен му вети на Трамп дека ЕУ ќе престане да купува руска нафта и гас


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека му ветила на американскиот претседател Доналд Трамп дека ЕУ ќе престане побрзо да купува руска нафта и гас, објави ДПА. Фон дер Лајен напиша на „Х“ дека вчера разговарала со Трамп по телефон. Таа вети дека Европската комисија наскоро ќе го претстави 19-тиот пакет санкции […]

Трамп го одложи до декември спроведувањето на законот за одземање на сопственоста на ТикТок


Американскот претседател, Доналд Трамп, денеска ја потпиша извршната наредба за одложување до 16 декември на спроведувањето на законот од 2024 година, што бара отстранување на кинеската сопственост на ТикТок. Британските медиуми пренесуваат дека одложувањето ќе ѝ даде на кинеската компанија „БајтДенс“ (ByteDance) дополнителни 90 дена за финализирање на договор за префрлање на американскиот имот од […]

Апелациски суд: Трамп не може да ја отпушти Лиса Кук од Федералните резерви пред состанокот за каматите


Федералниот апелационен суд во понеделник пресуди дека претседателот Доналд Трамп не може да ја отпушти гувернерката на Федералните резерви Лиса Кук пред комитетот за политики на централната банка да гласа за тоа дали да ги намали каматните стапки. Одлуката на Апелациониот суд на САД за округот Колумбија значи дека Кук, членка на одборот на гувернери […]

Трамп ќе го тужи „Њујорк тајмс“, бара 15 милијарди долари


 Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот „Њујорк тајмс“. -Денес имам голема чест да поднесам тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“, рече Трамп во објава на неговата платформа за социјални медиуми „Truth Social“. Тужбата ќе биде […]

Зеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТО


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да ја заврши војната во Украина. Во ексклузивно интервју за Скај њуз од Претседателската палата во Киев, Зеленски рече дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот лежи во дефинирани безбедносни гаранции, за кои, вели […]

Трамп: Не знаев за израелскиот напад врз Катар


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го информирал однапред за израелскиот напад врз Катар минатата недела, откако Аксиос објави дека Трамп бил предупреден кратко пред нападот. Администрацијата на Трамп изјави дека предупредувањето дошло дури откако ракетите веќе биле во воздух, што му оставило на Трамп никаква можност да се […]

ЕК во одговор на Трамп: Активно работиме на постепено откажување од руските фосилни горива


ЕУ работи на постепено откажување од руските фосилни горива и тоа го прави активно веќе неколку години од почетокот на војната во Украина, со многу јасен план, изјави денеска главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо во коментар на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да престане да купува нафта од Русија. – Сега […]

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска дека би можел да прогласи национална вонредна состојба и да воведе федерална контрола врз главниот град Вашингтон, откако градоначалничката на градот, Муриел Баузер, изјави дека локалната полиција нема да соработува со Службата за имиграција и царина. Проблемот е поврзан со давањето информации за луѓето што живеат или […]

Трамп вели дека е подготвен да воведе санкции врз Русија, ако Европа некупува руска нафта


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе санкции врз Русија, но Европа мора да дејствува на начин што е соодветен на САД. -Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта, им рече Трамп на новинарите синоќа. „А санкциите што ги воведуваат не се доволно силни. Јас сум подготвен да […]

Трамп навести истрага против Сорос


Американскиот претседател Доналд Трамп, навести дека неговата администрација би можела да покрене истрага за рекетирање против Џорџ Сорос или неговото семејство, обвинувајќи го за финансирање на протести, јавија локалните медиуми. Трамп за „Фокс енд френдс“ рече дека демонстрантите добиваат плата за својата работа од Сорос и други луѓе и дека верува дека ова е случај […]

Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски мерки против Москва поради застојот во мировните преговори со Украина. – Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини, рече Трамп […]

Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци


Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред новинарите дека „едноставно мора да ги победиме до бесвест“ „радикалните левичарски лудаци“, по убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк. Трамп зборуваше на јужниот тревник на Белата куќа, пред заминувањето за Њујорк, одговарајќи на прашања за неговата порака до конзервативците кои се чувствуваат нападнати од радикални групи. – Мора […]

Поради убиството на Кирк, Трамп и други политичари со засилени безбедносни мерки


Политичката сцена во САД е во состојба на зголемена напнатост, а загриженоста за безбедноста се зголемува низ целата земја откако конзервативниот активист Чарли Кирк беше убиен на универзитет во Јута, јави Би-Би-Си. Поради инцидентот, безбедносните тимови на претседателот Доналд Трамп ја променија локацијата на неговиот говор во чест на нападите од 11 септември 2001 година, […]

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека странските компании што инвестираат во Соединетите Држави треба да вработуваат и обучуваат американски работници, коментирајќи го минатонеделната рација во фабриката на јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи во Џорџија. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп ги повика „сите странски компании што инвестираат во Соединетите Држави да […]

Трамп: Ги изгубивме Индија и Русија поради најцрната Кина


Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата мрежа „Трут соушл“ (Truth social) го коментираше приближувањето на Индија, Русија и Кина. – Изгледа ги изгубивме Индија и Русија од најтемната, најцрната Кина. Нека имаат долга и просперитетна иднина заедно!, напиша Трамп, при тоа објавувајќи фотографија од рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг […]

Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова  во објава на Фејсбук сподели дека  претседателот на САД Доналд Трамп и упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Сиљановска Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина […]

Трамп организираше вечера со технолошки лидери, Маск не присуствуваше


Претседателот Доналд Трамп на САД синоќа приреди вечера во Белата куќа со водечки личности од технолошката индустрија и други бизнис и политички лидери, но изостана извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск. На настанот беа поканети повеќе од десет технолошки претприемачи, меѓу кои основачот на „Мета“, Марк Закерберг, извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, основачот на […]

Трамп побарал европските лидери да извршат притисок врз Кина и да не купуваат руска нафта


Американскиот претседател Доналд Трамп, во денешниот телефонски разговор со лидерите на земјите од Коалицијата на подготвените, побарал од европските држави да извршат економски притисок врз Кина поради нејзината поддршка за Москва и да не купуваат руска нафта, бидејќи тоа помага во финансирањето на војната во Украина, изјави неименуван американски претставник. Претходно, украинскиот претседател Володимир коментирајќи […]