Втор ден протест на такси возачите на Бит Пазар


Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар. Таксистите најавија дека денеска ќе ја блокираат крстосницата се до 16:30 часот доколку не се оствари средба или не добијат некаков одговор […]

Моторџиите не сакаат да плаќаат паркинг


Моторџиите излегоа на мирен протест пред бараките на Градското собрание, незадоволни од најавата на градоначалникот Петре Шилегов дека ќе наплаќа за  паркирањето на мотоцикли. Нагласија дека за нив е неприфатлива таквата давачка , бидејќи таква пракса нема ниту во еден европски град. „Честопати се случува непознати луѓе да се качуваат на моторите, да направат штета, […]

Мирен протест против Договорот за името пред Собранието


Група граѓани и вечерва мирно протестираа пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за решавање на спорот со името. Учесниците на протестот повикаа на одбрана на уставното име и истакнаа дека Договорот е против македонските државни интереси. Договорот е штетен и спротивен на Уставот и затоа треба да биде отфрлен, а најавениот референдум треба да […]

Протест против Договорот за името во центарот на Скопје


Помала група граѓани и вечерва одржа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името. Учесниците на протестот ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси. Тие повторија и дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран.

Протест во Солун против договорот со Македонија


Со мали инциденти, пред канцелариите на Независни Грци, заврши вчерашниот протест во Солун, против договорот меѓу Македонија и Грција, јавија локалните медиуми. Преку социјалните мрежи, група под името „Обединети Македонци“ го организираше протест и ги повика граѓаните да учествуваат без партиски обележја, само со грчките знамиња. Протестот започна од Белата кула во центарот на Солун, […]

Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје поради протест на „Млади за Македонија“


Сообраќајот од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“. Според Министерството за внатрешни работи, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница […]

Протест против Договорот за името во центарот на Скопје


Помала група граѓани и вечерва одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името. Тие ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси. Повторија дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран. Ана Бобинкова Мијаковска […]

Утре ќе биде блокиран сообраќајот пред Собранието поради најавениот протест


Сообраќајот утре од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните […]

Протести против промена на името пред Собранието и резиденцијата на Иванов


Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името и вечерва се одржа протест пред Собрание на Република Македонија. Демонстрантите потоа се упатија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, за да му дадат поддршка. – Нема компромис. Едно име имаме. Македонија, извикуваа демонстрантите пред резиденцијата на Иванов. Тие го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да […]

Епилог од вчерашниот протест: 10 полицајци повредени, 26 лица приведени


Министерството за внатрешни работи соопшти дека на вчерашниот протест повредени се 10 полицајци, а седум други лица побарале лекарска помош. Полицијата привела 26 лица за време на протестот. „Дел од демонстрантите, од кои голем број маскирани, насилно ја турнаа заштитната ограда и почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата […]

Пред Собранието утринава е мирно, сообраќајот е нормализиран


Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести во кои беа повредени седум полицајци и беа приведени 25 демонстранти. Барикадите се остранети, а сообраќајот по улиците околу собраниската зграда се одвива нормално. Забележливо е помало полициско присуство. МВР по синоќешните настани соопшти дека дел од демонстрантите на вчерашниот јавен протест во Скопје, употребија распрскувачки […]

Протест пред Собранието против Договорот со Грција


Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи. На собраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон. Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факли кон полицискиот кордон. Тие […]

Мицкоски: И по цена на живот нема да го прифатам договорот


Додека македонската и грчката делегација, како и високите претставници на Европската унија и на Обединетите нации, ручаа во Отешево по потпишувањето на договорот за името во Псарадес (Нивици), ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Битола. Во присуство на илјадници граѓани, најголемата опозициска партија повтори дека нема да гласа за уставните измени со кои се менува името на државата […]

Протестот во Битола почнува во 13.30 часот, ќе зборува Мицкоски


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција. Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, […]

Протест во Скопје против договорот за менување на името


Поголем број граѓани вечерва пред македонското Собрание протестираа против договорот со Грција и против промена на уставното име на Македонија. Собранието беше под засилено полициско обезбедување, а сообраќајот е пренасочен по околните улици. Дел од протестантите се со знамиња со сонцето од Вергина. Тие предупредија дека Македонија ќе гори, а извикуваа и „бесилка бесилка“, како […]

„Комитите“ повикуваат на протест за одбрана на името пред Собранието


Навивачката група „Комити“ повикува денес на протест пред македонското Собрание бидејќи, како што велат, државата е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат ги сменат идентитетот, нацијата, јазикот, историјата. „Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од […]

Нов протест за „Македонија“ во Атина на 8 јули


„Илјадници граѓани низ цела Грција порачаа дека Македонија е грчка“, „24 градови, еден глас“, „Илјадници граѓани на улици, протестираа за Македонија“, „Македонија е грчка извикаа илјадници граѓани во над 20 градови“, „Мирно и масовно завршија протестите за Македонија“, „24 градови во ритамот на протестите за скопското прашање“, се дел од насловите во грчките медиуми за […]

МНР предупредува да не се патува во грчките градови во кои денеска се протестира


Министерството за надворешни работи упати предупредување до македонските државјани кои утре планираат да патуваат во Грција да ги избегнуваат местата на одржување на најавените протести за „грчкиот карактер на Македонија“ во 14 поголеми градови во северниот дел од државата заради потенцијална можност од нивна ескалација. – Се информираат граѓаните на Република Македонија кои утре, 6 […]

Мицкоски му дава една година на Заев


„Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и да го плашат народот. Ова е негова земја. Одличен и моќен народен собир. Честитки до сите“, напиша поранешниот премиер Никола Груевски по завчерашниот протест на опозицијата пред седиштето на Владата во Скопје. Екслидерот […]

Затворен за сообраќај просторот пред Влада поради протестот на опозицијата


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради најавениот политички митинг со почеток од 20 часот што ќе се одржи на просторот пред објектот на Владата на Р.Македонија на бул. “Илинден“ овој потег на сообраќајницата веќе е затворен за сообраќај од страна на сообраќајната полиција. Исто така, од 20 часот за сообраќај ќе се […]