На 13-тиот филмски фестивал Watch Out во Тетово ќе се прикажат 26 филмови


По тринаесетти пат во Тетово ќе се одржи филмскиот фестивал „Вач аут“ (Watch Out), најавија денес преку прес-конференција претставници на Центар за балканска соработка Лоја. Фестивалот почнува вечер со свечено отворање во дворот од Меморијалниот музеј на Комунистичката партија од 20 часот во текот на овие четири дена до 15 јуни. -Ова издание на филмскиот […]

Во Тетово отворена седмата Европска куќа во државава


 Во Тетово денеска почна да функционира канцеларија Европска куќа (Еurope House) на Делегацијата на Европската унија, седми таков објект во државава. Евроамбасадорот Дејвид Гир присутвуваше на отворањето на објектот и активности по тој повод кои, кои беа посветени и на Светскиот ден на животната средина. -Во некои култури бројот седум значи нешто кога се завршува, […]

Трет месец жителите на Тетово се соочуваат со погрешни комунални сметки


Граѓаните на Тетово и понатаму доаѓаат со фактурите за комунални услуги и бараат од градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами да го реши проблемот затоа што тоа не било средено со компанијата „Заубермахер“, која го презеде собирањето на сметот од градот. Сметките за февруари од март почна да ги издава „Заубермахер“, но наместо по жител, […]

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација


Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација. Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече […]

Со два полициски хеликоптери се гаси пожарот над тетовско Селце


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов од тетовско Селце информираше дека денеска два полициски хеликоптери учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар.  Според Ангелов, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат поради проблеми со пилотите. – Пожарот кој пред четири дена започна на Шар Планина во атарот […]

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени


 На булеварот „Илинден“ во Тетово вечерва во 22 часот и 45 минути имало пукало од огнено оружје, а жител на градот пријавил дека е  пукано кон неговата куќа.   Од СВР Тетово велат дека засега немаат информации за повредени лица. -Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато […]

Хаос со сметките за комуналии во Тетово – странската фирма направи низа грешки


Општина Тетово собирањето и депонирањето на комуналниот отпад, преку јавно приватно партнерство го додели на словенечката компанија ,,Заубермахер”, а при доаѓањето на првата сметка вода и комунален отпад, пред ЈКП Тетово се собраа револтирани граѓани, јави ТВ21. Тие се жалат дека сметките повеќекратно им се зголемиле, дека им стига сметка на повеќе членови од семејство, […]

СВР Тетово: Извршени се службени разговори со лицата поврзани со случајот со паднатото куче


СВР Тетово денеска извести дека се преземени сите потребни мерки за расчистување на случајот со паднато куче од зграда во изградба. Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, извршени се службени разговори со двајцата пожарникари кои биле повикани да го заловат и отстранат кучето од објектот во кој работници изведувале градежни работи, како и со […]

Тетовци ќе плаќаат четири пати поскапо за собирање на ѓубрето


Откако австриската „Заубермахер“ ја презеде работата за отстранување на ѓубрето во тетово, граѓаните сега ќе плаќаат четири поскапи сметки за оваа услуга, обвинија денеска од ДУИ. Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари предупреди за зголемување на сметките за вода и општинските услуги во Тетово. Ајдари оцени дека општината го пренамени општинското претпријатие во јавно-приватно партнерство за, […]

Седум лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар


Вчера попладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно седум лица. Како што извести СВР Тетово, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) […]

Ништо од електричните возила од зоната во Тетово, компанијата „Некст.е.ГО. Мобиле“ е на чекор до стечај


  Најавата дека во Македонија ќе се произведуваат електрични возила, по се изгледа дека ќе остане само најава, откако компанијата „Некст.е.ГО. Мобиле“, своевремено помпезно претставена дека ќе гради фабрика за автомобилите е.Го. во ТИРЗ Тетово, објави дека поднела барање за постапка за несолвентност. Тоа, како што објаснуваат финансиски експерти, е постапка која е вовед во […]

„Заубермахер“ почна да го чисти Тетово – погледнете како изгледа тоа!


Општина Тетово склучи договор со австриската компанија „Заубермахер“ за управување со отпад, а денеска на плоштадот „Илирија“ во Тетово градоначалникот Билал Касами и Ханс Рот од австриската комапниај ја презентираа механизацијата со која се чисти овој македонски град.   „На територијата на нашата општина има потреба од создавање основна инфраструктура за собирање, селекција, третман и преработка, […]

Почна изградба на обиколница Тетово, инвестиција од 12 милиони евра за 5,4 километри пат


Дваенаесет милиони евра ќе бидат инвестирани во обиколница околу Тетово во должина од 5,4 километри на потегот од клучката „Требош“ до Непроштено, чија изградба почна денеска во присуство на техничкиот премиер, министри, пратеници и  претставници на локалната самоуправа.  – Изградбата на оваа обиколница е проект со кој ќе го забрзаме економскиот развој на регионот, ќе […]

(Видео) Џафери на камен-темелник на тетовската обиколница


Талат Џафери заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми на часот ќе присуствуваат и ќе се обратат на настан по повод поставување на камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово. Бочварски:

Општина Тетово смени директори на јавни претпријатија


Општина Тетово денеска информираше дека се направени промени во раководството на некои јавни претпријатија, во обид да се подобрат нивните услуги и ефикасност за доброто на граѓаните на Тетово. Досегашниот директор на Јавното комунално претријатие „Тетово“ е поставен за раководител во новоформираното ЈП за водовод и канализација.   -Во Јавното комунално претпријатие „Тетово“, за директор […]

Општина Тетово воведува автобуски превоз до Попова Шапка


Општина Тетово воведува автобуски превоз за граѓаните до Попова Шапка за време на деновите од викендите, со цел граѓаните да можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Најавуаат дека ќе почне овој викенд, а повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари. -Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да […]

Во Тетово, 29 скршеници од мразот


Во Тетово викендов наврна највисоката снежна покривка зимава, што заедно со мразот и таму каде што останаа неисчистени тротоари и улици резултираше со триесетина повредени граѓани, кои движејќи се пеш се лизнале и паднале. Во саботата речиси целиот ден врнеше снег, па се создаде покривка од десетина сантиметри. Во ноќните часови и температурите паднаа под […]

Тетово во мрак – речиси два часа нема електрична енергија


Скоро два часа голем дел од тетовското градско подрачје беше без снабдување со електрична енергија. Прекинот од 16 до 18 часот според компанијата  Електродистрибиција бил направен по барање на Територијалната противпожарна единица, а со цел да се изгасне пожар и да се спречат поголеми проблеми.  -Дел од тетовското градско подрачје попладнево имаше прекин во снабдувањето […]

Демолирано детско игралиште во Тетово, општината бара полицијата да ги најде сторителите


Делови од детско игралиште во Тетово се најдоа во реката Пена, откако несовесни поединци претходно ја оштетиле и искршиле урбаната опрема. Овој случај е евидентиран од општинските служби на детското игралиште изградено на кејот на реката Пена помеѓу улицата „Благоја Тоска“ и „Видео Смилевски-Бато“. – Ваквите грди постапки никому не му користат, напротив претставуваат грда […]

Пет дена доцнат платите на вработените во основните училишта во Тетово


Доцни исплатата на платите во основните училишта кои се под надлежноста на Општина Тетово, алармираат од синдикатот на вработените во образовните установи. Според нив, со доцнење на платите наставниот кадар и другите вработени се соочуваат само во оваа општина, додека училиштата во останатите општини во регионот веќе ги зеле личните доходи. – Петти ден како […]