Работнички протест на Сојузот на синдикати на Македонија


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално […]

На улиците на Виена повеќе од 20.000 луѓе, нападнати и новинари


Повеќе илјади противници на епидемиолошките мерки и најавената задолжителна вакцинација против Ковид-19, протестираа во Виена, а како и порано демонстрациите беа одбележани со инциденти. Околу 20.000 луше, според полицијата, се собраа во центарот на Виена, на протест кој, како и претходните два пати, повика Слободарската партија на Австрија (FPO). По прв пат од одржувањето на […]

Во Виена повторно протести против анти-ковид мерките, има инциденти и апсења


Околу 44.000 луѓе излегоа на денешниот протест против сертификатите за вакцинација и воведените мерки против Ковид-19 во главниот град на Австрија. Само неколку минути откако започна протестот, десничарски екстремисти и насилни демонстранти направија инцидент, јавуваат австриските медиуми. Полицијата пријави напад врз минувачи и новинари. – Нападнат е новинар. Бил гаѓан со грутки снег и парчиња […]

Протест во Аеродром: Зависниците од дрога ќе добиваат терапија до градинки и училиште


Пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска се одржа мирен протест во знак на револт од одлуката на Министерството за здравство метадонска терапија на зависници да се дава во општината каде живеат. Учесниците на протестот истакнаа дека одлуката на ресорното Министерство е неприфатлива затоа што во близина на поликлиниката има градинки и училишта. Побараа […]

Протестите против Вучиќ продолжија и на дожд


И покрај дождот и невремето во Белград, неколку илјади граѓани и вечерва се собраа да протестираат против Александар Вучиќ и начинот на кој што ја практикува власта. На собирот говореа советничката на Демократската партија, Драгана Ракиќ и учителот Марко Радосавлјевиќ, кој бил приведен од полицијата по минатиот протест. „Се бориме за правда, независни медиуми и […]

Кисела Вода на нов протест: Уште колку деца треба да згазат на игла?


Граѓаните на скопската населба Кисела Вода утревечер повторно ќе излезат на протест со барање за дислокација на Центарот за зависности. Насекаде се залепени повици за масовност, со прашањето „уште колку деца треба да згазат на игла“ за да се удоволи на барањето?“. Жителите на Кисела Вода и пред половина година излегуваа на протести, при што […]

Ниту „бомби“ ниту меѓународна истрага за „Диво Насеље“


Ветувањата дека јавноста ќе дознае кој стои зад крвавата пресметка што се случи пред точно четири години во кумановската населба Диво Насеље и дека ќе има меѓународна истрага за овој случај, останаа само празни зборови на сегашните власти, кои пред неколку години беа во опозиција. Јавноста вчера се потсети на осумтемина полицајци кои загинаа во […]

Нов протест на албанската опозиција


Со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша и пеење на албанската национална химна пред партиското седиште, попладнево заврши денешниот седми по ред протест на обединетата албанска опозиција. Во својот говор пред насобраните приврзаници на опозицијата, Баша порача дека нема ниту избори со албанскиот премиер Еди Рама, ниту пакт со „балканскиот Мадуро“ и им […]

Спасителот стана осуденик: Демонстрант, а не Алими го спасил Села


Абдулфета Алими неколку дена по крвавиот упад во Собранието на 27 април беше еден од ретките херои кои јавноста го запозна како човекот кој го спаси пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој едвај остана жив од ударите на разгневената толпа. Сите новинари беа заинтересирани Алими да им раскаже пред камерата како го спасувал […]

Околу 50.000 Италијанци протестираа против мафијата


Околу 50.000 луѓе денеска протестираа против мафијата во Падова, на денот на сеќавање на жртвите на организираниот криминал во јужниот дел на Италија. Денот на сеќавање на невините жртви на мафијата се одбележува од 1996 година, а централното одбележување годинава се одржа во Падова. Мафијашките организации се еден од најголемите проблеми во животот во Италија. […]

Глобален протест против климатските промени


Шведска- Учениците од повеќе од 1000 градови во светот се очекува денеска да ја напуштат наставата како дел од глобалниот протест против климатските промени. Штрајкот на учениците се очекува да биде најголемиот протест организиран досега од студентското движење „Петоци за иднината” (#FridaysForFuture ). Само во Германија, организаторите очекуваат 140 протести – повеќе отколку во која […]

Скопје се приклучува в петок кон глобалниот климатски протест


Граѓанската организација Fridays for Future Skopje ќе се приклучи во петок на глобалното протестно движење за климата предводено од млади луѓе низ целиот свет. Во главниот град на државата ќе се протестира пред владата, со што и Скопје ќе влезе во мапата на  шеесетина градови од сите континенти кои ќе учествуваат на првиот светски климатски […]

Ердоган ги обвини учесничките на протестниот марш за непочитување на верата


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини женскиот марш во центарот на Истанбул за непочитување на исламот, бидејќи „учесничките на собирот гласно негодуваа на повикот за молитва“. Неколку илјади жени во петокот се собраа на марш по повод Меѓународниот ден на жената, но полицијата ги растера, користејќи солзавец. Ердоган на предизборен митинг денеска прикажа […]

Протест на хрватските новинари: „Ни ги украдовте медиумите, новинарството не го даваме“


Хрватските новинари протестираа денес во Загреб и од хрватската влада побараа да не се однесува неодговорно и да не учествува во уништувањето на новинарската професија. Протестот насловен „Ни ги украдовте медиумите, новинарството не го даваме“ го организираше Хрватското здружение на новинари (ХЗН). Според проценките, на протестот се собраа повеќе стотини новинари и луѓе кои дојдоа […]

Во Барселона протест против шпанскиот крал


Повеќе стотици луѓе синоќа протестираа во Барселона против посетата на шпанскиот крал Фелипе Шести на Каталонија каде беше домаќин на вечера за компании во областа на мобилната телефонија. Кралот изгуби на популарност во Каталонија кога на врвот на сецесионистичката криза сепаратистичките лидери ги нарече неодговорни и недемократски. Каталонските сепаратисти запалија фотографии на кралот и блокираа […]

Тридневни антивладини протести во Алжир


Трет ден по ред протестираат граѓаните на Алжир поради намерата на претседателот Абделазиз Бутефлика да добие петти мандат. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Демонстрантите од петокот бараат власта да се откаже од намерата 81-годишниот Бутефлика, кој ретко се појавува во јавност, да учествува на претседателски избори, што се закажани на 18 април. […]

Нов протест на „жолтите елеци“ во Париз


Илјадници лица денеска маршираа ширум Франција и Париз, а десетици се приведени за време на 15. последователен викенд протест на „жолтите елеци“ против политиката на Владата. Ширум земјата протестираа околу 11.600 демонстранти, додека во престолнината околу 4.000, соопшти Министерството за внатрешни работи. На социјалните мрежи беа упатени апели денешниот протест да мине во мирна атмосфера, […]

Рим: Протест на католиците против свештениците – педофили


Илјадници католици од Италија и странство денеска одржаа протестен марш во Рим против начинот на кој Ватикан го решава прашањето со свештениците педофили. Учесниците во протестот, меѓу кои и жртви на злоставување, носеа транспаренти на кои се осудува молчењето на Ватикан во однос на таа појава. Денешниот марш е одржан додека во тек е четиридневниот […]

Протест против аерозагадувањето во Скопје


Пред Собранието на Македонија денеска протест одржа иницијативата „Канцерогено општество“ со порака до властите да излезат со официјална стратегија и преземат конкретни мерки за почист воздух. На овој трет по ред протест активистите како главен загадувач во државата ја посочија индустријата и побараа од надлежните сите жешки еколошки точки, како РЕК Битола и Дрисла да […]

Ципрас до Макрон: Против договорот од Преспа протестираа само екстремисти


На маргините на Самитот на земјите од Југот, што се одржува во Никозија, а на кој учествуваат кипарскиот и францускиот претседател, премиерите на Грција, Италија, Малта и Португалија и министерот за надворешни работи на Шпанија. Алексис Ципрас, според видеото објавено од грчката телевизија Антена, во дијалогот со претседателите на Франција и Кипар, Макрон и Анастасиадис, […]