Протест на вработените од Управата за матични книги


Вработени од Управата за водење на матични книги денеска протестираат пред зградата на „Нова Македонија“ каде се наоѓа седиштето на Управата. Блокирана е крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“. Претседателот на Синдикатот Тони Милошески во изјава за МИА вели дека ќе протестираат до 17 часот затоа што вработените се револтирани по најавите дека ќе им […]

Шаќири: Отворен сум за дијалог и соработка со синдикатот за високо образование


 Како што имавме социјален дијалог за основно и за средно образование, отворен сум за соработка и ја очекувам со репрезентативниот синдикат за високото образование, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со протестот кој за утре е најавен од професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои бараат потпишување на Колективниот договор […]

Од утринава повторно протести во Ереван, опозицијата бара оставка од Пашинијан


Утринава околу 8 часот по локално време на улиците на Ереван повторно излегоа колони опозициските активисти, упатувајќи се кон зградите на парламентот и претседателската канцеларија, јавуваат руските  медиуми. Опозициската колона е придружена од автомобили со музика од разглас, но и од полицијата која обезбедува коридор за демонстрантите. Демонстрантите повторно бараат оставка од ерменскиот премиер Никола […]

ВМРО-ДПМНЕ вели „Премногу е“ и најави граѓански протест за 18 јуни


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека на 18 јуни, пет дена пред клучниот самит на лидерите на ЕУ за време на француското претседателство, ќе одржи голем граѓански протест на кој ќе се побраат предвремени парламентарни избори. А во исто време ќе ја продолжи  и активната блокада на Собранието. Тоа вечерва го изјави потпретседателот на партијата, […]

Родителите утре излегуваат на протест-игралиштето во „Киро Глигоров“ да остане на учениците


Родителите на учениците во основното училиште „Киро Глигоров“, во скопски Капиштец утре најавија протест против, како што велат комерцијалното отуѓување на игралиштето. -При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема […]

(Во живо) Првомајски синдикален протест


  Сојузот на синдикати на Македонија денеска го одбележуваМеѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата. Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата. Протестот  почна во 12:30 часот пред зградата на ССМ по […]

Првомајски синдикален протест, се бара зголемување на платите


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата. Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата. Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на […]

Пролонгиран протестот на судии најавен за 28 април


Предупредувачкиот протест, најавен за 28 април од страна на Здружениот на судии на РСМ, се пролонгира од причина што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто, информираат […]

КСС од утре на протест за усогласување на платите


Од вторник секој ден на протести излегуваат неколку грански синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, кои неисполнетите барања ги доставија до Владата. Како што информираше претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес – конференција пред неколку дена решението е едноставно – зголемување на бодот согласно членот 88 од Законот за административни службеници, од […]

Шаќири: Со СОНК ќе продолжиме да преговараме, но образовниот процес што побрзо да продолжи


На седница на Влада денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе информира за состојбата во образованието и заклучоците ќе бидат пратени до Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и соопштени во  јавноста. Тој повторно ги повика наставниците да ја разгледаат одлуката за прекин на наставата, да ја имаат предвид понудата за покачување […]

По Велигден протестираат гранските синдикати на КСС


Дел од гранските синдикати при КСС, на одлучија дека доколку до 26 април до 12 часот Владата не се одзива на нивните барања, ќе излезат на улица. Имено, најавуваат секојдневен протест од 16 до 17 часот од Собранието до зградата на Владата. – Денеска повторно дел од гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати, Синдикатото […]

Протест на семејството и блиските на загината Викторија Николова против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол”


Членови на семејството на Викторија Николова, младата девојка која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, денеска организраа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години. Дел од овој протест беа и пријатели и другари на загинатата Викторија, […]

ССМ на 1 Мај ќе протестира пред Собранието и Владата за линеарно зголемување на платите од најмалку 2.806 денари


Протестот што го организира Сојузот на синдикати на Македонија на 1 Мај ќе започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Од ССМ бараат линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во […]

Судиите најавуваат протест на 28 април ако не бидат усвоени измените на Законот за плати на судиите


Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат Управен одбор на ЗСРСМ. Овој е заклучено на последната […]

Сали: Овој ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање


Министерот за здравство Беким Сали во врска со протестот на матичните лекари, најавен за денеска, истакна дека се во постојан контакт со сите здруженија вклучени во протестот, кој смета дека е легитимен, меѓутоа не е навремен. – Сите тие претставници на здруженијата знаат дека ние интензивно работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена […]

Протест на матичните лекари пред Министерството за здравство


 На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари најавија мирен протест пред Министерството за здравство од каде ќе ги изнесат нивните барања. – Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука да на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот, е наведено на […]

Април месец на штрајкови – протестираат медицинарите, судовите, образованието и Пошта


По растот на минималната плата со субвенционирање од државата, со свои барања се активираа и вработените од голем број други сектори. Бараат повисока плата, односно скалест раст на платите во земјава, откако работниците наместо 15.000 денари, од овој месец, ќе земаат минималец од 18.000 денари. Здравство Утре, штрајк најавија медицинарите, вработени во примарното здравство. Приватните […]

Предупредувачки протест на КСС за усогласување на платите со минималната плата


Членови на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) попладнево излегоа на предупредувачки протест пред Собранието и Владата, при што искажаа незадоволство што досега не се усогласени платите со минималната плата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека со овој предупредувачки протест повторно му даваат шанса на социјалниот дијалог. Според Ралповски, решението е едноставно, Владата треба да […]

Прага: Илјадници Руси протестираа против Путин


Илјадници, претежно руски, демонстранти се собраа денеска во центарот на Прага за да протестираат против претседателот Владимир Путин, повикувајќи го да стави крај на војната во Украина. Околу 5.000 луѓе, според организаторот, скандираа „Русија без Путин“, „Слобода за Русија, мир за Украина“ и „Путин не е Русија“ додека маршираа низ историскиот центар на Прага. – […]

Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата


Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) и Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска на протест пред Владата побараа усогласување на платите во секторите образование и полиција со износот на минималната плата, согласно со колективните договори. Учесниците на протестот се собраа пред хотелот Вип од каде се упатија пред зградата на Владата. Од полицискиот […]