Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба


Инвестирањето во своите капацитети, како и постојаното подобрување на понудата и на услугите за потрошувачите се приоритети на „Макпетрол“ и во таа насока, компанијата неодамна целосно ја обнови и ја пушти во употреба бензинската станица во Тетово. Снабдувањето со нафтени деривати, гас и био-горива отсега граѓаните ќе го прават во станица со современ и функционален […]

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол


Вработен во тетовско основно училиште вчера додека работел во дворот нашол пиштол, по што пријавил во СВР Тетово, информираат денесka од тетовската полиција. – Вчера (30 ноември) во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека 33-годишен вработен во тетовско основно училиште, на спортско игралиште во кругот на училиштето, пронашол пиштол, информира […]

Тетово три дена затрупано во ѓубре – комуналците штрајкуваат


Трет ден штрајкуваат работниците од „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово поради неисплатени плати и затоа не се собира сметот од контејнерите. Околу контејнерите веќе се создаваат големи купишта отпад. -Три дена по ред доаѓаме во кругот на „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово кај населбата Теќе и не одиме на терен, седиме тука […]

Штрајк на вработените во „Комунална хигиена“ Тетово – не им се исплатени платите


Работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, денеска почнаа штрајк поради неисплатени повеќе плати и немање здравствено осигурување. Работниците од прва смена, како и дел од другите смени, се собраа пред просториите на „Комунална хигиена“ и не отидоа на терен за да го собираат сметот од контејнерите. – Се собравме денеска […]

Касами тврди дека општината без позајмување ќе најде 10 милиони евра за реконструкција на стадионот


Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами тврди дека општината ќе најде начин да обезбеди 10 милиони евра за реконструкција или градење на нов стадион. Ова го соопшти денес на прес-конференција откако вчера преку социјалните мрежи информираше дека е отворен тендер за реконструкција на објектот. -Општината Тетово преку јавното претријатие Тетово Транспорт го распиша досега најважниот тендер […]

Во фабриката во Тетовско изгореа 14 тони хемикалии


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека во повторен разговор со сопственикот на магацинот добиле имформација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски препарати, а не 100 како што известиле вчера. „Поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и деуги хемиски препарати. Од […]

Испарувањата од пожарот во Тетово се органски, а никој во државава не мери такви материи


По големиот пожар во тетовската фабрика за бои и лакови, не се знае какви и колкави се загадувањата во воздухот, затоа што станува збор за органски материи, а во државава нема акредитирана метода за нивно мерење. Се мерат само испарувања од неоргански материи. „Во државата нема акредитирана метода којашто мери органски испарувања“, рече министерката за […]

Двајца мажи незаконски ловеле диви свињи


Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 10 минути ги лишиле од слобода 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од тетовско Фалише поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, извести СВР Тетово. – Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива […]

Општина Тетово повеќе не должи 14 милиони, туку „само“ 8 милиони евра


Општина Тетово ја информира јавноста дека долгот на општината е намален за 6 милиони евра во однос на 2021 година.   – По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони – соопштија од општината. […]

Словенечка групација ќе го чисти Тетово


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата ѝ се отстапува стопанисувањето со отпадот. Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање. -Должностите и обврските […]

НП „Шар Планина“: Општина Тетово отстранетиот асфалт го фрла во природа


Директорот на Националниот парк „Шар Планина“ Ибрахим Дехари денеска на прес-конференција ја обвини за негрижа кон природата Општина Тетово, затоа што асфалтот отстранет од улицата во викенд населбата, според него, бил оставен во природата. Тој прикажа видеоснимка на која се гледа како камион истовара градежен материјал, со порака дека секој посетител на скијачкиот центар исто […]

Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош


Голем број семејства од Тетовско со месеци не можат да добијат термин во стручно тело кое дава наод за попреченост кај деца, по што се лишени од основата да остварат право за добивање надоместок. Станува збор за износи како посебен додаток за деца до 26 години со попреченост од само 7000 денари месечно. – Моето […]

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии


Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час. Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 […]

Реновирани една амбуланта и два оддели во тетовската болница


Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничката болница Илир Демири и Блерим Османи одржаа прес-конференција на која соопштија дека се завршени работите за два тамошни оддели и една амбуланта. Министерот Фатмир Меџити во изјавата за медиумите оцени дека со тоа заокружен е еден значаен проект за Клиничка болница Тетово. – На пациентите им […]

Тетовец ги претепал сопругата и малолетниот син


Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село Желино ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг, 39-годишниот В.З. од истото село, околу 19 часот и 30 минути во семејниот дом физички ги нападнал неа и малолетниот син, извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.  

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума


Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полета еден авион на ДЗС, а втор авион се подготвува, за дејствување на реактивираниот пожар на тешко пристапни места кај селото Милетино во Општина Брвеница, каде што пожарот зафати борова шума.   Инаку, Регионалниот ЦУК Тетово информира дека врз пожарот на терен, од разденување, утрово интервенираат 15 […]

Тешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил


Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна незгода што попладнево се случила околу 17:30 часот. -Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Х (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е.З. Во […]

Тетовската библиотека доби рок од Владата за преместување, вработените бараат соодветни услови за работа


Во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ пристигнале владините одлуки за нивно преместување во други простории на Центарот за култура, но вработените бараат заедно со Министерството за култура да се најде посоодветно решение. Вработените повторно јавно реагираат и алармираат за несоодветните услови за работи кои би ги имале соседните простории каде Владата им наложи да се преместат. […]

Советот на Општина Тетово одобри јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет


 Советот на Општина Тетово на денешната 19-та седница изгласа одлука со која се одобрува јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет. Општината претходно спровела тендер на кој е избрана фирма од Словенија да ја врши оваа услуга. На тендерот му претходеше и физибилити-студија за оправданоста на јавното приватно партнерство. – За најповолен понудувач се избра […]

Со 7,5 милиони евра се рехабилитира автопатот Скопје-Тетово


Владиниот прв вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска извршија увид на рехабилитација на автопатската делница А2 или од Скопје – Тетово. Според […]