Лидерите на Влен делеа решенија за вработување во тетовската болница, за директорот настанот не бил партизиран


Во амфитеатарот во Клиничката болница Тетово денеска беше организиран свечен настан на кој 109 здравствени работници добија решенија за вработување во оваа јавна здравствена установа. За настанот објавија дел од локалните медиуми, а на Фејсбук информацијата ја сподели и градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој упати честитки до здравствените работници за добиените решенија за вработување […]

Николоски убеден дека Касами ќе најде најдобро решение околу преименување на улиците во Тетово


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во одговор на новинарско прашање денеска оцени дека градоначалникот Биљал Касами ќе најде најдобро решение откако во албанскиот политички блок одреден период се води јавна полемика на тема преименувањето на улиците во градот, а во прашање е доведено и функционирање на Советот. Истакнувањето политички ставови на оваа тема […]

Приведен тетовец што фрлал вреќи со отпад во реката Пена (видео)


Приведен е 54-годишен тетовец поради сомнение дека фрлал вреќи со отпад во реката Пена, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот на улицата ‘Љубо Божиновски Пиш’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело загадување на животната […]

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово


Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки,  јавува СДК.мк. Термините се во среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот. „Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според […]

„Саубермахер“ присилно ќе наплаќа сметки за комунално одржување во Тетово


По повеќекратни претходни апели и известувања до корисниците за редовно подмирување на обврските, „Саубермахер“ Тетово информира дека во текот на јули 2026 година ќе започне постапка за присилна наплата на доспеаните неплатени обврски преку нотарска постапка. Компанијата која веќе трета година професионално и одговорно ја извршува услугата за собирање и транспорт на комунален отпад од […]

Пожар во тетовско училиште, шестмина вработени завршиле во болница


Шестмина вработени побарале лекарска помош откако вдишале чад при гаснење пожар во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Пожарот избувнал вчера околу 9:50 часот во една кабина од машкиот тоалет. Вработените успеале сами да го изгаснат огнот со противпожарни апарати и хидранти, пред да се прошири во другите простории. „При гасењето, поради вдишување […]

Симулациска вежба во Тетово: Медицински сестри, Црвен крст и пожарникари демонстрираа спасување на повреден мотоциклист


Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба.   Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му […]

Хоџа најави еколошки систем за греење во тетовската клиника


Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес ја посети Клиничката болница Тетово, каде во соработка со Министерството за здравство се подготвува проект за замена на системите за греење со еколошки алтернативи во седум објекти. Во разговорот со директорот на болницата, Ерзен Елези, беше истакнато дека оваа активност се спроведува паралелно со пошироката […]

Општина Тетово добива посебна единица за заштита на животната средина


Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, присуствуваше и се обрати на  форум на тема „Идентификација на еколошките приоритети на општина Тетово“ во организација на НВО „Мултикултура“ од Тетово, а со поддршка на Фондацијата Отворено Општество – Западен Балкан. На настанот кој обедини претставници на централната власт, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, беше […]

Со 3,16 промили алкохол правел неред пред зграда во Тетово


Пијан маж агресивно се однесувал пред зграда во Тетово, по што бил приведен од полицијата, информираа од МВР. Станува збор за Р.Ѓ. (56) од Тетово, кој на 20 април околу 14 часот бил затекнат пред станбена зграда во населбата „Блок 70“, каде го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон станарите. По […]

Со лекови затруено десетгодишно дете примено во болницата во Тетово


Дете затруено од лекови е примено во тетовската болница.  – На 05.04.2026 во 14:55 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во Клиничка болница Тетово е примено 10-годишно дете, кое според пријавеното, испило поголема количина на лекови. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа […]

За лажните дојави за поставени бомби во Тетово приведени тројца малолетници


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денес лишиле од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки […]

Акција за чистење на Тетово


Општина Тетово денеска во соработка со ЈКП Тетово организира акција за чистење на градот по повод одбележувањето на Денот на екологијата. Настанот ќе почне во 10:00 часот, пред општинската зграда, каде што градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, ќе даде изјава за медиумите.

Се заканувал со убиства и бомби во средно училиште – уапсен тинејџер од Тетовско


Неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, вчеравечер пријавиле дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска […]

Најдено починато лице во опожарена куќа во Тетово


Утрово во 08:56 часот во СВР Тетово, од Територијалната противпожарна единица Тетово било пријавено дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа. Откако пожарот бил локализиран, било забележано дека во внатрешноста има едно починато лице.

Почина 10-годишно дете по пад од балкон во Тетово


Десетгодишно дете утринава го загубило животот во Тетово, информираат од СВР Тетово. Според првичните информации, причината за смртта е пад од балкон од станот во кој живеело. Момчето трагично го загубило животот откако паднало од балконот на стан на „Индустриска“ улица. Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални. Медицинските екипи […]

Во сабота забрането паркирање на повеќе улици во Тетово поради посетата на Бегај


Општина Тетово информира дека во сабота, 28 февруари по повод повод официјалната посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај на градот ќе има привремени безбедносни мерки и забрана за паркирање на повеќе улици. Општина Тетово препорачува возила да не се паркираат на следните булевари и улици: -Булевар „Маршал Тито“ од почетокот до кружниот тек […]

Тетово воведе бесплатен градски превоз, што и не е баш бесплатен


Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска го промовираше бесплатниот градски превоз, но тој ќе важи само за оние кои ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Бесплатниот превоз ќе се регулира преку електронска наплата и преку користење припејд картички. „Јавното претпрјатие за јавен превоз денеска го стави во функција системот за електронска наплата и […]

„Саубермахер Тетово“ не може да го собира отпадот поради снегот


Од „Саубермахер Тетово“, фирмата задолжена за празнење на контејнерите во Тетово и околината, информира дека поради неповолните временски услови и континуираното врнење на снег, во одредени населени места на територијата на Општина Тетово доаѓа до одложување на собирањето на комуналниот отпад. – Нема да може да се реализира во предвиденото време поради отежнатите услови за […]

Полошкиот регион со сериозни проблеми поради поплавите


Полошкиот регион е во алармантна состојба поради силното невреме кое го погоди денеска. Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на водотеци, поплавување на земјоделски површини и оштетување на патната инфраструктура. Голем број ниви се под вода, а сообраќајот на локалните патишта е сериозно отежнат, додека жителите се соочуваат со значителни материјални штети. Според информациите од […]