Хрватските ракометари ги добија најубавите можни вести по поразот во финалето на Светското првенство


Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Дагур Сигурдсон потврди дека ќе остане на клупата и по освоеното сребро на Светското првенство кое заврши синоќа. Исландскиот стручњак за краток период успеа да го заживее хрватскиот ракомет. Сигурдсон со подмладен и прилично ослабен тим успеа да стигне до финалето на Светското првенство. Хрватска синоќа доживеа очекуван пораз од […]

Данска ја оправда улогата на фаворит и резервира билет за финалето, заврши бајката на Португалија


 Данската машинерија ја совлада волшебната Португалија, која во полуфиналето ја заврши својата неверојатна серија на Светското првенство во ракомет. Тие беа поразени од трикратните последователни светски шампиони со резултат 40:27 (20:16). Сепак тие ќе имаат можност да освојат медал во дуелот со Франција за бронзата. Иако напаѓачите на победничкиот тим беа извонредни, голема заслуга за […]

Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола


Реванш натпреварот од баражот за Светското ракометно првенство меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска ќе се одигра во Битола. Одлуката Битола да биде домаќин на претстојниот важен меѓународен наторевар и за пласман на светското првенство што ќе се одржи во Холандија и Германија е донесена на иницијатива и апликација до Ракометната федерација на Македонија, […]

Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале


Унгарската ракометна репрезентација во последното коло од втората фаза на натпреварувањето ги совлада избраниците на Катар со 29:23 (12:12), со што заедно со францускиот тим се пласираа во четвртфиналето. Овој епилог ја растажи Македонија, која сега треба да игра против Франција без императив, а таква е и ситуацијата со нашиот вечерашен противник, кој досега не […]

Холандија и Австрија ни го подотворија патот кон понатамошен пласман – одиграа нерешено


Ракометните репрезентации на Холандија и Австрија, попладнево одиграа нерешено (37:37), со што на црвено-жолтите им го подарија најдобриот исход, осносно остануваат во игра за место во четврт-финалето. Истовремено пласманот на четвртото место во групата веќе ни е загарантирано ако на преостанатите два меча се остварат реалните резултати. Холанѓаните играа брз стил, како и до сега, […]

Македонските ракометари вечер против Франција: Пресметки за како понатаму


Машката репрезентација на Македонија вечерва во Вараждин против големиот фаворит за медал Франција ќе го одигра последниот натпревар во втората фаза на СП 2025. По одличните игри и резулати на претходните пет средби, избраниците на Лазаров во последниот дуел од втората фаза влегуваат со теоретски шанси за пласман во големото мунијалско четврфинале. Но, играат натпревар […]

Митревски бранел со температура од 39,5 степени: „Морав да бидам на располагање…“


Ракометарите на Македонија и Австрија одиграа нерешено 29:29 во првиот натпревар од групата 2 од втората фаза на Светското првенство. Тоа беше тесен натпревар во кој ниту една од селекциите немаше предност поголема од три гола. Австријците на полувремето водеа со 14:13, додека избраниците на Кирил Лазаров поведоа во 40. минута. Австрија во последните минути […]

Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025


Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025. По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик. Со евентуална победа […]

Македонија поразена од Холандија во вториот натпревар од СП во ракомет


Ракометната репрезентација на Македонија попладнево загуби од Холандија со 37-32 (18-15) во вториот натпревар одигран на Светското првенство во салата во Вараждин. Еден од клучните показатели за поразот се 14 изгубени топки на македонските ракометари, кои се премногу кога играме со противник од таква класа како Холанѓаните. Откако заминавме со три негатива на полувреме, во […]

Данска, Италија, Франција и Австрија се пласираа во главната фаза на Светското првенство во ракомет


Бранителот на титулата Данска се пласираше во главната фаза на Светското првенство во ракомет за мажи. Данците, кои се стремат кон четврта последователна титула, победија со 32:21 (17:7) против Тунис во Хернинг во второто коло во групата Б на шампионатот и го заземаа првото место со 4 бода. Матијас Гидсел постигна 9 гола за тимот […]

Лазаров: Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа


Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по ремито против Унгарија (27-27) на стартот од Светското првенство изјави дека тимот треба да биде задоволен со освоениот бод против екипа која заврши на петтото место на последното првенство. -Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа. Се виде неискуството на нашите играчи по тајм-аутот, направивме техничка […]

Македонија со реми го почна Светското во ракомет


Македонија со нерешен резултат 27-27 против селекцијата на Унгарија, го стартуваше Светското првенство 2025 кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Вечерва во Вараждин се одигра возбудлив, борбен и крајно неизвесен натпревар во кој двете селекции се менуваа во водството, и двете репрезентации силно ја посакуваа победата. Лош почеток имаше македонската репрезентација, па Унгарците […]

Ракометниот Мундијал, сепак, со директен пренос на МРТ


МРТ ќе ги емитува натпреварите на македонската репрезентација на претстојниот Мундијал во Хрватска, Данска и Норвешка. Оваа информација денеска ја пренесе порталот 24ракомет, што е одлична вест за сите љубители на ракометот. Натпреварите на Мкаедонија, но и други одбрани од првенството ќе бидат достапни со коментар на македонски јазик. Мундијалот почнува на 14 јануари, а […]

Мукаетов посакува најмалку три победи на Светското, Лазаров најавува уште поголеми успеси


Ракометната репрезентација на Македонија на 15 јануари го почнува настапот на Светското првенство, нашата група ја играме во Вараждин, а во неа сме со Унгарија, Холандија и Гвинеја. За да ја поминеме првата фаза потребна ни е една победа, да бидеме меѓу првите три во групата, потоа ќе одиграме уште три меча во втората фаза. […]

Ракометарите на „Алкалоид“ ќе играат со италијански „Бриксен“ во осминафиналето на Европскиот куп


Ракометниот клуб „Алкалоид“ денеска го доби противникот за осмина финалето на Европскиот куп. Избраниците на Кире Лазаров ќе играат со италијански „Бриксен“, а овој ривал дава надеж за позитивен резултат и пласман во следната фаза. Италијанците ќе бидат домаќини на првиот натпревар против македонскиот претставник, а дуелите ќе се играат на 15/16, односно 22/23 февруари.

Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп


 Ракометарите на Алкалоид изборија пласман во осминафиналето на Европскиот куп, откако по втор пат за само 48 часа го совладаа тимот на Вест Виена. Скопските „фармацевти“ вечерва во салата „Автокоманда“ забележаа победа со 32:29. Најефикасни во македонскиот состав беа Мартин Серафимов  и Александар Петковски со по седум погодоци. На голот Марко Кизиќ забележа седум одбрани, […]

Алкалоид со убедлива победа против Вест Виена


Ракометарите на Алкалоид забележаа победа во првиот меч против Вест Виена со 38-27 (20-14) во дуел од шеснаестинафиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Освен на почетокот, кога гостите поведоа со 2-0, натпреварот беше во знакот на ракометарите на Кирил Лазаров, кои на полувремето заминаа со плус шест гола, а до крајот стигнаа и до двоцифрена […]

Естонија прв противник на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026


Македонската ракометна репрезентација денес ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2026 година. Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Естонија. Селекторот Кирил Лазаров ја прифаќа фаворитската улога.  -Пред нас се натпревари со Естонија и со Литванија. Не бегаме од фаворитската улога, но исто така и ги респектираме противниците. Секој нов почеток е тежок, […]

Прва победа на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони


 Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го совлада вечерва данскиот противник Фредериција на гостински терен со 25-23 и со тоа ја забележа првата победа во Лигата на шампиони во последните две сезони. До премиерниот триумф Еурофарм Пелистер го предводеше голманот Никола Митревски со 15 одбрани, а најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Филип Кузмановски со […]

Европски куп: Алкалоид убедлив против Драгунас Клаипеда


Ракометниот клуб Алкалоид го победи литвански Драгунас Клаипеда со 42-31 (18-12) во првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот куп. На тој начин ракометарите предводени од Кире Лазаров имаат одлична предност пред реваншот во Литванија. Гостинот имаше сили само до средината на првото полувреме кога се играше изедначено, а потоа домашниот тим ги презеде […]