САД ги отфрли обвинувањата на Пјонгјанг дека воените вежби во регионот се провокација


Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека заедничките воени вежби во регионот се провокација и рече дека САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг. Јасно ставивме до знаење дека немаме непријателски намери кон КНДР (Северна Кореја) и дека бараме сериозна и одржлива дипломатија за да се справиме со целиот спектар на прашања од интерес […]

ФБИ: Хакери од северна Кореја одговорни за кражба на 100 милиони долари


Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, се одговорни за кражба на 100 милиони долари од американската крипто компанија Хармони, во јуни минатата година, соопшти Федералното истражно биро. Овие хакерски групи на 13 јануари користеа протокол за приватност наречен „Railgun“ за да „исперат“ повеќе од 60 милиони долари од етер криптовалутата, присвоена […]

Дали „најсаканата ќерка“ на Ким Јонг-ун ќе биде следниот водач на Северна Кореја?


  Нејзиното појавување во државните медиуми, како и на фотографиите објавени за Нова година, поттикна повеќе шпекулации за плановите за избор на наслиедник. Но, не е откриено многу за оваа млада девојка. За Нова година државните медиуми објавија недатирани фотографии од неа и Ким во посета на постројките за нуклеарни ракети. Нејзината возраст и името […]

Северна Кореја тврди дека тестирала шпионски сателит


  Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА синоќа објави дека Пјонгјанг извршил „важна, последна фаза“ од тестирањето за развој на шпионски сателит. Веста на КЦНА уследи откако армијата на Јужна Кореја и на Јапонија објавија дека Северна Кореја лансирала две балистички ракети со среден дострел кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров. Националната управа за […]

Северна Кореја истрела неколку артилериски проектили


  Северна Кореја денеска истрела повеќе артилериски проектили во морето како одговор на вежбите на Јужна Кореја долж границата, јави новинската агенција КЦНА. Ова следува еден ден откако Северна Кореја соопшти дека истрелала повеќе од 130 проектили во морето, од кои некои паднале во тампон зоната меѓу двете Кореи. Сеул тврди дека ова е кршење […]

Сеул: Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета


Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета кон своето Источнокинеско Море. Генералштабот на армијата на Јужна Кореја не соопшти колкав бил дострелот на проектилот. Лансирањето претставува продолжување на неодамнешните демонстрации на вооружување на Северна Кореја, вклучително и десетици проектили минатата недела, кои Пјонгјанг ги нарече симулирани напади врз јужнокорејски и […]

Северна Кореја лансираше уште четири балистички ракети


  Северна Кореја утринава истрела четири балистички ракети со краток дострел во Жолтото Море, соопшти јужнокорејската војска. Ракетите прелетале на околу 130 километри надморска височина дистанца од околу 20 километри. Северна Кореја изврши серија лансирања на проектили оваа недела, од кои едното можеби беше неуспешен обид за лансирање интерконтинентална балистичка ракета. Овие акции наидоа на […]

Аларм во Јапонија поради ракета истрелана од Северна Кореја


   Северна Кореја лансираше нова ракета која прелета над Јапонија во правец на Тихиот Океан, соопшти јапонската влада, но подоцна ја корегираа изјавата. Проектилот ја прелета државата околу 7:48 часот (22:48 часот по Гринич на 2 ноември), соопшти кабинетот на јапонскиот премиер на Твитер. Јапонската телевизија емитуваше специјални пораки во кои ги повикуваше жителите на […]

Северна Кореја лансирала две балистички ракети со краток дострел


Северна Кореја од нејзиниот источен брег истрела две балистички ракети со краток дострел, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници. Британските медиуми пренесуваат дека ракетите се истрелани од областа Тонгчеон, во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, само четири дена откако Пјонгјанг и Сеул разменија предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии. „Нашата армија […]

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море


  Северна Кореја денеска истрела неодредена балистичка ракета кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ги здружените Генералштабови на Сеул. Военото раководство на Јужна Кореја првично не даде други детали, пренесе ДПА. Северна Кореја последен пат завчера тестираше стратешки крстаречки ракети со долг дострел, според државната новинска агенција КЦНА. Проектилите биле истрелани од […]

Ким Џонг-ун во лежерно издание надгледувал воени тактички вежби


  Северна Кореја во текот на ноќта меѓу саботата и неделата истрела две нови балистички ракети во морето, што претставува седмо вакво лансирање во последните две недели. Лансирањата на севернокорејските ракети во последните недели претставуваат нуклеарни тактички вежби, што биле лично надгледувани од лидерот Ким Џонг-ун, јави денеска севернокорејска агенција КЦНА. КЦНА јави дека лидерот […]

Њујорк тајмс: Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја


  Њујорк тајмс повикувајќи се на американски разузнавачи објави дека Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја, што е доказ дека почнале да дејствуваат санкциите и се намалува способноста на Москва за инвазијата врз Украина. Весникот наведува дека неодамна декласифицираните податоци покажуваат дека Русија од Северна Кореја купила артилериски гранати и ракети. Минатиот месец неименуван […]

Северна Кореја прогласи победа над коронавирусот и го обвини Сеул за избувнувањето


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот три месеци откако соопштија за првиот случај на заболено лице. Во извештајот на државната агенција КЦНА, се наведува дека Ким наредил укинување на вонредните мерки воведени за борба со епидемијата. Минатата недела севернокорејските власти објавија дека сите пациенти со симптоми на таа вирусна треска […]

Путин размислува да побара помош од 100.000 војници од Северна Кореја


  Владимир Путин размислува да се обрати до севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за помош во неговата инвазија на Украина и е подготвен да понуди енергија и жито во замена за 100.000 војници, според извештаите во Русија. Северна Кореја јасно стави до знаење преку „дипломатски канали“ дека покрај обезбедувањето на градежниците за поправка на воените […]

Извештај на ОН: Северна Кореја се подготвува за нуклеарна проба, прва после пет години


Обединетите Нации предупредуваат дека Северна Кореја се подготвува да изврши нуклеарна проба, што би било прво тестирање од 2017 година. Во доверлив и се уште необјавен извештај на ОН се посочува дека последните месеци се забележани интензивирани активности во подземната севернокорејска нуклеарна инсталација во северниот дел на земјата. „Работните активности во центарот за нуклеарни тестирања […]

Северна Кореја откри како стигнал Ковид-19 во нивната земја


Северна Кореја заклучи дека до првите случаи на зараза со коронавирус во земјата дошло во регионот близу границата со Јужна Кореја. Како што денеска јавија државните медиуми, првите пациенти имале контакт со „неидентификувани работи“. Објавувајќи ги резултатите од своите наоди, Северна Кореја упати повик до граѓаните да бидат „будни“ во поглед на „непознати работи“ што […]

Северна Кореја доби прва шефица на дипломатијата


  Северна Кореја– Северна Кореја за првпат назначи жена за министер за надворешни работи, објавија денеска севернокорејските државни медиуми. Чое Сон Хуи, поранешна заменичка министерка за надворешни работи, е назначена за шефица на дипломатијата на состанокот на владејачката партија, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јави агенцијата CCNA. Таа ќе го замени Ри […]

Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета кон Јапонското Море


 Северна Кореја истрела три балистички проектили кон исток денеска, само ден откако заврши азиската посета на американскиот претседател Џо Бајден, јави ДПА. За едниот истрел, постои сомневање дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, што прелета околу 360 километри на височина од 540 километри, според Генералштабот на јужнокорејската војска. Останатите два проектили се сметаат за […]

Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи на треска


Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со симптоми на треска и шест смртни случаи во време кога земјата се соочува со ширење на епидемија до недијагностициран Ковид-19. Според севернокорејскиот штаб за борба против вирусот починале 56 луѓе, а повеќе од 1,48 милиони луѓе се разболеле од треска од крајот на април. Се претпоставува дека поголемиот […]

Кремљ: Ќе одговориме на барање на другарите од Северна Кореја за вакцини


Русија внимателно ќе го разгледа секое барање од Северна Кореја за набавка на антиковид вакцини, изјави денеска портпаролот на кремљ, Дмитри Песков. „Другарите од Северна Кореја се добро запознати со нашите бројни вакцини, свесни се и за нашето искуство во борбата против Ковид. Ако има барања од Пјонгјанг, на нив ќе биде одговорено адекватно“, рече […]