Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки


И во новата сезона, едно од имињата кое ќе биде задолжено за сигурноста меѓу стативите на голот на РК Алкалоид е македонскиот репрезентативец Иван Галевски.  Подготовките со клубот во Маврово течат во полн ритам, а очекувањата од сезоната и на личен и на тимски план секогаш се највисоки, согласно со амбициите на клубот. – Повторно […]

Нови ракометни правила: Топката се намалува и се забранува лепакот?


Во ракометот секоја година се појавуваат предлози за промени на правилата, но ретко која од нив носи конкретен напредок. Стигнуваат значајни промени во ракометот – Меѓународната ракометна федерација (IHF) најави нови правила што ќе важат за сите машки и женски категории, на сите нивоа на натпреварување. Меѓу најважните новини се намалувањето на обемот на топката […]

Македонија со две екипи во Лига Европа во ракомет, Вардар и Алкалоид


 Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави екипите кои ќе играат во новата сезона во Лигата Европа. Македонија во второто по ранг натпреварување на ЕХФ ќе ја претставуваат Вардар и Алкалоид.  „Црвено-црните“ ќе играат директно во групите, заедно со уште 19 екипи, а Алкалоид како победник на Европскиот куп доби „вајлд карта“ за настап во Лига […]

Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид


Ракометната федерација на Македонија денеска со жрепка ги извлече натпреарувачките броеви за сезона 2025/26. Новата сезона во македонски клупски ракомет ќе стартува на 6 и 7 септември. Воведното коло ќе донесе дерби пресметка меѓу Алкалоид и Охрид. Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Бутел, Струга ќе го пречека Вардар 1961, а преостанатите двојки се Прилеп […]

Грчки медиуми: АЕК се соочува со опасноста да биде исклучен од Европа


„Официјално: АЕК службено го губи натпреварот со Алкалоид, а со тоа и европската титула“; „АЕК службено изгуби од Алкалоид-сериозна опасност да биде исклучен од Европа“; „АЕК на хартија го загуби финалето во ЕХФ Европскиот куп од Алкалоид“; се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на ЕХФ, според која Алкалоид е победник на […]

Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето во ЛШ меѓу Барселона и Магдебург


Најдобрите ракометни судии во светот и овој Ф4 во Лигата на Шампионите во Келн не може да помине. Како што веќе објави ЕХФ, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата во полуфиналето во “Ланксес Арената“ меѓу Барселона и Магдебург. Ова е уште еден доказ што значат во светот на ракометот двајцата македонски ракометни […]

Купот на Македонија во ракомет ќе стартува со големо дерби – одредени полуфиналните двојки


Годинешното издание на завршниот турнир од Купот на Македонија во ракомет ќе стартува со големото дерби меѓу Вардар и Алкалоид,  натпревар кој ја отвора полуфиналната програма во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Првата полуфинална пресметка ќе се игра на 31 мај со почеток од 17:00 часот, додека вториот полуфинален натпревар, во кој ќе се сретнат […]

Галевски и Петковски по синоќешната победа на Алкалоид во Атина: Бевме психички, физички и тактички подготвени


Високото ниво на психичката, но и физичката и тактичката подготвеност на РК Алкалоид во синоќешниот прв натпревар од Европскиот куп против АЕК во Атина, го истакнаа крилото Александар Петковски и голманот Иван Галевски, јави дописничката на МИА од Атина. Алкалоид славеше со 25-29 на гостински терен и за помалку од една седмица ќе го игра […]

Македонските ракометари во група со Данска на Европското првенство 2026


Македонската машка ракометна репрезентација ги дозна своите противници на Европското првенство, кое следната година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска. На ждрепката одржана вечерва во данскиот град Хернинг, македонските ракометари беа сместени во групата Б, во која ќе играат против кодомаќинот Данска, Португалија и Романија. Титулата ја брани Франција, која ја победи Данска […]

Еве кого може да добие Македонија во групата на ЕП во ракомет


Откако македонската ракометна репрезентација се квалификуваше за Европското првенство следната година, сега е познато и како се рангирани националните селекции во една од четирите групи според рејтингот, врз основа на што ќе се одржи и ждрепката за шампионатот. Ракометарите ја очекуваат ждрепката за Европското првенство на 15 мај. Македонија е сместена во третата група според […]

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026 година


Познати се сите 24 репрезентации кои се квалификуваа за Европското првенство во ракомет. Квалификациите завршија во недела, преку кои 20 екипи го обезбедија своето место на финалниот настан, додека домаќините Данска, Норвешка и Шведска, како и бранителот на титулата Франција, се квалификуваа директно. Групите во ждрепката сè уште не се познати. Победниците од осумте квалификациски […]

Македонската ракометна репрезентација избори пласман на Европското првенство


Избраниците на Кире Лазаров вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје“ ја совладаа репрезентацијата на Литванија 26:17 (13:11) и изборија пласман на 17. Европско првенство што ќе се игра во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска. Литванците одлично го почнаа натпреварот и поведоа со 0:4. Македонија ја стабилизира играта и почна да ја […]

Лазаров го одреди составот за мечот со Естонија


Македонската ракометна репрезентација денеска и гостува на Естонија во претпоследниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2026 година. Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров го одреди составот за дуелот кој почнува од 18 часот, а на кој потребна ни е задолжителна победа доколку сакаме пласман на завршницата на континенталното натпреварување. На првиот натпревар во Скопје […]

АЕК ќе го пречека Алкалоид во олимписката сала „Сунел Арена“ во Атина во првиот меч од финалето на ЕХФ Европскиот куп


Во олимписката сала „Сунел Арена“ на 18 мај во Атина ќе се одигра првиот натпревар од ракометното финале на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид, а домаќините во текот на викендот одлучија која сала ќе ја користат, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчките спортски медиуми и во оние на АЕК во изминатиот […]

Стартува групната фаза во ракометниот Куп, хуманитарен викенд во Битола за помош на Кочани


 Со натпреварите во Групата 3 денеска почнува битката за пласман на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија. Две од вкупно четирите полуфинални групи овој ќе се играат во Битола, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани, во кој загинаа 61 лице. […]

Ракометарите на Алкалоид испишаа историја, изборија прво полуфинале во Европскиот куп


Ракометарите на Алкалоид вечерва испишаа историја со пласман во своето прво европско полуфинале.  Во салата Автокоманда во Скопје, домаќините забележаа победа против Баја Маре од Романија со 32:25 во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. По нерешените 31:31 во Романија, со вкупни 63:56 избраниците на тренерот Кире Лазаров се пласираа во полуфиналето на третото […]

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата


Ракометниот клуб Алкалоид со победа од 29:26 над ГРК Охрид го заврши регуларниот дел на Суперлигата и во плејофот пренесува два бода! Најдобар стрелец во екипата беше Мартин Серафимов со осум гола, пред Мартин Ивановски со шест гола. Следен натпревар за тимот е во Европскиот Куп на ЕХФ на 30 март, каде игра дуел за […]

Ристовски: Ќе се вложува во ракометот, но ќе се очекуваат резултати


 Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија. – Ова теза сум подготвен […]

Ѓорги Начевски: И јас сум критичар на странски играчи, но мора да сме реални, тие ни се неопходни


Еден од најдобрите ракометни судии во светот, Ѓорѓи Начевски, во своето излагање на тема странски или домашни играчи, на денешната панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“ рече дека странците се неопходни во македонската лига, но побара при нивното ангажирање да се води сметка за нивниот квалитет. – Јас сум голем критичар на странско, но треба да […]

Ѓоргоновски: Клубовите мора да поработат на доближување на ракометот кај децата


Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“, Горан Ѓоргоноски основач на проектот „Ракомет за секое дете“ зборуваше за промоцијата на ракометот, регрутирање и услови за создавање млади играчи. -Фактите покажуваат дека ракометот е спорт број 1 во Македонија. Но морам да кажам дека во […]