Меѓународниот ден на детето во Албанија одбележан и со протест


Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, денеска беше одбележан во Албанија со детска парада, но и со протести. Парадата, во која учествуваа ученици, беше одржана на главниот булевар во Тирана, во ист момент кога претставници на многу граѓански организациии за заштита на децата протестираа против начинот на кој се третираат и образуваат децата. Албанскиот […]

Со мали инциденти заврши протестот во Атина


Со мaли инциденти заврши прoтестoт вo рaмките нa генерaлниoт штрaјк вo Атинa. Членoви нa oргaнизaции и здруженијa штo не се дел oд двaтa нaјгoлеми грчки синдикaти се oбидoa дa стигнaт дo кaнцелaриите нa Федерaцијaтa нa претпријaтијa на Грција. Oбјектoт беше пoд силнo пoлицискo oбезбедувaње, a групaтa, претежнo млaди лицa, ја нaпaднaa пoлицијaтa кoјa oдгoвoри сo […]

(Фото) Дивите трговци протестираат, Шилегов не попушта


Веќе една недела дивите трговци на Бит-пaзар во знак на револт го блокираат сообраќајот на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ бидејќи Градот Скопје не им дозволува да продаваат. „Независен весник“ ги посети дивите продавачи кои се жалат дека се оставени без леб и дека не знаат како да преживеат. Тие исто така тврдат дека нема вистина […]

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Влада на 2 јуни


ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни во Скопје пред Владата ќе организира народен протест, најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет. „На седницата на Извршниот Комитет и  на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми што живот значат за граѓаните во Република […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе се пребројува во јуни, не во мај


Неделава е пребрзо, идната ќе има продолжен викенд од четири дена, па најавениот мајски протест ќе мора да биде префрлен во јуни. Недела попладне, трети јуни, пред седиштето на Владата би било најоптимално. Ова се последните размислувања во ВМРО-ДПМНЕ пред носењето конечна одлука: кога ќе ги повикаат на улица членството, симпатизерите, но и сите неутрални […]

Холандскиот газда на МГИ порача: Чекајте ги платите, тргнаа од Германија


Се испоразболевме работејќи од ноќ до ноќ. Ама му верувавме на директорот. Барем навреме да ни кажеше дека ја затвора фирмата, а не да нѐ матка со месеци. Сега ни на лекар не можеме да отидеме, се пожалија дел од 130. работници на текстилната компанија „Македонија гермент индустри“ (МГИ). По повеќегодишна работа, газдата им се […]

Протест во Подгорица поради нападот врз новинарката Оливера Лакиќ


Повеќе од стотина НВО активисти, новинари и граѓани се собраа денеска пред Владата на Црна Гора во знак на протест поради вооружениот напад врз новинарката на „Вјести“ Оливера Лакиќ. Нападот се случи  синоќа, пред влезот на зградата во која живее новинарката Лакиќ, на истото место каде пред шест години беше претепана. Извршниот директор на „Вјести“ […]

Жителите на Карпош в петок на протест поради спорните детални урбанистички планови


Жителите на Општина Карпош најавуваат протест за 4 мај пред Уставен суд со цел итно решавање на предметите за спорните детални урбанистички планови. Од иницијативата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ бараат Уставниот суд да ги стави на дневен ред четирите спорни детални урбанистички планови од Општина Карпош кои се доставени до Судот во […]

(Фото) Протест за одбрана на името


Повеќе патриотски здруженија вечерва излегоа пред Собранието на Р.Македонија за да го искажат својот револт против промена на името на државата и донесувањето на законот за јазиците. „Дојдовме заедно за да бидеме дел од живиот штит преку кој не ќе смее да помине и нема да помине никакво преименување, никакво прекрстување, никакво обезличување. Зашто преименувањето води […]

Протест во Ѓорче Петров за прегазеното дете


Ден по несреќата на улицата „Борис Сарафов“, граѓаните на Ѓорче Петров повторно излегоа на улица за да протестират. Тие бараат од надлежните институции итно да го решат проблемот со улицата, во спротивно велат дека секој ден ќе ја блокираат улицата и ќе станат порадикални. Инаку по синоќешниот инцидент во кој беше прегазено 10-годишно дете, жителите излегоа […]

Протест во Охрид против промена на името


Група граѓани од Охрид денеска на Градскиот плоштад го одржаа третиот протест организиран од Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“. Тие на тој начин изразуваат противење на злоупотребата на државните институции од страна на власта, а на штета на македонскиот народ и држава. Нивните барањата се повлекување, како што велат, на насилно донесениот Закон за јазици, […]

Продолжува протестот на производителите на зелка во Муртино


Протестот на производителите на пролетна зелка поради намалување на откупната цена со блокирање на еден откупен пункт во селото Муртино продолжува и вечерва. Незадоволните производители со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт денеска напладне, бидејќи само тој ја откупува пролетна зелка за 25 денари за килограм. Производителите бараат откупната цена да изнесува 30 денари […]

Маршеви за ограничена употреба на оружјето во САД


Неколку стотици илјади Американци се собраа денеска на протест во Вашингтон барајќи построга контрола на употребата на оружје во САД, а слични собири се одржаа и во Њујорк, Лос Анѓелес и стотици други американски градови. Според организаторите, митингот под мотото „Марш за нашите животи“, може да стане решавачки во донесувањето на закони за засилена контрола на употребата […]

(ФОТО) Протест против законот за употреба на јазиците


Пред Владата на РМ денеска се одржа протест против законот за употреба на јазиците, што македонското Собрание го донесе на 14-ти март. Присутните граѓани се собраа да го искажат својот револт против овој закон и му порачаа на претседателот Иванов да не го потпишува указот, за, како што рекоа, да не се воведе „двојазичност во […]

(ВИДЕО) Протест пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска


Пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска во Прилеп вечерва се собра група граѓани која протестира, нарекувајќи ја предавник, објави Нетпрес. Собраните граѓаните извикуваат „Кети предавник“, како и „Нејќам три, нејќам два, еден јазик сакам ја“. Во Виница вчера беше опожарен автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, само неколку часа откако во […]

Продолжува протестот пред Собранието


Пред Собранието на Република Македонија се уште трае протестот против донесувањето на законот за употреба на јазиците. Протестот тече мирно и без инциденти. Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите. Улицата пред Собранието е затворена за сообраќај. Во исто време во законодавниот дом се одржува 32. собраниска седница, […]

(ВИДЕО/ФОТО) Македонските новинари на протест: Ако не замолчат нас, ќе дојдат и по вас!


Новинарската фела во земјава денеска излезе на протести пред седиштето на Владата во центарот на Скопје за да му даде подршка на претседалот на ЗНМ, Насер Селмани, но и да изрази незадоволство од пасивноста на институциите да реагираат по навредите и заканите по живот на функционерот на ДУИ, Бекир Асани и неговиот брат Бејтула. Новинарите […]

Новинарите напладне ќе протестираат пред Влада


Во организација на Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) денеска напладне пред Владата на Република ќе се одржи протест на новинарите. Како што се наведува во соопштението од ССНМ, од Владата ќе биде побарано на дело да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е […]

Новинарите утре на протест: Против заканите на Бекир Асани и поддршка за Насер Селмани


Македонските новинари утре во 11 часот ќе се соберат пред Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) од кадешто ќе се упатат на протест пред Владата. Ваквиот потег произлегува по упатените заканите од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. „Од Владата ќе побараме на дело да покаже дека се […]

Синдикатот на затворската полиција протестираше за подобри права


Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска организираше протестен марш во Скопје преку кој беше побарано подобрување на правата на затворската полиција и администрацијата во затворите, преку зголемување на вредноста на бодот и нови вработувања. Маршот почна пред зградата на МРТ и продолжи покрај Владата и Министерството за финансии. За надминување на проблемите, како што беше […]