Грците се подготвуваат за нов протест


Протест пред грчкиот Парламент и 48-часовен генерален штрајк планираат да одржат организаторите на демонстрациите за „одбрана на името Македонија“ во Грција, во случај евентуалниот договор да биде доставен за пратениците да дадат зелено светло. Еден од организаторите, Отон Јаковидис, како што јави дописникот на МИА од Атина, за грчката телевизија Скај ги откри плановите во […]

Протестот во Скопје проследен и во грчките медиуми


„Ние сме Македонија: нов протест во Скопје“, „Не за контакти со Атина, рекоа илјадници демонстранти во Скопје“, „ПЈРМ: Собир во Скопје против промена на името на земјата“, „Нов протест за името Македонија“, „Голем протест во Скопје против промена на името“, „Голем протест во Скопје со слоганот: Ние сме Македонци“, се само дел од насловите во […]

(Во живо) Протест за одбрана на името на плоштадот „Македонија“


На плоштадот „Македонија“ во Скопје почна протестот за одбрана на државното име, кој е во организација на движењето „Нашето име е наше право“. На собирот ќе биде изразено незадоволство од, како што велат од движењето, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ. Собирот се одржува во ист ден заедно со протестите на Македонци […]

(ВИДЕО) Македонските иселеници запалија слика од Зоран Заев


Македонските иселеници во Австралија на денешниот протест против менување на уставното име запалија фотографија од премиерот Зоран Заев. Демонстрантите облечени во патриотска облека и македонски обележја ја запалија сликата, а видеото кружи по социјалните мрежи. Слични вакви собири денеска се одржуваат и во Нов Зеланд, Холандија, Англија, Италија, Чешка, Словенија и Малта.

Македонците на протест во САД: Ние сме Македонија


На собири под мотото „Ние сме Македонија“ македонските иселеници во САД и во неколку други земји денес и утре протестираат против промена на уставното име на Македонија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. На собирот во центарот на Вашингтон денеска неколку организации и групи од Њу Џерси, Масачусетс,Њујорк и Вашингтон од македонската Влада побараа прекин […]

Повреден полицаец на вчерашниот протестот за одбрана на името


Полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје вчера бил повреден со камен од лице кое присуствувало на протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа. Кај едно лице биле пронајдени молотови коктели, а запалени биле и знамињата на Грција и Албанија. Како што соопштија од МВР, за време на вчерашниот […]

Неколку илјади граѓани протестираа за одбрана на уставното име на Македонија


Неколку илјади граѓани протестираа вечерва од Мисијата на ЕУ во Скопје, па се до Собранието за одбрана на уставното име на Македонија и за прекин на преговорите за името со Грција. „Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на името, ја охрабруваме опозицијата да ги одбрани името и идентитетот […]

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат да им се исплатат две плати


Вработените во прилепската наменска фабрика и загубар „Еурокомпозит“ денеска ги продолжија протестите низ улиците на Прилеп со барање да им се исплатат две плати за да почнат да работат, воедно, и да го прифатат предложеното од вицепремиерот Кочо Анѓушев дека ќе чекаат шест месеци конечно да се реши ситуацијата во компанијата и да се најде […]

Како една гротескна фотомонтажа предизвика недоразбирања кај македонските медиуми


Страшните грчки летоци, кои на прв поглед содржат говор на омраза, дискриминација и потпалуваат тензии, испаднаа мајтап, кој користи намерно изнасилени слогани и цртежи за да привлече внимание и испрати порака. Проблем настана кога медиумите во земјава не проверија за точно станува збор, а од друга страна, пак, ни авторите на постерите не размислија дали […]

Протестот за „одбрана на Македонија“ главна тема во грчките медиуми


Говорот на Микис Теодоракис, колку граѓани излегоа на протестот и политичките реакции се темите што преовладуваат во грчките медиуми по протестот во Атина. Во денешните изданија на весниците исто како и пред протестот, очигледна е поделеноста во Грција. Провладиниот печат излегува со еден, опозицискиот и објективниот печат со друг коментар, јавува дописникот на МИА од […]

Влада: Достоинствено да се решат отворените прашања со Грција


Владата на Република Македонија е посветена на градење доверба со Владата на Република Грција,  со јасна цел достоинствено да се решат отворените прашања на двете соседни европски земји, велат од македонската Влада во врска со вчерашниот протест во Атина. – Веруваме дека и во Грција и во Македонија мнозинството граѓани сакаат добрососедство кое води кон […]

(ВИДЕО) Протестот во Атина станува помасовен од очекуваното


Ниту еден протест за антикризните мерки што речиси сите влади ги гласаа во Грција, а носеа кратења на плати и пензии, ниту еден протест во рамки на генералните штрајкови, ниту еден собир за финансиските проблеми на земјата, од почетокот на кризата и воведувањето на меморандумите од 2010 до денес, јавува дописникот на МИА од Атина, […]

(Во живо) Протест во Атина: „Македонија е грчка“


Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро-станици денеска на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент ќе се одржи долго најавуваниот протест. „Солун кажа, на ред е Атина да извика: Македонија е една и грчка“, порачаа организаторите на протестот во видеоповикот, објавен на социјалните мрежи, а уште од завчера започнаа со подготовките на Синтагма. Според […]

Во Атина протести и контрапротести за „Македонија“


Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро станици утре на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, јавува дописникот на МИА од Атина, ќе се одржи долго најавуваниот протест. Сите погледи во Грција се вперени кон собирот. Грците, според најавите масовно „ќе го бранат името Македонија“. Од сите краишта на земјата, организирани со автобуси, бесплатно […]

Протест и контрапротести во Атина в недела, на 4 фавруари


Солун кажа, сега е редот на Атина да викне: Македонија е една и е грчка, порачуваат организаторите на протестот закажан за в недела, во официјалниот видео спот објавен на социјалните мрежи. Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на атинскиот централен плоштад, пред грчкиот парламент. „Гркинки и Грци, Македонци и Македонки, сите во Атина в […]

„Тврдокорните“ му порачаа на Нимиц да си поднесе оставка


Стотина членови на неколку граѓански здруженија и нивни поддржувачи вечерва на протест пред Собранието на Република Македонија побараа оставка од медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, кој денеска пристигна во Скопје и утре ќе има средби со државниот врв. Учесниците во протестот побара од Нимиц да се повлече од, како што […]

Протест против законот за јазици пред Собрание


Повеќе граѓани организирани од патриотски здруженија денеска излегоа на протест пред Собранието, против како што велат, воведувањето на двојазичност и подредност на македонскиот јазик што е закана за унитарниот карактер на Република Македонија. Протестот е организиран преку социјалните мрежи и нема поддршка од ниту една политичка партија. Според организаторите протестот е продолжување и дел од […]

Албанија: Рама стравува од закажаниот протест на опозицијата во Тирана


Сојузниците на опозицијата во Албанија денес се собраа во седиштето на Демократската партија за да решат одредени прашања за утрешниот протест. Љуљзим Баша, претседателот на ДП ги повика граѓаните да излезат на улиците, а со цел обединување на Албанците, тој истакна дека ќе присуствува на протестот заедно со неговото семејство. Според него, на овој начин […]

Градоначалникот на Атина не го поддржува најавениот протест


Распишување референдум во Грција за прашањето за името би било катастрофална грешка, изјави градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис. Смета дека решението за спорот со Скопје треба да биде сеопфатно, а не фокусирано само на името. Најавениот протест во Атина не го поддржува, но ќе даде дозвола за негово одржување. Во изјава за грчкото радио „Тема […]

Коѕијас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме


Блиску сме до одредени прашања за решение, а разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме, смета шефот на грчката дипломатија и вели дека е потребно дополнително да се разработат одредени прашања за да се зборува за конкретен временски рок за решение. Говорејќи пред грчките новинари во Брисел, по Советот за надворешни прашања […]