Северна Кореја покажа таен нуклеарен објект. Ким нареди големо проширување на арсеналот


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на „експоненцијално“ проширување на атомскиот арсенал на земјата за време на посетата на нова фабрика за производство на нуклеарен материјал, објави државната медиумска агенција КЦНА. Ким рече дека производствениот капацитет за материјал за нуклеарно оружје се зголемил повеќе од двојно во последните пет години и им нареди на службениците […]

Северна Кореја: Не сме обврзани со договорите за неширење нуклеарно оружје


Северна Кореја не е обврзана со ниту еден договор за неширење нуклеарно оружје, се наведува во соопштение објавено од севернокорејската агенција КЦТА. Ким Сон, постојан претставник на Северна Кореја во Обединетите нации, изјави дека САД и неколку други држави „ја загадуваат атмосферата“ на 11. Конференција за ревизија на Договорот за неширење нуклеарно оружје, што се […]

Историски потег на Пјонгјанг: Ким Џонг Ун го промени уставот, дефинитивно стави крај на сонот за обединета Кореја


  Северна Кореја го ревидираше својот устав за да ја дефинира својата територија и трајно да ги отстрани сите референци за обединување на Корејскиот полуостров. Овој потег официјално ја кодифицира желбата на лидерот Ким Џонг Ун да ги третира двете Кореи како целосно одвоени држави. Според нацрт-текстот што го виде Ројтерс, ревизијата, за која се […]

Северна Кореја тестирала боеви глави со касетна муниција


Северна Кореја соопшти дека во последните ракетни проби спроведени неделава тестирала повеќе нови системи на оружје, вклучително и балистички ракети со боеви глави со касетна муниција. Во извештај на севернокорејската државна агенција KCNA се посочува дека Пјонгјанг тестирал и бомби изработени од јаглеродни влакна и електромагнетни оружја наменети за онеспособување електрична инфраструктура, како што се […]

(Видео) Ким Џонг Ун ја репетира пушката пред Лукашенко. „Точно! Ким знае како да користи пушка“


Белорускиот претседател Александар Лукашенко размени подароци со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата официјална посета на Северна Кореја. Меѓу подароците имаше оружје, златни предмети и уметнички дела. Севернокорејскиот лидер му подари на белорускиот претседател сабја и голема вазна украсена со школки во традиционален стил. Му подари и комеморативна златна монета, искована во […]

Северна Кореја ќе ги зајакне односите со Кина


Северна Кореја ќе го зајакне пријателството и врските со Кина, се вели во телеграмата испратена од лидерот на земјата Ким Џонг-ун до кинескиот претседател Шји Џинпинг. Ким Џонг-ун му се заблагодари на својот кинески колега за честитките за неговиот повторен избор за генерален секретар на Работничката партија на Кореја на 9-тиот Конгрес на партијата. „Да […]

Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море


Северна Кореја денеска истрела повеќе балистички ракети кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на војската на Сеул. Јонхап го цитираше Генералштабот во Сеул кој соопшти дека ги детектирал лансирањата. – Нашата војска одржува цврст став на подготвеност додека тесно ги споделува информациите за севернокорејските балистички ракети […]

Ќерката на севернокорејскиот лидер ја оствари првата официјална посета на мавзолејот на предците


 Ќерката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џу-е, за која се верува дека е подготвувана да биде негов наследник, ги придружуваше своите родители во посетата на мавзолејот Кумсусан, каде што им оддаде почит на поранешните лидери на земјата, објавија севернокорејските државни медиуми. Во изминатите три години, името на Џу-е се појавуваше почесто во државните медиуми, […]

Северна Кореја погуби брачна двојка поради деловен успех. Деца гледале


Северна Кореја егзекутираше брачен пар кој стекнал богатство во приватен бизнис, а властите ги обвинија дека станале „арогантни“ и „антирепубликански“ поради нивниот успех. Стотици луѓе, вклучувајќи деца, наводно се принудени да гледаат како се егзекутирани од стрелачки одред на отворен простор во Пјонгјанг, пишува Дејли меил. Успех што доведе до смртна казна Парот, во педесеттите […]

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети


Северна Кореја вчера соопшти дека успешно тестирала „нов, најсовремен вооружен систем“ што вклучува суперсонични ракети како дел од одбранбената програма за зајакнување на нејзиното стратешко одвраќање. Две суперсонични ракети беа лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг и погодија цел на копното во североисточниот дел од земјата, објави утринава државната новинска агенција KCNA.  […]

Северна Кореја испали хиперсонични ракети


Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала „нов, најсовремен систем на оружје“ кој вклучува хиперсонични ракети како дел од одбранбената програма за зајакнување на стратешкото одвраќање од непријатели. Двете хиперсонични ракети беа лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг и погодија копнена цел на североистокот од земјата, објави државната новинска агенција KCNA. Агенцијата не […]

На крилјата на Русија: Северна Кореја постигна најбрз раст за осум години


Економијата на Северна Кореја порасна за 3,7 проценти во 2024 година, што е нејзина најбрза годишна стапка на раст за осум години, според проценките на централната банка на Јужна Кореја, благодарение на проширувањето на економските врски со Русија Економијата на Северна Кореја продолжи да расте минатата година откако бруто домашниот производ порасна за 3,1 процент […]

Северна Кореја изградила ракетна база во близина на границата со Кина


Северна Кореја изгради воена база во близина на границата со Кина, за која се верува дека се користи за складирање на балистички ракети со долг дострел, според извештај на Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии објавен оваа недела. Таканаречената тајна, или „непријавена“ база за балистички ракети е изградена на само 27 километри од границата […]

Добредојдовте во севернокорејски ресорт каде што е дозволено само фалење од „пет звезди“


Првите руски посетители на новиот туристички град во Северна Кореја го оценија како „прекрасен“ и „според европските стандарди“. Но, тоа не е изненадување откако посетителите на Вонсан-Калма беа предупредени без двоумење дека секоја негативна повратна информација може да го загрози сојузот на Русија со изолираното „кралство“ на Ким Џонг-ун. Наталија Фишер, 52, и Дарија Полишчук, […]

Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина


 Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун. Ова е прва официјална потврда на присуството на […]

Северна Кореја со критики за САД поради договорот за нуклеарни подморници


Северна Кореја жестоко ги критикуваше Соединетите Американски Држави за договорот со Австралија за нуклеарни подморници во рамките на безбедносното партнерство АУКУС, оценувајќи го како закана за регионалната стабилност. Во коментар пренесен од државната агенција КЦНА, Пјонгјанг ја осуди американската стратегија на „нуклеарни сојузи“, вклучувајќи го АУКУС и трипартитната соработка меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија. […]

Северна Кореја ќе продолжи да ги зајакнува своите нуклеарни сили


Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг ќе ги зајакне своите нуклеарни сили и ги критикуваше САД што се обидуваат да го спречат тоа, објавија севернокорејските државни медиуми. Министерството, одговарајќи на неодамнешната заедничка изјава на Јужна Кореја, САД и Јапонија дека нивната цел е Северна Кореја целосно да биде ослободена од нуклеарно […]

Северна Кореја го критикува Рубио и порача дека нема да толерира „провокации“ од САД


Пјонгјанг денеска упати критики кон американскиот државен секретар Марко Рубио поради неговите изјави дека Северна Кореја претставува закана за мирот. Севернокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата „никогаш нема да толерира никакви провокации од САД“ и најави „убедливи контрамерки“. Ова е прва директна критика на Пјонгјанг кон администрацијата на претседателот Доналд Трамп. – Никогаш […]

Северна Кореја изврши балистички ракетен тест за време на посетата на Блинкен на Сеул


Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета која паднала во Јапонското Море, информираат јужнокорејските вооружени сили. Според последните информации, станува збор за ракета со среден дострел. Јапонската крајбрежна стража потврди дека ракетата паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Ова е прв ракетен тест на Северна Кореја по два месеца. Тестот беше спроведен во момент […]

Украинската армија за прв пат се судри со војници од Северна Кореја


Украинските трупи првпат се судрија со севернокорејските единици неодамна распоредени да и помогнат на Москва во војната со Киев, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров. Друг украински функционер изјави дека украинската армија пукала со артилерија врз севернокорејските војници во руската погранична област Курск. Овие коментари беа првите официјални извештаи дека украинските и севернокорејските […]