Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина


 Во последната недела од октомври Русија префрлила повеќе од 7.000 војници од Северна Кореја на границата со Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина. Како што се наведува во соопштението, севернокорејските војници биле транспортирани со помош на најмалку 28 воени транспортни авиони. Војниците се вооружени со минофрлачи, автомати АК-12, митралези РПК/ПКМ, снајперски пушки и […]

Пентагон: Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина


Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се обучуваат и борат во Украина во следните неколку недели и нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против нив, соопшти денеска Пентагон. Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат […]

Северна Кореја директно влегува во војната, што не е важно само за Украина, туку и за светот


Од септември 2023 година, покрај руските ракети и гранати, врз главите на Украинците почнаа да паѓаат и севернокорејски балистички ракети KN 23/Hwasong 11Ga. И покрај фактот што ракетата често со потсмев се нарекува Кимскандер или Искандер на Ким, таа е вистинска балистичка ракета која убива исто колку и рускиот Искандер. Според податоците на Министерството за […]

Северна Кореја уставно ја дефинира Јужна Кореја за непријателска држава и ја прекина комуникацијата со неа


Уставот на Северна Кореја сега ја дефинира Јужна Кореја како „непријателска држава“, според државните медиуми, што е прво спомнување на неодамна усвоените уставни измени, јавува денеска Би-би-си. Државниот весник „Родонг Синмун“ ги нарече уставните промени „неизбежна и легитимна мерка“, во време кога тензиите меѓу двете Кореи се на највисоката точка во последните години. Некои аналитичари […]

Северна Кореја тврди дека во армијата се пријавиле 1,4 милиона доброволци


Северна Кореја денеска соопшти дека околу 1,4 милиони млади луѓе се пријавиле да се приклучат или да се вратат во војската оваа недела, обвинувајќи ја Јужна Кореја за провокативен напад со беспилотно летало што „ја доведе тензијата до работ на војна“. „Младите, вклучително и студенти и претставници на младински организации кои потпишаа петиции за приклучување […]

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува на војната во Украина. Зеленски во обраќањето објавено на социјалните мрежи зборуваше за неговите активности. „Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме […]

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, се закани со нуклеарно оружје ако се нападне суверенитетот на земјата


Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун изјави дека земјата нема да се двоуми да прибегне кон сите расположливи напаѓачки сили, вклучително и нуклеарни, доколку непријателот се обиде да го загрози нејзиниот суверенитет, пренесе севернокорејската агенција КЦТА. Ким го критикуваше јужнокорејскиот претседател  Јун Сук-Јол за заканите упатени кон Северна Кореја, тврдејќи дека тие покажуваат кој ја […]

Северна Кореја пробно лансираше ракета со дијаметар од 240 милиметри


Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун присуствуваше на пробното лансирање ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи за лансирање, пренесоа севернокорејските државни медиуми. Како што се наведува, новите лансирни системи покажале „супериорна мобилност и прецизност“ за време на пробните лансирања, пренесуваат светските агенции. Претходно оваа недела, Ким присуствуваше на пробен лет на нова серија […]

Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето дронови произведени во Северна Кореја


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во текот на викендот надгледуваше тестирање на беспилотни летала развиени во земјата, објави севернокорејската агенција КЦНА. Севернокорејскиот водач го посети Институтот за беспилотни летала на севернокорејската академија за одбранбени науки и учествуваше во успешното тестирање на беспилотни летала кои идентификуваат и уништуваат одредени цели откако летаа по различни претходно поставени […]

Северна Кореја измината ноќ лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја


Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија. Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап. Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на […]

Северна Кореја им се закани на Американците со „нова светска војна“


Висок севернокорејски воен функционер ги критикуваше САД за испраќање воена помош за Украина, објави државната новинска агенција КЦНА. Пак Јонг Чон, еден од највисоките воени претставници на Северна Кореја, рече дека Русија има „право да одлучи за секаков вид одмазднички напад“, додавајќи дека Вашингтон „продолжува да ја турка Украина во прокси војна против Русија, што […]

Путин пристигна во Северна Кореја, прв пат по 24 години


 Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Северна Кореја откако изјави дека двете земји сакаат да воспостават блиска соработка за справување со американските санкции во услови на ескалација на конфронтациите со Вашингтон, јавија светските агенции, повикувајќи се на руски медиуми. Според агенциите, Путин на аеродромот во Пјонгјанг го пречекал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Путин, […]

Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре на југ


Северна Кореја испрати нов бран балони за ѓубре кон својот јужен сосед, при што сестрата на Ким Јонг Ун предупреди на дополнителни реакции доколку Југот продолжи со „психолошката војна“. Балоните претходно беа силно критикувани од Сеул како опасни и се одмазда од Северот за тоа што Јужна Кореја емитуваше антисеверна пропаганда преку звучници во пограничните […]

Почина главниот пропагандист на севернокорејскиот режим


Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. „Почина од старост и оштетување на органите, за што се лекуваше од 2022 година“, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-Би-Си. Ким Ки-нам беше водечки пропагандист на Северна Кореја со децении, служејќи му на владејачкото семејство долго време, каде што придонесе за […]

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад


Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“. Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“. Според Генералштабот на Јужна […]

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонско Море


Северна Кореја истрела недефинирана балистичка ракета, соопшти денеска јужнокорејската војска, пренесе ДПА. Северна Кореја ја лансираше ракетата кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирана од Генералштабот во Сеул . ДПА потсетува дека со резолуции на ОН на Северна Кореја и е забрането да лансира, па дури и да […]

Јапонскиот премиер сака средба со лидерот на Северна Кореја, тврди сестрата на Ким Џонг Ун


Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, денеска изјави дека јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изразил желба да се сретне со него. Ким посочи дека таквата средба не зависи само од волјата на Кишида и дека Јапонија ќе се смета за непријател „кога јасно ги крши суверените права на Демократска Народна Република […]

Армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја лансирала неколку крстосувачки ракети


Северна Кореја денеска лансираше неколку крстосувачки ракети, соопшти армијата на Јужна Кореја. Началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја соопшти дека неодреден број проектили се лансирани од западниот брег на Северна Кореја околу 11 часот (02:00 GMT), објави новинската агенција Јонхап. Тоа, како што се наведува, е четврто лансирање на крстосувачка ракета на Пјонгјанг досега […]

Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег


Северна Кореја денеска истрела „неколку“ крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска. Сеул „откри неколку крстаречки ракети лансирани во Западното Море (Жолто Море) околу 7:00 часот по локално време“, се вели во соопштението. Американските и јужнокорејските разузнавачки агенции „во моментов вршат детална анализа“ на лансирањето, додаваат истите извори. Официјалната новинска агенција […]

Северна Кореја лансираше повеќе крстосувачки ракети


Северна Кореја лансираше повеќе крстосувачки ракети од локација на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска. Не е прецизирано колку проектили се лансирани, но се наведува дека е зголемена будноста на јужнокорејската армија и следењето на севернокорејските воени активности, како и дека се анализираат најновите севернокорејски ракетни тестови во соработка со американската војска. Северна Кореја ја […]