Земјоделците на нов протест за „ајварката“. Мицкоски повикан на „екскурзија до Струмица“


  БИТОЛА – Цената на пиперката „ајварка“ повторно падна на 25 денари за килограм, иако по протестите беше договорено таа да изнесува 30 денари. Оваа ситуација од терен ги револтира струмичките земјоделци, па организаторите на протестите „Месно здружение млади Муртино“ за утре најавија нов протест во 11 часот во Струмица пред зградата на МЗШВ. Тие […]

Превозниците се организираат – идниот понеделник два часа ќе протестираат пред седиштето на ЕУ


Македонските превозници идниот понеделник, наз 31 овој месец два часа ќе ја блокираат крстосницата пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје како знак на револт поради сѐ уште нерешиот статус и ограничувањата при нивниот престој во земјите на Шенген зоната. Ваков протест ќе има и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соопштија […]

(Видео) Струмица блокирана од земјоделците, дојдоа со нивните деца – бараат реални откупни цени за пиперката „ајварка“


СТРУМИЦА- Струмица и денеска е блокирана од големиот протест на земјоделците производители на пиперката – куртовска капија, кои дојдоа со нивните деца. Голем е револтот кај производителите од ниската откупна цена на пиперката за само 25 денари од килограм. И денеска земјоделци од Струмичко со земјоделска механизација се собраа во центарот на градот да го […]

Производителите на „ајварка“ бараат државата да застане зад нив, министерот порачува пазарот ја одредува откупната цена


Земјоделци од Струмица, производители на пиперка – куртовска капија и денеска протестираа незадоволни од откупната цена на пиперката. Над стотина земјоделци се собраа кај крстосницата за селото Робово, на патот од село Дабиле и село Босилово, возилата поминуваа. Дел од земјоделците беа дојдени со земјоделска механизација, трактори и товарни возила. На протестот имаше поголемо присуство […]

Протест на струмичките земјоделци – мизерна е цената од 25 денари за пиперката ајварка


Големо незадоволство изразија земјоделците од Струмичкиот регион поради ниската откупна цена на црвената пиперка – ајварка. За производителите е неприфатлива цената од 25 денари за килограм пиперка, сума која не ги покрива производствените трошоци, а не пак трудот на земјоделецот. Најавуваат блокади на патиштата. Производителите на пипер денеска се собраа на протест во струмичкото село […]

Србија на +38: Вучиќ поставува шатори и носи знаме од 500 метри, студентите на улици


Србија, со температури околу 38 степени, исто така очекува жежок политички викенд поради два најавени собири – поддржувачите на политиките на претседателот Александар Вучиќ денес ќе се соберат во Белград, а студентското движење ги повика граѓаните на голем протест во Краљево утре, на кој повторно ќе бидат побарани предвремени избори. Центарот на Белград блокиран Поради […]

Во Тирана илјадници луѓе протестираа против пректот на зетот на Трамп, најмасовно досега


Најголеми досега беа синоќешните протести што се одржаа во Тирана против изградбата на луксузно одморалиште на јадранскиот брег во јужна Албанија, планирано од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Ова беше11-ти протест по ред, траеше повеќе од четири часа, со учество и на Албанци надвор од Албанија, што доби сенационален карактер. Демонстрантите носеа […]

Во Албанија врие. Големи протести против Рама за луксузниот ресорт на зетот на Трамп


  Протестите во Албанија поради предложеното луксузно одморалиште поддржано од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се очекува да се интензивираат откако противниците ја отфрлија понудата од премиерот на земјата „да разговараат за решенија“. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тирана трет ден по ред во средата, некои од нив мавтајќи со надувувачки фламинга во […]

Запрен железничкиот сообраќај во Србија пред студентските протести. Нема објаснување


Како што се наведува на веб-страницата на компанијата „Србија Воз“, од 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ го прекина целиот железнички сообраќај на железничката мрежа на Република Србија до понатамошно известување. „Србија Воз а.д. ги информира корисниците на услугите дека на 23 мај 2026 година во 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ а.д. го прекина […]

Работнички собири ширум Германија против реформите во здравството и пензискиот систем


 Работниците ширум Германија денеска излегоа на улиците на традиционалните првомајски демонстрации за одбележување на Меѓународниот ден на трудот, додека синдикатите се собраа против планираните кратења на здравствената заштита и социјалните придонеси. – Ако нè нападнат, ќе се браниме – рече Јасмин Фахими, претседателка на Германската конфедерација на синдикати (DGB), на главниот првомајски собир во Нирнберг. […]

(Галерија+видео) Работниците на протест зад паролата „За плата се бориме – не се молиме“


Зад паролата „За плата се бориме – не се молиме“, денеска во 11 часот, на 1 Мај, Денот на трудот, застанаа илјадници работници, кои маршираат од Синдикалниот дом до Владата. Во фокус на нивните барања е зголемување на минималната плата на 600 евра, што според ССМ е неопходен минимум за достоинствен живот. Претседателот на ССМ, […]

СОНК нема да учествува на работничкиот протест на 1 Мај, го одбрале патот на преговори


Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1 Мај – Денот на трудот. Вели дека протестот го организира друг сојуз и дека го одбрале патот на социјален дијалог и преговори и дека резултатите ги постигнуваат на маса. […]

Огромен протест во Прага против владата на Бабиш. Се собраа 250.000 луѓе


  Десетици и десетици илјади Чеси се приклучија на најголемите антивладини демонстрации од 2019 година во саботата, протестирајќи против намалувањата на буџетот за одбрана одобрени од премиерот Андреј Бабиш и стравувањата дека неговата влада ќе ги таргетира државните медиуми, објави Ројтерс. Демонстрантите почнаа да пристигнуваат неколку часа пред почетокот на протестниот марш на Летна, која […]

Нови протести во Сараево поради трамвајската несреќа, демонстрантите разочарани од малиот број присутни


Во 12 часот започна нов собир на граѓани пред Националниот музеј во Сараево по повод трамвајската несреќа што се случи пред повеќе од еден месец, пренесува Klix.ba. Овој собир е десетти по ред од несреќата, а пред Националниот музеј има неколку десетици луѓе, претежно постари лица. Масовноста на протестите варираше во претходните денови, од околу […]

Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме! (видео)


Протестот на работниците денеска започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата. Барање се исти -минималната плата да се зголеми на 600 евра и линеарно зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари. Според податоците на Управата за јавни приходи, на кои се повикува синдикатот, околу 160.000 […]

Протест на ССМ за зголемување на минималната плата на 600 евра


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Протестот, според најавата од ССМ, ќе започне во 12:05 часот пред Работничкиот дом. Рутата на движење ќе тргне од зградата на […]

Трендафилов пред утрешниот протест: Време е работниците да излезат на улица за повисока минимална плата


Утре е денот кога работниците повторно зборуваат. Колку ќе не слушнат зависи од нашата бројност. Ние ја имаме моќта на бројноста, тие ја имаат моќта на политиката, другите ја имаат моќта на парите, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов потсетувајќи ги работниците дека „вредноста на синдикалната минимална кошничка во овие […]

Прагот на сиромаштија е 31.200 денари – 154.000 земаат пониска плата: ССМ повикува на протест на 14 март


Трендафилов посочува дека прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а една третина од работниците во Македонија живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни. „Борбата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина […]

„Правда за Росица“, „Правда за Ивана“ – силни пораки и барања за оставки на Осмомартовскиот марш во Скопје


  Повеќе илјади луѓе денеска учествуваа на традиционалниот Осмомартовски марш во Скопје за да го изразат силниот револт поради зголеменото насилзтво врз жените и млакиот одговор на институциите. Маршот, кој беше организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија, почна точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата […]

Нови протести пред УЈП во Куманово, три месеци чекаат одговор за оданочувањето на приходите од Авганистан и Ирак


Кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан, денеска повторно протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи, уште еднаш потенцирајќи дека бараат правда, еднаква за сите. Неодамна формираа и граѓанското здружение „Правда за сите“, формирано како реакција за, како што велат, неправедните даночни решенија за оние кои работеле во странство во американски компании во базите […]