На Ким Џонг-ун му беше трн во око: Во Пјонгјанг урнат познатиот споменик симбол на врската со Јужна Кореја


По наредба на лидерот Ким Џонг-ун, Северна Кореја урна споменик во главниот град што ја симболизира целта за помирување со Јужна Кореја. Минатата недела Ким Џонг-ун ја нарече Јужна Кореја „главен непријател“ и изјави дека обединувањето повеќе не е можно. Сателитските фотографии од Пјонгјанг во вторникот покажаа дека споменикот (неофицијално Арката на славата – повторно […]

Северна Кореја тестираше подводен систем за нуклеарно оружје


Северна Кореја извршила тестирање на својот подводен систем на нуклеарно оружје во знак на протест против овонеделните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, јавија денеска државните медиуми. Тестирањето на системот „Хаил-5-23“, како што Северна Кореја ги нарече своите подводни дронови способни за нуклеарен напад, беше спроведено од Министерството за одбрана во водите […]

Северна Кореја се закани со вооружен одговор на какви било провокации


Севернокорејската армија веднаш ќе започне вооружен одговор на какви било провокации, изјави денеска Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесоа севернокорејските медиуми. Предупредувањето дојде откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе од 60 артилериски гранати во близина на спорната поморска граница меѓу двете земји во саботата, и […]

МААЕ се сомнева дека Северна Кореја има нов потенцијален извор на плутониум


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека реактор во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон изгледа за првпат користи нуклеарно гориво, што би значело дека Северна Кореја има нов потенцијален извор на плутониум за нејзиното нуклеарно оружје. Северна Кореја со години користи истрошено гориво од нуклеарниот реактор во Јонгбјон за производство на плутониум за својата нуклеарна […]

Северна Кореја изврши ново тестирање на интерконтинентална балистичка ракета


Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета во морето и продолжи со ракетни тестови од висок профил, ветувајќи силен одговор на потезите на САД и Јужна Кореја за зајакнување на плановите за нуклеарно одвраќање, соопшти војската на Јужна Кореја. Официјален Сеул остро ја осуди „непромислената провокација на Северна Кореја“, додавајќи дека Пјонгјанг ќе биде одговорен за […]

Северна Кореја го смени Уставот за да ѝ отвори пат на нуклеарната програма


 Северна Кореја со уставни амандмани ја зајакна својата политика за развој на нуклеарно оружје, а врховниот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе го забрза производството на нуклеарно оружје за да ги спречи, како што ги нарече, американските провокации, објавија денеска државните медиуми. Врховното народно собрание едногласно ги усвои уставните амандмани во кои се наведува дека […]

Северна Кореја: Соработката со Русија е „природна и нормална“ за соседни земји


Северна Кореја денеска одговори на критиките на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол за соработката на Пјонгјанг со Москва по посетата на лидерот Ким Џонг Ун на Русија, велејќи дека е „природно“ и „нормално“ соседите да одржуваат блиски односи. Јун на Генералното собрание на ОН минатата недела рече дека руската помош за Северна Кореја за унапредување […]

Северна Кореја ја претстави првата „тактичка нуклеарна подморница“


Северна Кореја ја лансираше својата прва „тактичка нуклеарна подморница“, која ќе биде дел од флотата што патролира во водите меѓу Корејски Полуостров и Јапонија, објавија севернокорејски државни медиуми. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој присуствуваше на лансирањето, истакна дека итна задача е да се вооружи морнарицата со нуклеарно оружје и вети дека ќе распореди повеќе подморници […]

Северна Кореја соопшти дека извршила уште еден „тактички нуклеарен напад“


Северна Кореја вчера изврши нова симулација на „тактички нуклеарен напад“ во вежба која вклучува две крстаречки ракети со долг дострел кои носат симулирани нуклеарни боеви глави, објави денеска севернокорејската централна новинска агенција (KCTA), цитирана од Ројтерс, пренесе БТА. Според државните медиуми, акциите на Пјонгјанг биле одговор на заедничките воени маневри на САД и Јужна Кореја. Јужнокорејската […]

Хакери од Северна Кореја украле тајни од руската фабрика на хиперсонични ракети


  Елитна група севернокорејски хакери тајно ги пробила компјутерските мрежи на голем руски ракетно развивач на ракети најмалку пет месеци минатата година, според технички докази прегледани од Ројтерс и анализи од безбедносни истражувачи. Ројтерс откри тимови за сајбер-шпионажа поврзани со севернокорејската влада, која безбедносните истражувачи ги нарекуваат „Скаркрафт“ и „Лазарус“, тајно инсталирале дигитални задни врати […]

Северна Кореја истрела два балистички проектила


Северна Кореја рано утринава лансираше две балистички ракети во правец на исток и, се чини, дека двете паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, јавуваат агенциите. -Првата ракета достигна височина од 50 километри и имаше дострел од 550 километри, додека втората прелета 600 километри исто така на […]

Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит предизвика паника во Сеул


Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит во раните утрински часови предизвика паника во Јужна Кореја и Јапонија, каде што беа издадени воздушни предупредувања, но тие брзо беа откажани кога сомнителниот предмет падна во морето. Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека сателитот кој носел нуклеарно оружје се урнал поради нестабилност во моторот и неисправно снабдување со […]

БАТ ќе им плати 635 милиони долари на американските власти поради кршење на санкциите кон Северна Кореја


Бритиш Американ Тобако (БАТ) ќе им плати 635 милиони долари на американските власти откако подружницата се изјасни за виновна за кршење на санкциите поврзани со Северна Кореја. Компанијата соопшти дека постигнала спогодба со Министерството за правда и Канцеларијата за контрола на странски средства. Прекршувањето на американските санкции се однесува на операциите на БАТ во Северна […]

Северна Кореја истрела проектил во водите кон источниот брег на Корејскиот Полуостров


Северна Кореја истрела проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти денеска началникот на Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета. Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум КЦНА објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање […]

Русија бара од Северна Кореја муниција во замена за храна, соопшти Белата куќа


САД имаат нови информации дека Русија настојува да набави оружје од Северна Кореја во замена за помош во храна, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби изјави дека Вашингтон е загрижен дека Пјонгјанг ќе ги поддржи воените операции на Русија против Украина. Кирби изјави и дека Русија сака да испрати […]

Северна Кореја истрелала уште две балистички ракети со краток дострел


Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во морето, источно од нејзиниот брег, соопшти јужнокорејската војска. Ракетите биле истрелани од северната провинција Хвангае и прелетале околу 370 километри, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија. Ракетите најверојатно паднале пред јапонската ексклузивна економска зона, соопшти јапонската Влада. Британските медиуми наведуваат дека денешното лансирање ракети се […]

Северна Кореја тестираше офанзивен подводен дрон со нуклеарно оружје


Пјонгјанг тестираше нов подводен дрон со нуклеарно оружје, објавија државните медиуми, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предупреди дека заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД треба да завршат. За време на тестирањето, новиот севернокорејски дрон вчера се движеше под вода на длабочина од 80 до 150 метри повеќе од 59 часа и детонираше ненуклеарен […]

Сеул тврди дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети од својот источен брег


Северна Кореја денеска лансираше повеќе крстосувачки ракети од локација на нејзиниот источен брег, во време кога соседна Јужна Кореја одржува заеднички воени маневри со американските сили, соопшти јужнокорејската воена команда. Британските медиуми наведуваат дека ракетите биле истрелани околу 10:15 часот по локално време од севернокорејската провинција Јужен Хамџонг, се наведува во соопштението на јужнокорејската воена […]

Северна Кореја од подморница лансираше крстосувачки ракети


Северна Кореја изврши тестирање, при што истрела две стратешки крстосувачки ракети од подморница, објави државната новинска агенција КЦНА. Зборот „стратешки“ обично се користи за опишување на оружје што има нуклеарна способност. КЦНА соопшти дека стратешки крстосувачки ракети биле истрелани од подморницата „8.24 Ионгунг“ во водите крај источниот брег во раните утрински часови. Ракетите поминале околу […]

Северна Кореја истрела балистичка ракета


Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Потегот на Северна Кореја доаѓа пред претстојните заеднички вежби на САД и Јужна Кореја во Вашингтон следната недела. – Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во Источното Море, изјави началникот на здружениот генералштаб на Јужна […]