Во мирување протестот на вработените во Пошта, почнати преговори


Нема да се одржи протестот што го најавија за утре напладне синдикалните организации од АД Пошта на Северна Македонија. Одлуката за протестот е ставена времено во мирување поради почнати преговори за сидникалното барање за линеарно покачување на платите на вработените, информираа денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати. Синдикалните претставници вчера одржале состанок со Управниот одбор […]

(Видео) Протест во Скопје за поддршка на Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“. Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот почна кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14 часот. Претседателот на здружението на […]

Протестен марш против војната во Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска ќе организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.  Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот ќе започне кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот. 

Руски здруженија го повикуваат Путин да ја запре инвазијата на Украина


Голем број противници на војната од Русија го повикуваат претседателот Владимир Путин да ја запре инвазијата на Украина.   „Ние, руските лекари, медицински сестри и болничари, силно се спротивставуваме на нападот на руската војска на украинска територија“, се вели во петицијата потпишана од повеќе од 300 луѓе.   Десетици руски хуманитарни организации испратија отворено писмо […]

Синдикатите на полицијата и Армијата со протест пред Владата побараа усогласување на платите со минималната


Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ. Тие најавија дека доколку не […]

И синовите на убиениот битолчанец бараат слобода и правда за нивниот дедо


  БИТОЛА – И двајцата синови на убиениот Стојанче Соколов денеска беа со стотиците битолчани и бараат правда и слобода за нивниот дедо Тони Ѓорѓиевски – Фердо (62) кој завчера во одбрана на своето семејство го уби зетот од ќерка. Тони Ѓорѓиевски од вчера е во притвор откако ОЈО го сомничи за убиство со умисла […]

Протестираа кандидатите за директори на основни и средни училишта


Педесетина кандидати за директори на основни и средни училишта денеска протестираа пред Државниот испитен центар, затоа што доцнат обуките и испитните процедури. Тие се пожалија дека платиле пред шест месеци, но сè уште не биле повикани на обука, па најавуваат дека ќе се жалаат кај Народниот правобранител и меѓународната заедница. „Директорката смета дека треба да […]

Протестот на матичните лекари заврши, работни групи ќе го решаваат проблемот


  Денешниот протест на матичните лекари заврши откако на средбата на нивните претставници со здравствените власти е договорено да се формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство. Ова е резултат од денешниот состанок помеѓу заменик-министерот за здравство, Владимир Рендевски, […]

Матичните не примаат пациенти, попладне средба со заменик-министерот


Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест. -Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку „Мој термин“, а пациентите кои не сакаат […]

Кочанчани ќе штрајкуваат пред фабриката „Пејпер мил“ поради загадувањето


Од денеска, од 16 до 18 часот, ќе се одржуваат протести пред влезот во фабриката за хартија „Пејпер Мил“ во Кочани. Ана Симонова, еко-активист од овој град, вели дека очекува масовност на протестот кој не е партиски туку организиран од група граѓани на Кочани со цел за почист воздух и здрава животна средина. – Време […]

Самохраните родители излегоа на улица, бараат права и поголемо разбирање од институциите


Праведни институции, дефинирање на статусот самохраност, финансиска поддршка како и бесплатна партиципација во високото образование за децата на самохраните родители, се само дел од барањата на самохраните родители кои денеска под мотото „Темата за самохраните родители не смее да биде табу тема“, излегоа на улиците на Скопјхе за да го изразат своето незадоволство од државните […]

Демонстрантите не отстапуваат, и натаму блокиран сообраќајот меѓу САД и Канада


И синоќа продолжија судирите меѓу канадската полиција и демонстрантите, кои го блокираа клучниот мост кон САД, и тоа повеќе од седум часа откако властите во воведоа вонредна состојба и одлучија да ја прекинат блокадата на овој важен трговски коридор. Демонстрантите против строгите владини ограничувања наметнати од пандемијата, го зазедоа и пет дена го држат под […]

Протестен марш за случајот ,,Алфа” и починатиот Реџаил Ќерими


Во спомен на починатиот Реџаил Ќерими, осуден на доживотна казна затвор за случајот „Алфа”, денеска од плоштадот Скендербег до канцеларијата на Европската Унија во Скопје, се одржа протестен марш од роднините на починатиот и група граѓани. Учесниците на протестот побараа правда за овој случајот, бидејќи сметаат дека Ќерими починал во мистериозни околности. Јетула Ќерими, брат […]

Синдикатите на протест побараа 18.000 минимална плата, на 10 февруари ќе излезат пред Собранието


Претставници и членови на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата. Според нив, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека […]

ССМ утре ќе блокира улици за повисок минималец


Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија како највисоки тела на синдикатот утре од 13:30 до 14:30 часот ќе ја блокираат улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата. Претседателот на ССМ Дарко Димовски вели дека за нив […]

Против носење маски во училиштата, Струмица протестираше со караван


Членови на здруженијата „Слобода и правда’’ од Струмица и „Од нас за нас’’ од Скопје денеска со автомобили организираа протестен караван по улици во струмица барајки учениците во второто полугодие за време на наставата да не носат заштитни маски. Според нив како што кажаа претседателките на двете здруженија маските се штетни по здравјето на децата […]

Мирен протест кај „Сити Мол“ каде пред 10 дена беше згазена Викторија од Радовиш


Во Скопје се одржа мирен протест на раскрсницата кај Сити Мол каде пред 10 дена животот го загуби 24 – годишната Викторија Николова. Таа беше прегазена на пешачки премин на самата раскрсница, преминувајќи го булеварот Партизански Одреди. Протестот се одржа во знак на револт кон сообраќајното насилство и на Николова, како и на преостанатите кои […]

Стотици граѓани на протест во Подгорица


 Стотици граѓани се собраа на вечерашниот митинг во Подгорица, во знак на протест против иницијативата за гласање недоверба на актуелната Влада и можното формирање малцинска влада, јави агенцијата МИНА. Демонстрантите откако се собраа кај храмот „Христово Воскресение“, стигнаа до зградата на Собранието, а при протестната прошетка беше истакната паролата – „Гласовите се украдени за владата […]

Илјадници протестираат во Брисел против ограничувањата воведени поради пандемијата


Илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците во центарот на Брисел за да искажат незадоволство од засилените ограничувачки мерки против ковид, воведени од белгиската влада за да се спротивстави на скокот на инфекции и појавата на новата, загрижувачка варијанта омикрон. Голем број полицајци во пресрет на демонстрациите беа организирани на улиците, откако претходните два протести беа […]

Синдикатот бара достоинствена живеачка за работниците, недела неработен ден, поголема минимална плата…


Достоинствен живот за работниците, што подразбира неделата да биде неработен ден онака како што се согласија социјалните партнери и како што е предвидено во законското решение кое се уште не е изгласано во Собранието, но и поголема минимална плата и исплаќање регрес за годишен одмор за сите вработени, побраа денес на протест од Сојузот на […]