Три лица претепаа маж во неговата куќа во Скопје


Три лица синоќа нападнале маж во неговата куќа во Скопје, при што му нанеле повреди на телото, соопшти МВР. Инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот во куќата на 37-годишниот Д.С. на улица „Радишани“ во Скопје. Три лица со возило „Опел Вектра“, од кои едниот бил идентификуван како Д.Т. од Петровец со дрвени стапови ја оштетиле […]

Приведен Васе Доневски, ексдиректорот на СОЗР


Полицијата го привела Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија. Според неофицијални информации, Доневски е приведен од финансиска полиција и е на распит поради сомневања за злоупотреба на службена положба за времето додека бил директор на СОЗР. Од МВР нема засега официјална потврда за информацијата за приведување […]

Синдикатот на затворската полиција протестираше за подобри права


Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска организираше протестен марш во Скопје преку кој беше побарано подобрување на правата на затворската полиција и администрацијата во затворите, преку зголемување на вредноста на бодот и нови вработувања. Маршот почна пред зградата на МРТ и продолжи покрај Владата и Министерството за финансии. За надминување на проблемите, како што беше […]

Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош


Советникот во кабинетот на министерот за внатрешни работи доби кривична пријава и ќе се брани од слобода за „злоупотреба на службена положба и овластување“, но заради претпазливост привремено му е одземен пасошот и е обврзан да се јавува пред надлежен орган, одлучи судот. Советникот во МВР Д.С., кој беше приведен завчера во полициска станица, се […]

Маж и жена пронајдени мртви во домот во Прилеп


Итна медицинска помош вчера пријавила во полицијата дека во станот на двајца сопружници во Прилеп била пронајдена почината И.Н.(76) со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот сопруг М.Н. (81). „За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“ калибар 9 мм, кој со дозвола го […]

Американски државјанин нападнал полицаец во скопското Обвинителство


Полициски службеник бил физички нападнат вчера попладне од О.С.А. (54) од САД во холот на Основното јавно обвинителство – Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека американскиот државјанин го нападнал полицаецот по кратка вербална раправија. Напаѓачот е приведен од полицијата и задржан во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Бебе починало во болница со скршеница на череп


Од болницата „Аџибадем Систина“ вчера околу 19:30 часот во полиција било пријавено дека било донесено 14 – месечно женско бебе со скршеница на череп и крварење во мозокот. Како што е наведено во полицискиот билтен, бебето починало во 19:10 часот. Неофицијално, како што медиумите објавија, бебето паднало од втори кат од зграда, па повредено било […]

Моторџија загина на автопатот Демир Капија -Удово


Четириесет годишен моторџија од Кавадарци загина попладнево на автопатот Демир Капија – Удово, откако удрил во автомобил, изјави за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Околу 13:30 часот на автопатот Демир Капија – Удово мотор марка „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од четириесетгодишник од Кавадарци, удрил во патнички автомобил марка „фолксфаген голф“ со […]

Приведени две лица за случајот со избодениот малолетник на Рекорд


Полицијата ги идентификува тројцата учесници во инцидентот кои на 1 март на автобуската постојка Рекорд во центарот на Скопје му нанесоа убодна рана на З.Т.(17) од Скопје. Како што информира директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес-конференција, утрово се приведени две од трите лица кои се учесници во настанот, а во […]

Приведен водител кој навредувал полицајци


Египетскиот водител на ток-шоу Каири Рамадан уапсен е под обвинение дека ја навредувал полицијата и ширел лажни вести во неговата емисија. Египетските обвинители наредиле 24-часовен притвор за Рамадан, а ќе биде покрената и истрага за фактите што ги изнел во својата емисија. Според локалните медиуми, Рамадан објавил изјава на полицајка, која се жалела на малата […]

Сообраќајка кај Лозово: Се судрија „мерцедес“, „тојота“ и „цитроен“


На магистралниот пат Велес-Штип, кај Лозово, вчера околу девет часот дошло до судир помеѓу три возила, соопштија од МВР. Повреден е возачот на “цитроенот“, А.Г.(49) од Скопје. Според полицијата, „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.П. (46) од Штип  удрил во „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувана од С.Д. (27) од Скопје. После тоа […]

Момче падна од зграда во Скопје


Утрово во Скопје почина човек откако падна од зграда на ул. „Бојмиа“, во близина на Железничката станица. Станува збор за дваесет и двегодишниот Г.Д, роден 1996 година, пренесе МИА. Смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Најмалку 27 лица уапсени во заедничка операција на српската и шпанската полиција


Во заедничка акција на српската и шпанската полиција уапсени се 27 лица и запленети се над 75 килограми марихуана. Во Шпанија уапсени се 26 лица од кои 14 се државјани на Србија, потоа државјани на Црна Гора, на Босна и Херцеговина, на Хрватска, на Литванија и на Шведска. Додека во Србија приведено е едно лице. […]

Момче среде бел ден прободено со нож во центарот на Скопје


Момче е прободено со остар предмет во пределот на стомакот од страна на две лица на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје, соопшти МВР. Инцидентот се случил попладнево околу 12:40 часот, а во нападот е прободен З.Т., роден 2001. Со возило на итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски. Полицијата работи на […]

Пет сообраќајки во Скопје, едно лице тешко повредено


Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно пет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една со телесни повреди се здобил еден возач, а во три била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се […]

Полицијата трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“ и две малолетнички


Три лица лица меѓу кои 19-годишна штитеничка на Јавната установа „Ранка Милановиќ” во Гази Баба, и две малолетнички на возраст од 16 и 17 години од Чаир се оддалечиле во непознат правец, а случаите се пријавени во полиција. МВР информира дека случајот со штитеничката С.Р. (19) синоќа во Полициската станица Гази Баба го пријавил социјален […]

(ФОТО) Сообраќајка кај „Александар Палас“: Две лица повредени и пренесени во болница


Попладнево околу 14:10 часот се случи сообраќајна несреќа на булеварот „8ми септември“ во Скопје, меѓу две патнички возила. Според информациите на полицијата, две лица се повредени и пренесени на скопските клиники. Едниот е згрижен во „8ми септември“, а другиот повреден е пренесен на Ургентниот центар. Во незгодата учествуваа две возила „фиат добло“ со скопски регистерски […]

Охриѓанец објавувал компромитирачки фотографии од девојка на „Инстаграм“


Дваесет и девегодишен охриѓанец со иницијали К.В. објавувал на социјалната мрежа „Инстаграм“ компромитирачки материјали од негова сограѓанка. Како што информира СВР Охрид, К.В.(29) заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот од март до октомври 2017 година К.В. направил фотографии и видеа со компромитирачка содржина […]

Семејна тепачка во Битола, повредени се и тројца полицајци


Тројца членови на битолско семејство, Т.Т., Р.Т. и С.Т. синоќа биле лишени од слобода по физичка пресметка, додека 33- годишната М.Т. и тројца полицајци се пренесени во Клиничка болница Битола. МВР информира дека тројцата полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, преземале службени дејствија по пријава од лицето Т.Т. (59) дека неговата ќерка М.Т.(33) […]

Исчезната малолетничка од Струмица


На 14 овој месец, таткото со иницијали О.Д. пријавил во полициска станица дека неговата малолетна ќерка ичезнала. Девојчето има 14 години, а според нејзиниот татко таа се оддалечила во непознат правец. Во Сектор за внатрешни работи Струмица преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.