Трагедија во Тетово: Мајка и четири деца изгореа во пожар


Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар што избувнал утринава во нивната куќа во населбата Поток во Тетово. Фатиме Зулбеари имала 38 години. Децата се на возраст помеѓу 4 и 13 години. Станува збор за три машки и едно женско дете. Пожарот избувнал околу 4 часот утринава и зафатил неколку куќи. Во моментот се […]

Каремани: Кога ставовите се различни, поделбата е неопходна


Членовите на Централниот совет на движењето Беса што го предводи пратеникот во македонското Собрание Неџбедин Каремани вечерва одржаа состанок во новите простории кои беа отворени во Тетово. По состанокот Каремани без да одговара на прашања ја прочита својата изјава за медиумите. Во неа тој посочи дека проблемите во Беса настанале од непочитување на органите на […]

Биланс на сообраќајни несреќи во тетовско: Двајца загинати и 13 повредени


Двајца загинати, 13 лица со тешки повреди како и 68 лица со повреди од полесен карактер биле последиците од вкупно 80 сообраќајни несреќи со пешаци што во текот на 2017 се случиле на тетовското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Во 2016 година на ова подрачје имало четворица загинати пешаци во сообраќајки, додека […]

ЕЛЕМ ќе донира за прочистувачи на воздух во градинките во Тетово


Тетово – Заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани ја посети денеска градинката „Младост“ во Тетово и се сретна со директорката Рамије Даути за да ја информира околу одлуката на компанијата за донирање средства за набавка на прочистувачи на воздух. За овој проект за набавка за прочистувачи на воздух за повеќе детски установи низ градовите […]

Четири лица тешко повредени во сообраќајки во Тетово


Четири повредени лица од кои едно потешко и материјална штета од 110 илјади денари се последиците од три сообраќајни несреќи, кои поради неприлагодени брзини според условите на патот, се случиле вчера и изминатата ноќ во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Најтешко поминала С.Ф.(75) од Тетово која додека одела пешки на улицата „Љуботенска“ […]

Покрај лабораторијата за дрога во Тетово, откриен и магацин во Батинци


Покрај лабораторијата во Тетово за производство на синтетичка дрога, откриен е и магацински простор во селото Батинци, во близина на Скопје, каде биле складирани хемиски супстанци и други материјали и опрема за подготовка и производство на дрогата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека откриени се и запленети возила, мобилни телефони, сим картички, оружје, муниција и […]

Откриена најголема лабораторија за синтетички дроги во Тетово и Скопје


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека остварувајќи меѓународна правна соработка во предистражна постапка со Јавното обвинителство за организиран криминал и Министерството за внатрешни работи на Република Србија, откри инсталација на најголема лабораторија за неовластено производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа. За координирање на паралелна прекугранична истрага и соработка […]

Кираџија чувал дрога во буре


Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен од полицијата поради сомневање дека во станот во кој што живеел под кирија, чувал дрога. Според МВР, акцијата била реализирана во четвртокот во стан на улицата „146“, каде како потстанар живеел А.Г. (32) од Тетово. „При претресот во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана со тежина од […]

Сугарески: Бројните експропријации проблем за гасификацијата кај Прилеп и Тетово


Значителен дел од планираните 2,19 милијарди денари за процесот за гасификација со Предлог буџетот за 2018 година се наменети за бројните експропријации на земјиштето, кои се клучен проблем за овој проект, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Конкретно, наведе има сериозен проблем на кракот за поврзување од Неготино до Битола, во делот […]