Сеул: Северна Кореја се подготвува за седми нуклеарен тест


 Северна Кореја се подготвува за седмо нуклеарно тестирање, изјави денеска неименуван висок јужнокорејски претставник. Според него, Пјонгјанг пред нуклеарната проба би можел да тестира балистички проектили. И портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки синоќа изјави дека процените на САД се дека Пјонгјанг е подготвен да изврши нуклеарна проба и тоа уште овој месец, и оти таквата информација е споделена […]

Повеќе од 18.000 случаи на корона вирус потврдени во Северна Кореја, шестмина почнаа


Повеќе од 18.000 случаи на Ковид-19 се потврдени во Северна Кореја, објави денеска новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на Корејската централна телеграфска агенција (CTAC). Шест пациенти починале како резултат на инфекција со корона вирус во Северна Кореја, се вели во извештајот. Во четвртокот, CTAC објави дека подваријантата на Омикрон, позната и како Стелт омикрон, е […]

Северна Кореја информира за првиот случај со коронавирус


Северна Кореја– Северна Кореја официјално информираше за прв случај на коронавирус, објавија денеска државни медиуми, јави ДПА. Тестирањето на жители на Пјонгјанг покажа инфекција со варијантата омикрон. Точен број на лица чиј тест е позитивен на коронавирус, не е соопштен. Владејачката Работничка партија одлучи да го префрли нивото на вонредна состојба на пандемијата, на неговото „максимално“ […]

Корејските лидери разменија „писма на пријателство“


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џае-ин размениле „писма на пријателство“, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, а потврди и канцеларијата на Мун. Во своето писмо, Мун ветува дека ќе продолжи да работи на обединување врз основа на декларациите донесени на состаноците во 2018 година и покрај „тешката ситуација“ и тензиите предизвикани […]

ФБИ тврди дека Северна Кореја стои зад големата кражба на криптовалути од минатиот месец


Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) тврди дека Северна Кореја стои зад големиот грабеж на криптовалути од минатиот месец, кога беа изрударени дигитални валути во вредност од 620 милиони долари. „Нашата истрага покажа дека за кражбата од 620 милиони долари пријавена на 29 март стои групата Лазарус и АПТ38, субјекти блиски до Северна Кореја“, се […]

Блинкен ја обвини Северна Кореја дека е во „фаза на провокација“ поради тестирањето оружје


Северна Кореја е во „фаза на провокација“ со нејзините неодамнешни тестирања на балистички ракети, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен и неговите јужнокорејски и јапонски колеги, Чунг Еуи-јогн и Хајаши Јошимаса, вчера на состанокот во Хололули, на Хаваи, го потврдија своето единство против севернокорејската закана. Пјонгјанг треба да ги „запре нелегалните активности и да […]

Северна Кореја потврди тестирање на ракета со среден дострел


Северна Кореја– Северна Кореја потврди дека во неделата ја тестирала „балистичката ракета со среден дострел Хвасонг-12“, објави државната новинска агенција КЦНА. Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина. Лансирањето првпат беше пријавено од јужнокорејските и јапонските власти во неделата.   Аналитичарите и официјалните лица велат дека тестот се чини […]

Северна Кореја истрела балистички ракети по трет пат овој месец


Северна Кореја вчера истрела проектили за кои се верува дека се балистички ракети, по трет пат за еден месец, соопшти јужнокорејската војска. Се претпоставува дека две балистички ракети со краток дострел биле истрелани кон исток од провинцијата Северен Пјонгјанг на северозападниот брег на Северна Кореја. Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање […]

По 10 години на власт Ким Џонг Ун е на критична крстосница


Авторитетот на Ким е апсолутен, но економијата во Северна Кореја драматично се влошува. И нуклеарната програма назадува   СЕУЛ – Премногу млад. Премногу слаб. Премногу неискусен. Откако ја презеде власта по ненадејната смрт на неговиот татко пред 10 години, оваа недела, Ким Џонг Ун ги избриша оние широко распространети сомнежи кои ги поздравија неговите први […]

Егзекутиран висок севернокорејски дипломат, тврди јужнокорејски весник


Северна Кореја– Специјалниот претставник на Државниот совет на Северна Кореја за политика кон САД Ким Хјок Чол бил егзекутиран во март по средбата која заврши без резултат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Ова денеска го објави конзервативниот јужнокорејски весник „Чосун Илбо“ (The Chosun Ilbo) повикувајќи се на свои извори […]

Таен состанок на претставници на САД и на Северна Кореја во Шведска


Високи претставници на САД и на Северна Кореја имале денеска ненајавен состанок во Стокхолм. Според претставник од шведското Министерство за надворешни работи, на состанокот присуствувал заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чо Сон Хви и специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Бигун. – Тоа се само разговори од мал формат во […]

Северна Кореја не се плаши санкциите да траат уште 100 години


Северна Кореја се потпира на сопствените сили и затоа може да опстои во услови на меѓународни санкции и во следните сто години, се наведува во редакцискиот коментар во денешниот број на весникот на севернокорејската владејачка Работничка партија на Кореја, „Родонг Синмун“. Во текстот се изнесуваат остри критики кон меѓународната заедница поради санкциите кон Северна Кореја. […]

Северна и Јужна Кореја сакаат да бидат домаќини на ОИ во 2032 година


Јужна и Северна Кореја влегуваат во нова фаза од „разбудената љубов“. Официјалните претставници од двете до вчера завојуваните соседи најавија дека планираат заеднички да се кандидираат за домаќинство на Олимписките игри во 2032 година. Станува збор за амбициозен проект и уште еден показател на спортската дипломатија по заедничкиот настап на зимските Олимписки игри во Пјонгчанг. […]

Севернокорејскиот министер за надворешни работи во посета на Кина


Севернокорејскиот министер за надворешни работи е во посета на Пекинг на разговори со кинескиот колега,јавија кинеските медиуми. Посетата на Ри Јонг Хо ја потврди портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, кој рече дека Ри ќе има средба со министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји. Тој не даде детали за фокусот на разговорите, но […]

Ким Џонг Ун зачекори на светската сцена


Младиот диктатор, Ким Џонг Ун, кој припаѓа на третата генерација од семејството што управува со земјата, се фокусираше на зајакнување на неговата моќ дома, преку прочистување на елитите кои не го поддржуваа неговото преземање на власта од неговиот татко и преку освојување на јавноста и армијата со економски реформи и огромни воени трошоци. Во текот […]

Доналд Трамп прифатил средба со лидерот на Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата за средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг–ун, а местото и датумот ќе бидат дополнително договорени. – Претседателот Трамп високо ги оцени убавите зборови на јужнокорејската делегација и претседателот (на Јужна Кореја) Мун. Тој ќе ја прифати поканата за средба со Ким Џонг-ун на место и време […]

Јапонија лансира шпионски сателит поради нуклеарната закана од Северна Кореја


Јапонија денеска во Земјината орбита го лансираше својот најнов шпионски сателит, како одговор на зголемената нуклеарна и ракетна закана од Северна Кореја, соопшти владата во Токио. Јапонската Агенција за истражување на воздушниот простор во соработка со „Митцубиши Хеви Индустрис“, ја лансираше ракета Х-2А Ф38 со шпионски сателит од Вселенскиот центар Танегашима на јужниот остров Танегашима, […]

Северна Кореја ќе испрати спортисти и делегација на ЗОИ во Јужна Кореја


За време на преговорите со Сеул, официјален Пјонгјанг соопшти дека ќе испрати спортисти и делегација на високо ниво на зимската Олимпијада во Пјонгчанг, во Јужна Кореја следниот месец. Северна Кореја во Пјонгчанг ќе испрати и танчари, музичари и демонстрациски тимови по теквондо. На првите, по две години, директни преговори меѓу двете Кореи, кои се одржаа […]

Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот


Луѓето во Северна Кореја можат да бидат затворани, измачувани или убиени само поради славење на Божик. Дедо Мраз постои во фантазијата на децата, но за жителите на Северна Кореја тој не е ни фиктивна личност. Тамошната влада постојано работи на спречување на влез на какви било информации за Божик, поради што многу граѓани на Северна […]

(ВИДЕО) Северна Кореја тагува: Шест години од смртта на Ким Јонг – Ил


Во Северна Кореја денеска почна одбележувањето на шестгодишнината од смртта на поранешниот претседател Ким Џонг-ил, а илјадници граѓани положија цвеќе на неговиот споменик во центарот на Пјонгјанг. Иако чувството на национлана жалост е помалку интензивно од претходните години, граѓаните на Северна Кореја, според препораките, вчера, денеска и утре треба да избегнуваат алкохол, забава и „несоодветно […]